Контакт

Актуелно

Избрани финалистите за „Литературни искри 2018“ во Гостивар

Објавено пред

Организаторите на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“ во Гостивар ги објавија имињата на поетите што влегуваат во трка за фестивалските награди на годинешното петто по ред издание на манифестацијата. Финалисти се: Жаклина Филипова-Свеќаровска (Кочани), Пеце Цветкоски (Битола), Цветанче Костоска (Крушево), Катја Вангелова (Варна, Бугарија), Александар Михајловиќ (Гостивар), Тони Павлески (Прилеп), Никодин Чернодримски (Скопје), Давор Крстевски (Куманово), Владимир Милојковиќ, (Суботица, Србија) Елена Пренџова (Скопје), Теофила Поп Димитрова (Штип) и Снежана Паноска (Прилеп).

Годинава песните пристигнати на конкурсот ги оценуваше жири-комисија во состав: претседател Раде Силјан (поет, литературен критичар, есеист, член на ДПМ) и членовите: Габриела Петроска, професор по македонски јазик и лектор, и Васфије Билали Ејупи, професор по албански јазик. Финалистите беа избрани во конкуренција од стотина автори.

Фестивалот доделува гран при, прва, втора и трета награда, награда за најдобар странски автор и најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги.

Петтото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 26 мај со поетско читање и соопштување на наградените. Организатори се здружението за култура „Дунек“ и Центарот за култура АСНОМ од Гостивар, а поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители.

Актуелно

Проекција на филмови во Сули-ан на „Скопско лето“

Објавено пред

Од

Во рамки на „Скопско лето“ вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на филмот „За телото и душата“, на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан.

„За телото и душата“ (2017, Унгарија) е драма во режија на Илдико Енједи. Во главните улоги се јавуваат Геза Моршани, Александра Борбели, Золтан Шнајдер… Филмот ги има освоено следните награди: „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди…

Утревечер, вторник, на истата локација ќе биде прикажан францускиот филм „Откачени трудници“, со почеток во 21 часот. Филмот е комедија, во режија на Ноеми Салио, а во главните улоги се Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон,…

Прикажи повеќе...

Актуелно

Најпознати руски квартети вечерва на „Охридско лето“

Објавено пред

Од

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе ѝ ги долови гудачкиот „Квартет филхармонија“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Овој музички состав е релативно нов на македонската класична сцена и е формиран од помлади членови на оркестарот на Македонската филхармонија. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет филхармонија“ почнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеца подоцна веќе го одржува својот прв концерт.
Ана Кондратенко ја има првата виолина во квартетот. Своето образование го почнува во родната Русија, а дипломира на Високата музичка школа во Келн, во класата на светски познатиот виолинист Виктор Третјаков. Како солист и концерт-мајстор е доста активна во Македонија, но и во Русија и голем број други земји во Европа, Америка и Азија.

Бојан Илкоски (втора виолина) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Олег Кондратенко. Често настапува како камерен музичар, поле на кое соработува со светски реномирани артисти. Неговата активна изведувачка дејност го носи и надвор од границите на Македонија.

Бојан Талески свири на виола во овој гудачки квартет. Тој најпрвин почнува да свири виолина, а подоцна се определува за инструментот виола. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Фросина Балова. Чест гостин е на фестивалите во Македонија, но и надвор од неа. Добитник е на награди на неколку натпревари во Македонија и Бугарија.

Дел од овој музички состав е и виолончелистката Марија Михајловска, која дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оценка Cum Laude, во класата на проф. Живко Фирфов. Во 2015 година ги завршува и своите магистерски студии на ФМУ во класата на познатиот чешки виолончелист Микал Канка. Учесник е и на повеќе мајсторски курсеви предводени од еминентни музичари.

Во изминатите неколку месеци,гудачкиот „Квартет Македонија“ соработувал со познати диригенти и истакнати уметници во камерното музицирање.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Спектакуларно отворање на „Егзит“

Објавено пред

Од

Годинашното издание на фестивалот „Егзит“ е во знакот на слободата, па затоа беше проследен со песната „Слобода“, на чии звуци целата публика почна да ракоплеска и да игра.

Главна ѕвезда на отворањето беше светската балетска ѕвезда, Сергеј Полунин, чиј настап предизвика воодушевување кај публиката.

По неговиот настап, на небото над Петроварадин имаше огномет, а на главната сцена настапија Fever Ray и познатата музичка група „Мигос“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија6 часа

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија7 часа

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија7 часа

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Македонија7 часа

Власта го забрза изборот на ДИК, бара изборни измени со ЕУ знаменце

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се...

Македонија8 часа

Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се...

Македонија9 часа

Кочан: „Покрај сувото гори и суровото“ – Случајот „Труст“ пред пресуда

Првообвинетиот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, во завршните зборови во кривичниот суд денеска рече дека покрај сувото гори и...

Македонија9 часа

(Видео) Никола Попоски: Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска претседателот на Националниот совет...

Македонија10 часа

Мајката што го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола кривично ќе одговара

Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишната мајка од Желино која на почетокот на овој месец го остави своето новороденче пред...

Македонија10 часа

Разочарани сме дека Владата останува на ставот Водно да биде колатерална штета, порачаа граѓански активисти

Граѓанските активисти остануваат на ставот дека се против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Тие порачуваат дека не можат со...

Македонија11 час

Русија да разбере дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, порача Заев

По вчерашната информација на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името, денеска премиерот...

Македонија12 часа

(Видео) Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека...

Македонија12 часа

Османи назначен за шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

Иван Савидис негира дека им дал 300 000 евра на македонски политичари и навивачи

Рускиот бизнисмен Иван Савидис демантира каква било вмешаност во протестите против договорот за името во Скопје и негира дека платил...

Македонија12 часа

Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија. Иванов во...

Македонија23 часа

(Видео) „Комитите“ побараа обвинението за смртта на Саздовски да се смени од насилство во убиство

Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство....

Македонија23 часа

Важно е да нема местенки и правдата да излезе на виделина, порача таткото на Саздовски

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од...

Свет1 ден

Трамп и Путин ја оценија средбата корисна и успешна – „Лошите односи се променија пред четири часа“

Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни....

Македонија1 ден

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров,...

Македонија1 ден

Лидерска средба до крајот на неделава

Запрени се преговорите меѓу политичките партии за Законот за финансирање на партиите, изборот на ДИК и за техничка влада. Овие...

Досие