Контакт

Изложби

„Златната рипка и потомокот“ – изложба на Михаела Јовановска

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, денеска, од 18.30 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Златната рипка и потомокот“ на Михаела Јовановска.

Јовановска е вработена во НУ Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во разни медиуми, од кои најчеста е уметничката инсталација. Нејзините дела се изложувани во повеќе групни и четири самостојни изложби во Македонија и странство, вклучувајки ги „Мала станица“ – НУ НГМ во Скопје, Биенале на младите – МСУ во Скопје, MC Gallery во Њујорк, „Прима центар“ во Берлин, галеријата „Лауба“ во Загреб, „Миодраг Дадо Ѓуриќ“ во Цетиње и КИЦ во Софија.

Изложбата „Златната рипка и потомокот“, со која Михаела Јовановска ќе се претстави пред публиката во Софија, содржи дела создадени во комбинирана техника со користење акрил, принт врз пластична фолија, плексиглас, епоси-смола.

Настанот е дел од годишната програма на КИЦ на Република Македонија во Софија и е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Изложби

Изложба „Петре Арсовски, 50 години театар“ во МНТ

Објавено пред

Во фоајето на Македонски народен театар, на 18 декември, непосредно пред премиерата на претставата „Галеб“ закажана за во 20 часот, ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.

Изложбата „Петре Арсовски, 50 години театар“ е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Петре Арсовски. Преку фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ, целта е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и „жива легенда“ на македонскиот театар и филм.

Петре Арсовски дебитира во „Венецијански трговец“ како Првиот полицаец во 1968 година, моментално игра во „Разговори во четири очи“, ликот на Чичко Јакоб, а со ликот на Петар Николајевич Сорин во „Галеб“ на А.П. Чехов одбележува 50 години на оваа сцена. Преку остварените ликови на Арсовски на сцената на МНТ се испишува и еден дел на историјата на театарот во кои тој своите ликовите ги реализира на начини кои го вреднуваат на најпрепознатливо ниво.

„Со постојаноста на квалитетот на сцената, видлива и во експонатите, изложбата дава поглед на актерските реализаци на Арсовски преку кои тој е запаметен/се памети како актер кој се гради, а на сето изминато време му дава значаен белег. Во сите претстави, преку играта и умеењето да се фати во костец со секој лик, без разлика дали е голем или мал, тој плени со својата ненаметлива снага, одмереност, посветеност и умеење да се фати во костец со секој доверен нов лик“, се вели во најавата за изложбата.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на фотографии на жртви на родово насилство

Објавено пред

По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, ќе се одржи изложба на фотографии – ,,Викторија’’ во 20:00 часот, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ-центарот за поддршка Скопје, во соработка со шелтер-центарот ,,Сигурна куќа” и платформата за феминизам ,,Медуза”. Изложбата ќе биде поставена во кафе-бар ,,Синдикат’’, а следствено и на веб-страницата Медуза.мк – нова феминистичка платформа на македонски јазик.

Изложбата, која е дело на Христина Христова, се состои од 10 фотографии од жртви на родово базирано насилство и насилство поради сексуална ориентација и истите ќе бидат на продажба за време на настанот. Фотографиите се со придружна приказна напишана од страна на девојки и жени кои секојдневно се борат со искуството од кое нема криење.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

Објавено пред

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски со наслов Continuity, со која завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски за време на својот престој на Факултетот за визуелни уметности на Универзитетот „Лингнан“, предаваше разни техники на изработка на скулптура.

Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов Continuity го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата, покрај делата на Ефтимовски, беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој.

Александар Ефтимовски е автор што своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 града во светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број приватни колекции во Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија51 минута

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 час

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија2 часа

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа14 часа

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија17 часа

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа18 часа

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија18 часа

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија19 часа

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Македонија20 часа

(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад  на земјиштето во дворот на...

Крвав четврток20 часа

Пепиќ: Се колнам во своите чест и вера дека не го удрив Села

Покрај разговорите од одземените телефони на пратениците Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов на денешното рочиште за крвавиот четврток беше презентирана...

Крвав четврток20 часа

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

Во една од вибер-комуникациите помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, кои јавното обвинителство денеска...

Крвав четврток20 часа

Василевски пред 27 април: Подобро е во Собрание да одиме без вратоврски, да не ни пречат

На денешното рочиште за крвавиот четврток беа презентирани докази од дополнителната листа на обвинителството. Помеѓу доказите беше и вибер-комуникација помеѓу...

Регион21 час

Злосторство во Босна: Татко си ги заклал децата, по што се самоубил

Ужасна трагедија ги вознемири жителите на Босна и Херцеговина, откако медиумите објавија дека татко ги заклал своите три деца, по...

Крвав четврток21 час

(Видео) Снимателите денеска куртулија од дополнителни проверки поради снимање на обвинителките

Снимателите кои направија снимки од денешното рочиште за крвавиот четврток, за разлика од вчера, не беа изложени на дополнителни проверки...

Топ23 часа

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера, во 20:20 часот на улица 1 во...

Регион23 часа

Парламентот ги усвои законите – Косово доби војска

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово. Во Парламентот влегле...

Македонија1 ден

Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Се одложи рочиштето за смртта на Никола Саздовски – Саздо, поради оправдано отсуство на еден поротник. Имал смртен случај. На...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдени 15 килограми експлозив на автопатот Косовска Митровица – Приштина

Косовската полиција пронашла 15 килограми експлозив на Газиместан, пишува приштискиот весник „Коха“ повикувајќи се на портпаролот на полицијата во Пришина,...

Свет1 ден

Сенатот едногласен: Убиството на Кашоги го наредил принцот

Сенатот на САД едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц Мохамед бин Салман е посочен како одговорен за убиството...

Досие