Контакт

Култура

„Златна рамка“ доделена за најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник

Објавено пред

Вчеравечер во МКЦ во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија се одржа церемонијата за доделување на „Златна рамка“ – почесни награди за филмски автор, филмски актер и филмски работник на годината.

Наградата за филмски автор на годината е доделена на дизајнерот на звук – Игор Поповски,

наградата за филмски работник на годината е доделена на асистент костимограф/гардеробер – Ирена Јовчевска,

додека наградата за филмски актер на годината е доделена на Сара Климоска.

Култура

МОБ ќе прикажува балетски претстави и опери на „Јутуб“

Објавено пред

Почнувајќи од вторник, 7 април, со почеток во 20:00 часот, на официјалниот јутјуб-канал на Националната опера и балет ќе имате можност да ги погледнете вашите омилени оперски и балетски претстави.

Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност, додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност, информираат од МОБ.

„За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб-премиера која ќе ѝ овозможи на нашата публика од целиот свет да се вклучи во магијата на оперската и балетската музичка уметност. За оние коишто не се во можност да ја гледаат дигиталната премиера на нашите претстави во реално време, секоја емитувана претстава ќе биде достапна 24 часа по првичното емитување. Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза“, велат од Националната опера и балет.

Во април ќе бидат претставени балетската претстава „Лебедово Езеро” од П. И. Чајковски, потоа операта „Боеми“ од Џакомо Пучини на 10 април, светската дигитална премиера на балетската претстава „Клеопатра“ е закажана за 14 април, додека операта „Евгениј Онегин“ од П. И. Чајковски е на 17 април. Балетот „Дон Кихот“ е на 20 април, а на 24 април нашата публика ќе има можност да го гледа традиционалниот концерт по повод празникот Василица насловен „Disco fever”.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Танц-фест со симболично видео одбележа 30 години македонска современа танцова сцена

Објавено пред

Македонската современа танцова сцена годинава одбележува 30 години постоење.

Во чест на јубилејот и денешниот ден, на кој беше предвидено да започне 16. Танц-фест 2020, тимот на фестивалот го објави промотивното видео, кое, како што објаснуваат, е подготвено пред да настане кризата со коронавирусот.

„На овој начин, сакаме заеднички со публиката и сите наши долгогодишни поддржувачи, симболично да го одбележиме овој ден“, велат од организацијата на фестивалот од каде очекуваат на есен публиката да се врати во театрите за заедничко уживање на сите љубители на танцот.

Прикажи повеќе...

Култура

„Катавеј“ нуди 200 бесплатни филмови за македонската публика

Објавено пред

Дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје се приклучи во кампањата #СедиДома, овозможувајќи колекција од околу 200 бесплатни филмови онлајн преку сопствената домашна онлајн видеотека Cinesquare.

„Во време кога вратите на кината остануваат затворени во догледен период и препораките сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на коронавирусот, до крајот на месецот преку платформата Cinesquare нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници во 13 територии“, велат од дистрибутерската куќа преку допис до медиумите.

Само регистрација на cinesquare.net или на Андроид-апликацијата достапна на Google Play е доволно да се пристапи кон бесплатните содржини во оваа понуда.

Колекцијата, како што додаваат од „Катавеј“, е достапна како резултат на добрата соработка со голем број дистрибутери и продуценти за да одговори на потребите и очекувањата на публиката во овој тежок период и квалитетно да исполни дел од своето време дома преку содржини кои не се дел од каталогот на глобалните играчи, како и да придонесе против ширењето на вирусот.

Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија5 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија6 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија7 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет7 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија8 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија9 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија10 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија10 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија11 час

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија11 час

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија12 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет12 часа

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Регион12 часа

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во...

Македонија13 часа

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Топ15 часа

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија15 часа

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија15 часа

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ16 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа16 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Досие