Контакт

Книги

Избор од поезијата на Славко Јаневски, ново издание на „Матица македонска“

Објавено пред

Во рамките на јубилејот – Триесет години од основањето, „Матица македонска“ објави избор од поезијата на Славко Јаневски.

На страниците од изданието се застапени песни од сите фази од богатиот поетски опус на еден од нашите најзначајни автори, кој остави длабоки траги во развојните процеси на македонската литература.

Изборот на изданието го подготви Раде Силјан, кој во поговорот за книжевниот опус на знаменитиот деец констатира дека, во плејадата македонски писатели, името на Славко Јаневски зазема едно од челните места.

„Пројавувајќи се со подеднаков успех во повеќе жанрови тој создаде дела, кои и од историска и од тематски-естетска гледна точка имаат посебно значење за македонската литература и за стандардизацијата на македонскиот книжевен јазик“, се наведува во поговорот.

Славко Јаневски (Скопје 1920-2000) е автор на поетските книги: „Крвава низа“, „Пруга на младоста“ (заедно со Ацо Шопов), „Егејска барутна бајка“, „Лирика“, „Леб и камен“, „Евангелие по Итар Пејо“, „Каинавелија“, „Оковано јаболко“, „Астропеус“, „Змејови за игра“, „Песји шуми“ и др. За своето творештво добитник е на бројни национални и меѓународни награди, меѓу кои и на нарадите „11 Октомври“, „АВНОЈ“, „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“. Негови дела се преведени на поваќе странски јазици и се застапени во сите антологиски избори, објавени во Македонија и во странство во изминатите седум децении.

Книги

Киро Донев ја допишува приказната за Видое Подгорец

Објавено пред

Романизирана биографија за Видое Подгорец објави писателот за деца и негов долгогодишен пријател и соработник Киро Донев. Книгата насловена „Видое Подгорец – незавршена приказна“ е документ не само за животот и писателската работа на Подгорец, туку открива и многу негови размислувања и ставови за литературата, за писателскиот повик и за животот воопшто.

Рецензентката на книгата д-р Ана Витанова Рингачева во предговорот ќе рече: „Киро Донев со години живее со чувството на неспокој што катадневно се раѓа од натрупаните спомени од животот поминат со пријателот и учителот Видое. Измачуван од потребата вистината да се качи на пиедестал за да си го заслужи своето место во историјата, Киро Донев започнува да ја раскажува приказната за себе и Видое“.

Промоцијата на оваа книга ќе биде вечерва во Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица, во склоп на Деновите на литературата за деца „Средби под јаворите – Видое Подгорец“. Овие настани се дел и од манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“.

Прикажи повеќе...

Книги

Нови книги за деца и млади од Венко Андоновски, Винка Саздова и Јагода Михајловска-Георгиева

Објавено пред

На 3 јуни, в четврток, во 18 часот, во Градскиот парк на Школка ќе се случува најголемиот настан пред самиот дочек на летниот распуст.

Ќе се промовираат новите книги за деца и млади на истакнатите македонски автори Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски, во кои главните ликови се Стела и Сани! Исто така, ќе се промовира и целата едиција сликовници „Стела и Сани“, како и новата „Еден облак бел и 12…“ напишани од Бистра Георгиева, а илустрирани од Катерина Николовска.

Целиот проект, што ги опфаќа книгите во издание на Паблишер, е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, а е во соработка со „Вертиго Вижуал“, кои се творците на овие двајца анимирани херои.

Целта на овој проект е да ja искачи книжевноста за деца чекор погоре на скалата на уметнички, образовни и морални вредности. Токму затоа книгите се пишувани од едни од највлијателните творци на македонската проза. Макар што Сани и Стела се ликови во сите книги, тие се наоѓаат во различни ситуации и се на различна возраст.

„Ѕвездена џунгла“ од Јагода Михајловска-Георгиева ќе ги однесе најмалите до вселената заедно со Едан и Асја, Винка Саздова, пак, во „Ти носам пустински песок“ ќе ги наведе малку поголемите нестрпливо да ѕиркаат во поштенското сандаче, а Венко Андоновски ќе ги повика тинејџерите да го допишат романот „Имаш пчела на носот“. Но иако се наменети за деца од различни возрасти, од најмали до тинејџери, книгите имаат иста идеја: квалитетна литература.

Настанот ќе изобилува со активности, организирани на тој начин што ќе ја поттикнат детската љубопитност и желбата за знаења. Низ забава, почнувајќи од средба и читање со авторите, преку пеење со Стела и Сани, работилници и играње, децата ќе можат да стекнат трајни спомени од овие поучни и неповторливи мигови.

Прикажи повеќе...

Книги

УКИМ ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“

Објавено пред

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ – зборник од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Во Зборникот се објавени препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови на Конески остварени од странски македонисти – слушатели на двата напредна курса за литература и за преведување на Зимската школа, со што делови од творештвото на Конески коишто претходно не беа преведени на сите овие јазици, сега се објавуваат на: руски, полски, чешки, словенечки, хрватски, српски, бугарски, италијански, шпански, грчки и турски јазик.

Ова е прв зборник на МСМЈЛК во којшто се објавуваат во толкав обем и на толку јазици препеви и преводи од творештвото на Конески остварени во текот на програмските активности на МСМЈЛК. Истовремено, во Зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески од странски македонисти – академиците Зузана Топољинска, Иван Доровски, Виктор Фридман и Горан Калоѓера.

Промоцијата ќе се одржи виртуелно, на платформата „Зум“, на 3 јуни 2021 година, со почеток во 12 часот, а со свечена реч ќе ја отвори ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе следи и пригодна реч на директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промотори на Зборникот ќе бидат странските македонисти проф. д-р Намита Субиото од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Република Словенија и проф. д-р Даниела Костадиновиќ од Филолошкиот факултет на Универзитетот во Ниш, Република Србија.

Свое учество на промоцијата ќе имаат и лектори по македонски јазик, литература и култура на неколку универзитети: м-р Марија Пандева на МГУ „Ломоносов“ (Руска Федерација), м-р Марина Цветаноска на Истанбулскиот универзитет (Република Турција) и м-р Биљана Стојановска на Универзитетот во Риека (Република Хрватска). Потоа, семинаристите на Првата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе прочитаат свои препеви на песни и преводи на кратки прозни текстови од Конески, објавени во Зборникот.

На настанот ќе бидат споделени и искуствата од Првата зимска школа на МСМЈЛК, на Роза Тасевска, којашто го водеше курсот по преведување и на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, којашто го водеше курсот по литература.

Инаку, на Првата зимска школа на МСМЈЛК учествуваа дури 50-тина учесници од 15 земји. Промоцијата на Зборникот од Школата е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ и се организира во рамките на Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија3 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија5 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија6 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија6 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија7 часа

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија8 часа

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија8 часа

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ10 часа

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет10 часа

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет11 час

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија11 час

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија11 час

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Македонија11 час

Макрон: Лично сум вклучен да се најде решение со Бугарија

Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, време е да се конкретизира без да се губи...

Спорт23 часа

Пандев: Знаеме дека сите навивачи живеат со нас!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во...

Свет1 ден

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на...

Македонија1 ден

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8,...

Регион1 ден

Европската комисија: Западен Балкан да се стрпи за слободно патување во ЕУ

Европската комисија го поздравува напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но вели дека...

Македонија1 ден

РТС: Бајден со лидерите на ЕУ ќе разговара и за интеграциите на Македонија и Албанија

Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател, Џо Бајден, со лидерите на ЕУ следната недела...

Македонија1 ден

Русија протера македонски дипломат од Москва

Русија прогласи дипломат од македонската амбасада во Москва за персона нон грата, во знак на одговор поради протерувањето на рускиот...

Досие