Контакт

Култура

„Звуците на Чаршијата“ 12. пат во Старата скопска чаршија

Објавено пред

Во старото градско јадро на Скопската чаршија на 7 и 8 септември (петок и сабота) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на Чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, Чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и духовен споменик на градот и да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

„Звуците на Чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација што годинава се одржува 12. пат и има цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје во Старата скопска чаршија.

Програмата на манифестацијата и годинава ќе биде богата, а ќе биде отворена на 7 септември (петок) во 18 часот со настанот „Книжарницата во Чаршијата“, во чии рамки е предвидена литературна среба со наслов „Тропам на вратата на писателот“.

Во 19 часот на платото пред Штуловиот универзитет со концерт на класична гитара ќе настапи „Дуо Бојкоски“, а во 20 часот е концертот на Емин Сали и на извонредниот вокал Доника Домазети, која со многу љубов и виртуозност изведува албанската староградска музика во латино, џез и свинг/ритам.

На плоштадот Скендербег во 21 часот концерт ќе одржат „Оксиџен бенд“, како и музичките уметници Линдита Хакај (мецосопран), Рина и Саранда, и Неџат и Ваљон Сума.

Манифестацијата продолжува следниот ден (8 септември) во 21 часот на плоштадот Скендербег со диџеј-сет на Гамблеманиа, а ќе настапат и Џурим Дема, Фатјон Мифтари и Ардиан Бакали, Албан Скендерај, Гето Геаси-Маршал Џангл.

Директорката на Културно-информативниот центар, Сермине Пурини, посочува дека фестивалот, кој е дестинација на квалитетна забава и ги почитува обичаите и духот на Старата скопска чаршија, е првиот чекор што Град Скопје го направи во 2006 година како иницијатива за заживување на Чаршијата. Изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на Чаршијата, пак, придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат граѓани од сите националности.

Изминативе години на „Звуците на Чаршијата“ учествуваа многу познати пејачи, уметници, танчари, аниматори, познати групи – македонски, албански, турски, ромски, во духот на идејата на манифестацијата – да биде мултикултурна. КИЦ Скопје, освен на реномирани уметници, им дава шанса и на дебитанти, кои токму тука, на ова место, на оваа манифестација, ја започнале својата кариера.

„Целта на проектот е презентација на различните традиционални уметности, традиции и култури во Македонија. Кусо кажано, ова е зближување и подобро запознавање меѓу етникумите во земјата, значи доближување до граѓаните преку културата“, најавуваат организаторите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Скопска промоција на поетската книга на Бранислав Николов од групата „Фолтин“

Објавено пред

Од

Во кафулето „Цреша“ денеска (21 септември) ќе се случи скопската промоција на книгата поезија „Креветизам и хоризонтала“ од Пијан Славеј, што е уметничко име на Бранислав Николов, фронтменот на групата „Фолтин“.

На промоцијата закажана со почеток од 19 часот настап ќе има и „Фолтин“, а примероците од збирката ќе бидат достапни по промотивна цена.

Настанот е поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“, а книгата „Креветизам и хоризонтала“ е финансиски поддржана од Драги Филевски, Де Ниро.

Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.

Прикажи повеќе...

Изложби

По 27 години, прва самостојна изложба на Перица Георгиев – Пепси во Македонија

Објавено пред

Од

Во рамките на манифестацијата „Демир Хисар, град на културата, 2018“, в недела, 23 септември, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Перица Георгиев – Пепси.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар, а публиката ќе има можност да ја види сè до 1 октомври.

Перица Георгиев – Пепси денес живее и работи во Република Бугарија, а оваа самостојна изложба му е прва по 27 години во Република Македонија.

На изложбата ќе бидат прикажани 20 слики од мал формат, без одредена тематска определба. Експресивни по употребата на боите и апстрактни по содржина, каде што предметното е сведено на асоцијативно препознавање. Некои од изложените дела личат на имагинарни пејзажи од галактичкиот простор, други на пејзажи произлезени од бајките насликани во виолетово и златно, во кои проблеснува нетварната светлина, а трети се движат кон чиста апстрактност. Главното обележје на сликите е нивната трансцедентална природа, кои отсликуваат трансцедентални состојби на свеста, кои уметникот за време на своите медитативни пракси интимно ги доживува и живее, а преку својата уметничка практика ги пренесува пред очите на гледачот, со што индиректно или директно му укажува за еден интимен свет што постои интимно во сите нас, а кој се спознава кога човек место да гледа нанадвор, треба само да се сврти навнатре кон самиот себе.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре на МОТ претстави од Словенија и Германија

Објавено пред

Од

По денешното отворање на Меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“, со филмската пародија „Блокбастер“ во Македонскиот народен театар фестивалот утре продолжува со две претстави во Младинскиот културен центар.т

Со почеток од 20 часот ќе се одигра претставата на Словенско младинско гледалишче „Идиоти“ во киното „Фросина“. Претставата настанува според сценариото на познатиот дански режисер Ларс фон Трир, а го поставува Нина Раиќ, една од најартикулираните театарски гласови на младата генерација, заедно со посветена група театарски работници. Се работи за богат театарски материјал, кој во исто време е и смешен и критичен, луд и промислен, лесен и возбудлив.

Втората претстава за вечерта, која ќе почне во 22 часот во Денсинг-салата е „Има уште“, во продукција на Кунстлерхаус Муузонтурм, Германија. Додека комбинацијата на термини звучи сè уште контрадикторно за повеќето, феминистичкото порно зазема сè поголем простор во изминатите децении. Наместо да ги прифати истите стари стереотипи и сцени, феминистичкото порно цели кон тоа да опише разни луѓе и задоволства. Како што е потврдено од страна на феминистичките работници во порноиндустријата, работата на феминистичкото порно вклучува етика на добри работни навики и услови, почит за изведувачите, стремеж да се портретираат сите изведувачи како имаат моќ во реализација на своите задоволства, како и непостоењето феминистичко претставување, без феминистички услови во продукција на филмовите.

Во склоп на придружната програма во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Сценографии 35“ на Крсте С. Џидров, кој е еден од најистакнатите македонски сценографи од поновата генерација. Оваа изложба е резиме – ретроспектива на 35- годишната сценографска кариера на авторот, а на која ќе бидат изложени деведесетина паноа со скици, цртежи и фотографии од претставите. Изложбата воедно претставува јубилејни 35 години од првата изложба на сценографии одржана 1985 година, заедно со Симе Узуновски во истата галерија во МКЦ во рамките на МОТ.

Во рамките на изложбата ќе бидат изложени и петнаесетина оригинални скици-цртежи изработени во комбинирана техника (туш, пастел, акварел).

По претставите, ќе следува диџеј-сет на Соња Исмаил во „МКЦ клуб ресторан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ9 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести13 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион14 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија17 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија19 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија19 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија21 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија21 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија21 час

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија21 час

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија21 час

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет23 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија2 дена

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 дена

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие