Контакт

Изложби

„Зошто тигарот е розов, зошто мечето е зелено“ – изложба за деца во резиденцијата на Европската Унија

Објавено пред

Зошто тигарот е розов, зошто гуштерчињата се златни и како се направени да бидат такви, зошто мечето е зелено – ова беа дел од прашањата што петнаесетина дечиња од градинката „11 Октомври“ од скопската населба Бутел ги поставија при посетата на изложбата „Розеви тигри, златни гуштери и уште што не“ во резиденцијата на Европската Унија. Радосни и љубопитни, заедно со своите воспитувачки, имаа ретка можност да поминат неколку часа во дворот на резиденцијата на Европската Унија и да имаат несекојдневен ден, поразличен од вообичаеното.

dobivaj vesti na viber

Изложбата е инспирирана од начелата на Зелениот договор на Европската Унија, а во изминатите два месеца се реализираа четири дебати на темите што „Розеви тигри, златни гуштери и што уште не“ ги третира.

Дечињата имаа можност да се сретнат со евроамбасадорот Дејвид Гир, да научат повеќе за природата, за тоа како треба да ја чуваме нашата животна околина, беа и креативни и на работилница создадоа свои уметнички дела – печати од листови. Амбасадорот Гир, заедно со Пол Бускот, ги пречека и им посака да се чувствуваат како да се дома. И навистина, прекрасно уредениот двор на резиденцијата за брзо се исполни со безгрижен детски џагор. Кучето на амбасадорот – Нино беше ѕвезда на посетата. Децата трчаа со него и се фасцинираа од убавите тревници на резиденцијата, огромните борови дрвја, стариот керамички ќуп на влезот, како и кошницата со пчели која Бускот грижливо ја негува.

Низ „официјалниот“ дел на изложбата децата ги водеше Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која се погрижи за концептот на изложбата. Георгиевски им доближи на децата како се создадени делата и што значат, а тие поставуваа интересни прашања.

Со Мила Јовановска од здружението Go Green зборуваа за рециклирањето на хартијата, како се добива таа, колку е важно да користиме велосипед, а да се возиме помалку со автомобил. Дечињата беа многу љубопитни и отворено поставуваа прашања, а даваа и креативни одговори.
Работилницата за создавање печати со помош на лисја ја водеа уметниците Доротеј Нешовски и Ана Трајковска. Дечињата уживаа да си играат со боја и со природни материјали.

Според воспитувачката Елиса Хасиќ, која 25 години работи со деца во градинка, ваквите средби се
многу важни за нив. Тие ги поттикнуваат креативноста и сигурностa зашто се вреднува нивниот труд.
– Преку уметноста децата го изразуваат тоа што го чувствуваат и тоа што го размислуваат. Темата е многу значајна . Децата најмногу ја разбираат екологијата преку уметноста. Кога треба да нацртаат колку е загадена околината, тие користат темни бои, меѓутоа, кога треба да цртаат чиста природа, тие уживаат во плејада убави бои. Децата од мали нозе можат да научат како треба да се чува природата. Понекогаш ги упатуваат своите родители како треба да постапат. Задоволени се нивната љубопитност и желбата за изразување – вели Хасиќ.
Нејзината колешка Гзимe Кадриу смета дека децата најдобро учат кога нештото го гледаат, набљудуваат, допираат и кога работат и создаваат.
– Не можам да ви опишам колку беа возбудени дека ќе ја посетиме изложбата – сподели таа.
За спомен на денот на посетата, отпечатоци од рачињата на децата ќе останат на ѕидот во резиденцијата, каде што е поставена изложбата „Розеви тигри, златни гуштери и што уште не“. На испраќање, евроамбасадорот Дејвид Гир им се заблагодари што беа одлични гости и им порача на децата да ја чуваат својата животна околина.

Изложби

Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, дел од нив ќе му подарат на Музејот

Објавено пред

Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на нивниот престој од 1 до 14 јули, ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот Музеј, а некои од нив ќе му ги подарат на МСУ. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Нивниот колаборативен процес на работа, како отворено студио, ќе се одвива во еден од галериските простори на МСУ Скопје секој ден од 14 часот до после полноќ.

Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини од вторник до сабота, од 10 до 17 часот, и во недела од 10 до 13 часот. Оние посетители што ќе дојдат во Музејот во периодот меѓу 14 и 17 часот ќе имаат можност да посведочат на процесот на работа на Жмијевски и Алтхамер.

Уметничкиот тандем е меѓу најважните претставници на таканаречената критичка уметност – карактеристична струја на полската уметност, која се заснова на критичка обработка на актуелните теми од јавниот живот.

Во текот на овие две недели, колку што ќе креираат, уметниците ќе создадат 30-ина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони итн… Посетителите се добредојдени да донесат дел од овие материјали и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

На 14 јули ќе биде отворена нивната изложба со наслов „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.

Уште поголем куриозитет е што некои од создадените дела овие светски познати автори ќе му ги подарат на Музејот на современата уметност – Скопје и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција на Музејот.

Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција, во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност му го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела.

Минатата година Жмијевски првпат имаше голема самостојна изложба во МСУ Скопје. Ова претставување следуваше по неговото учество во рамките на меѓународната групна изложба „Сè што ни е заедничко“ во 2019 година во Музејот. Уште еден ексклузивитет е што ова ќе биде првото претставување на Павел Алтхамер во Скопје.

Артур Жмијевски (1966) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава, автор со богата уметничка кариера, кој е фокусиран на создавање инсталации, составени од фотографија, филм и видео.

Во своите дела тој го разоткрива светот на „другите“, кои често минуваат незабележани. Тој го снима нивното секојдневие покажувајќи како физичките и психичките ограничувања ги осудуваат овие луѓе да бидат маргинализирани во општеството. Преку експерименти со учество на избрани групи тој се обидува да разбере тешки искуства и табу-теми. Има изложувано на некои од најважните уметнички манифестации, како што се Венециското биенале и Документа во Касел, а бил и куратор на Берлинското биенале во 2012 година. Неговите дела се вклучени во колекциите на некои од најреномираните уметнички институции во светот, како, на пример, Музејот на модерната уметност во Њујорк, „Тејт модерн“ во Лондон, потоа „Новата пинакотека“ во Минхен…

Павел Алтхамер (1967) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава. Работи во разни медиуми, како скулптура, перформанс, инсталација, видео. Создава скулпторски автопортрети, се појавува во перформанси и видео настојувајќи да ја доживее материјалноста на телото и да ги дефинира сопствените ментални граници. Преку акции, во кои вклучува цели заедници, тој сака да создава општествени заедници соочувајќи се со луѓето преку уметноста. Тој го доведува во прашање значењето на монументалните споменици според обемот на неговите дела и случајноста на неговите материјали. Неговите дела повикуваат и на социјалната скулптура на Бојс и на наследството на „Отворената форма на Оскар Хансен“. Тој може да се опише и како уметник со афинитет за релациска естетика. Учествувал на најзначајните светски изложби, меѓу кои „Документа 10“ (1997), на Биеналето во Венеција (2003, 2013), Берлинското биенале (2012), Skulptur Projekte Münster (2017). Добитник е и на многубројни награди, како што е биеналната награда за современа уметност во Европа „Винсент ван Гог“ во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на графики, цртежи и колажи од Слободан Радојковиќ

Објавено пред

Културно-информативниот центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на графики, цртежи и колажи од академскиот графичар Слободан Радојковиќ (Србија).

dobivaj vesti na viber

На прв поглед станува збор за три наративи, циклуси, со кои Радојковиќ ѝ се претставува на ликовната публика. Но, тоа е привид зашто сите три циклуси („Лулиња и чешли“, „Колиби и дождови“, „Мрежи“), без оглед што се создавани во разни временски периоди, тие се тесно поврзани со потребата на Радојковиќ да ги надмине конечната форма и визуелната претстава притоа ослободувајќи се од стварноста и преминувајќи во состојба на оностраното – на нешто што е повеќе од слика по себе, што преминува во метафора, со која се напушта она што се гледа и она што е вообичаен тек на нештата.

Колибите и дождовите, мрежите, лулињата и чешлите се наметнуваат како прибежиште на човечкиот ум од хераклитовскиот тек на стварите, според кои моментите сместени во разни временски мигови не може да се доведат во врска.

Слободан Радојковиќ e роден 1967 во Ниш, Србија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 1992 година. Постипломски студии завршува на ФЛУ Белград, Србија, во 1996 година, а на истиот факултет докторира во 2016 година. Работи како професор по графика на ФЛУ Ниш, Србија. Од 1993 година е член на Здружението на ликовниte уметности на Србија – УЛУС. Има реализирано 25 самостојни изложби во Белград , Ниш, Пирот, Приштина, Прокупле, Кикинда, Смедеревска Паланка, Кралево, Крагуевац, Софија (Бугарија), Хјустон (САД), Бања Лука (БиХ), Николет (Канада), Котор (Црна Гора) Верчели, Вербанија, Карнаго (Италија) и Берн (Швајцарија). Од 1993 учествува на повеќе од 350 групни изложби во целиот свет. Некои од најпознатите излагања се во Белград, Ниш, Скопје, Солун, Токио, Харков, Софија, Пловдив, Буенос Аирес, Кочи, Мјанмар, Прага, Париз, Свонси, Александрија, Мексико Сити и др.

Прикажи повеќе...

Изложби

Вечерва отворање на изложбата „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ

Објавено пред

Вечерва во КСП Центар-Јадро во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ.

dobivaj vesti na viber

„Форми на повторно создавање“ е мултидисциплинарен настан кој наметнува перцептивни методи на организација при изработката на делото. Ја бара еластичноста во видеото како медиум и користи акции на повторување како повторени движења, повторени звуци, поделено пресликување, селективна поделба, селективно гледање и селективно слушање, за да го прошири разбирањето на субјектот од едно единствено тело во настан на формирање релации.

 

Настанот ќе трае до 24 јуни.

Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина, и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Путин го нарече Западот циничен: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблем да добие жито од Источна Европа, особено од Русија....

Свет9 часа

Ватикан: Одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот е предизвик за светот

Папската академија за живот денеска ја пофали одлуката на Врховниот суд на САД да им дозволи на федералните држави да...

Свет10 часа

(Видео) Бајден за одлуката на Врховниот суд: Ова е тажен ден за нашата земја

Американскиот претседател Џо Бајден се обрати по одлуката на Врховниот суд да дозволи забрана на абортусот. Тој на почетокот рече...

Македонија10 часа

Маричиќ: Достоинствено ќе чекориме на патот кон полноправно членство на ЕУ

Нашата Влада направи сериозни напори и во изминатите години но особено во овој состав во изминатите неколку месеци на повеќе...

Регион11 час

Петков го повика Ковачевски да се охрабри и да го прифати компромисот

Бугарскиот премиер Кирил Петков го повика својот македонски колега Димитар Ковачевски да биде храбар и да го прифати компромисот предводен...

Свет13 часа

(Видео) Врховниот суд на САД го укина правото на абортус

Милиони жени во САД ќе го изгубат своето законско право да абортираат. Врховниот суд ја укина пресудата со која се...

Македонија16 часа

Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови

Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје. За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од...

Европа17 часа

Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за...

Европа19 часа

Бугарското МНР за Рама: Слушаме непровоцирани, тешки и навредливи квалификации од шеф на влада

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји членки на Европската Унија што ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ги браневме...

Македонија20 часа

Милошоски до Османи: Нема потреба од два збора, ниту правдање со загради, доволна е оставка!

„Нема потреба ниту од два збора ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“. Ова е...

Европа20 часа

Украина и Молдавија со кандидатски статус; Макрон: Ова е порака до Русија

Еден од најмоќните европски политичари, францускиот претседател Емануел Макрон, ја поздрави одлуката Украина да добие официјален статус на земја кандидат...

Македонија20 часа

Османи: Усвојувањето на резолуцијата во Бугарија ќе го блокира европскиот процес и ќе го парализира договорот за пријателство

Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на Европската Унија во регионот, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи,...

Европа21 час

Гајдај: Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк

Украинските сили добија наредба да се повлечат од Северодонецк на истокот на земјата, каде што се водат жестоки битки со...

Европа21 час

Зеленски за официјалното доделување статус во ЕУ: Украина не е перница меѓу Западот и Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“ објави уште еден коментар за официјалното доделување статус на кандидат за...

Македонија21 час

Захариева: Петков требаше поодговорно да се однесува за Северна Македонија

Немањето став повеќе од една недела за францускиот предлог за регулирање на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги влоши...

Свет1 ден

Руте: Загрижен сум за С. Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада

Марк Руте – премиерот на Холандија пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна...

Свет1 ден

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Кандидатски статус за влез во ЕУ вечерва добија Украина и Молдавија – дваесет и седум членки на Унијата ја донесоа...

Свет1 ден

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе се бориме заедно за европска иднина почитувајќи се себеси

Србија денеска даде голема поддршка за отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Повторно ништо не се случи....

Регион2 дена

Рама: Жал ми е за ЕУ, ни пандемијата ни војната не ги обедини Европејците

Албанскиот премиер Еди Рама, по самитот за Западен Балкан, изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се...