Контакт

Култура

Затворено десеттото издание на филмскиот фестивал Sее a Paris 2020

Објавено пред

Синоќа, со објавувањето на наградите, се заокружи десеттото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Paris 2020.

Фестивалот, кој веќе две години е под покровителство на Министетрството за култура на Република Франција, се отвори на 2 јуни. На отворањето и оваа година беа доделени традиционалите награди за животно остварување: SEE Legend 2020 на познатиот бугарски сценарист Ангел Вагенштајн и SEE Actress 2020 на косовската актерка Арта Доброши.

Наградата Europa Prima 2020 ѝ се додели на поранешната амбасадорка на Франција во Македонија, Лоранс Оер, а францускиот филмски автор Патрик Ротманн го доби престижното признание Frederic Rossif за особени остварувања во филмската документаристика.

За време на фестивалските денови, пред француската публика се презентира селекција од играни, кратки, документарни и анимирани филмови од 15 земји од регионот, која предизвика голем интерес. Жирито во состав: Макс Азуле, претседател, Фредрик Фапани, Роман Костовски, Ив Русле и Патриција Корбет, наградата за најдобар филм му ја додели на турскиот филм „Омар и ние“ (Omar and us), кој ги понесе и наградите за најдобро сценарио и најдобра машка улога (Чем Бендер).

Косовскиот филм „Студен ноември“ (Cold November) ги понесе наградите за најдобра женска улога (Адријана Матоши) и наградата на Salon du livre des Balknas. Наградата за најдобра режија му припадна на Милутин Дариќ – Дака за црногорскиот филм „Дофати го небото“, за најдобар документарен филм беше прогласен филмот на Невен Хитрец, „Натегање“, од Хрватска, најдобар анимиран филм „Природна селекција“ (Алета Раиќ) од Босна и Херцеговина, а најдобар краток филм „Бунари“ (Раду Запоројан) од Молдавија.

Наградата на специјаното жири „Париз-Дакар“ ја понесе словенечкиот документарен филм „Недопрено“ (Undamaged), а наградата на студенското жири на INALCO-Paris-Cite-Sorbonne му припадна на македонскиот филм „Втора шанса“ од Марија Џиџева.

Годинешното јубилејно десето издание на фестивалот, поради вонредната ситуацијата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, се одвиваше онлајн, благодарение на поддршката од фестивалската платформа Cinesquare.net и продукциската куќа Cutaway.

Култура

Онлајн филмска програма на Музејот на современата уметност – Скопје

Објавено пред

Музејот на современата уметност – Скопје од денеска, па сè до 23 јули, почнува со онлајн филмска програма „Што е филм? Попис 2.0“, во чии рамки ќе се споделат линкови до веќе слободни филмови, двапати неделно, и тоа секој четврток и понеделник. Изборот на филмови музејот ќе го поставува на своите профили на социјалните мрежи – Фејсбук, Инстаграм и на својата веб-страница.

„Што е филм? Попис 2.0“ е дел од програмата на филм и видео на МСУ-Скопје. Програмата е поддржана е од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Кураторка на програмата е Кумјана Новакова, а визуелниот идентитет и графички дизајн е на Илијана Петрушевска.

Идејата и мотивацијата за „Што е филм? Попис 2.0“ е знаењето, алатките и просторите, но и нематеријалната работа и работата во културата достапни на интернет 2.0 да се претворат во нови радикални, револуционерни, продуктивни простори и практики, над надуената идеја на „интернетот како простор на неограничена можност“.

Во таа насока кураторката Новакова вели:
„Дигиталните простори често некритички се претставуваат како простори на неограничени можности, нудејќи ‘know – how’ за сè и сешто – од медицински дијагнози и ботанички тајни, до новите теории за поврзаноста на 5Г, вакцинитe и коронавирусот. Тој виртуелен простор ветуваше постполитичка состојба: ослободен од агонија и борба; свет во кој владее економијата на изобилството наместо економијата на недостигот. Но, времето на физичката изолација не соочи со сите овие прашања и проблеми: што и како со неограничените можности за пристап до филмски и сродни уметнички содржини на интернет? Која е нашата улога, улогата на уметничките институции во таа „економија на изобилство“, која поставува и нови граници на исклучување и претставување за дигитално ограничените региони и луѓе? Со надеж дека ќе научиме повеќе околу можностите и ограничувањата на интернетот како простор на уметничкото, ја посветуваме нашата програмска серија Што е филм? за 2020 година на процесот на истражување на комплексниот однос на отворената и јавно достапна филмска уметност на мрежата со пошироките политички и социјални прашања. Ова воедно претставува и акт, гест, програма, но и предлог за естетско образование“.

Во практична смисла, двапати неделно ќе бидат емитувани филмови и сродни уметнички форми на различни теми, кои се отворени и достапни преку интернет ширум светот.
Денешна препорака на програмата е филмот „Јас не сум твојот црнец“ на Раул Пек од 2016 година, филм номиниран за Оскар во категоријата на документарен филм во 2017 година, посветен на борбата на црнците, со фокус на романописецот, драматург и есеист Џејмс Болдвин.

„Признавајќи го недостигот на знаење за комплексностите на црните животи, би сакале да ја отфрлиме идејата за борбата како статистика и да придонесеме во големата политичка промена, која ги претвори метричките податоци во нешто похумано, поживописно, повеќе лично“, велат од музејот.

Прикажи повеќе...

Култура

Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава ќе биде одбележан, но нема да се одржи на традиционален начин

Објавено пред

На последното собрание на ДФРМ, беше ре-избрана Гена Теодосиевска за директор на ИФФК “Браќа Манаки”, а мандатот според Статутот на ДФРМ важи за следните две изданија на фестивалот.

На самото собрание, едногласно се донесе одлука во врска со овогодинешното издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” дека истото нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, со оглед на фактот дека големи филмски фестивали од “А” категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата. Она за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да се зачува.

Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41.то издание на “Браќа Манаки”, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како и можноста за инволвираност на неговиот домаќин во “новото нормално”, градот Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Започнува со снимање првиот филм за време на ковид кризата „ТаЈа носеше црЛена шамија“

Објавено пред

По неколкумесечната стагнација која беше предизвикана поради Ковид-19, денеска во Хрватска започнува со снимање филмот „Таја носеше црлена шамија“ („Nosila je rubac črleni“), хрватско-македонска копродукција, во режија на Горан Дукиќ. Филмот е во продукција на Швенк од Хрватска, а македонски ко-продуцент е Вертиго Вижуал.

Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.

Што се однесува до снимањето филмови на тло на Македонија, Агенцијата за филм даде предлог Протокол за снимање филмови во услови на Ковид-19 до Комисијата за заразни болести, за кој се чека одобрување.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија3 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија4 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет5 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет5 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија6 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет6 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет6 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет7 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет18 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија24 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие