Контакт

Култура

Изведба на балетскиот спектакл „Клеопатра“ на 8 Март

Објавено пред

Балетскиот спектакл „Клеопатра“, грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет, кој има одличен прием кај нашата публика и ќе биде изведен на Денот на жената, 8 Mарт, со почеток во 20 часот.

За „Клеопатра“ специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова – Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија.

Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска.
Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој сè уште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Проекција на наградените филмови од „Астерфест“ во Кинотека

Објавено пред

В петок во Кинотеката во Скопје, со почеток во 20 часот ќе биде прикажан дел од наградените кусометражни филмови од последното издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ кој се одржа минатото лето во Струмица.

Програмата е составена од: рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја кој доби Старозлатен проектор, австрискиот краток игран филм „Доверба“ на Јулијана Нојхубер кој доби Бронзена потковица, британскиот краток документарец „Последната бура“ на Лајам Сент-Пјер кој доби Сребрена потковица.

Прикажан ќе биде и македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов кој доби Златна потковица.

Вкупното траење на проекцијата е еден час, а влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Објавено пред

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за неколку нови проекти, пишува ексклузивно „Варајати“.

Котевска добила финасиска поддршка за својот дебитански игран филм со работен наслов „Човек против јато“. Станува збор за приказна која говори за меѓугенерациски конфликт, односно контрастот на старите вредности и брзото темпо на современиот живот. Филмот ќе го снима во соработка со Стефанов и се надева дека ќе почне со снимањето идната година.

„Човек против јато “ е приказна за еден стар, тврдоглав селанец кој е горд на своите корени и земја, неговата модерна, независна ќерка која се обидува да ја избегне традиционалната улога и еден млад блогер зависен од адреналин кој сака да ги открие своите корени, но, преку низа недоразбирања, создава хаос на патот.

Во моментот Стефанов работи на анимиран проект што говори за климатските промени, со работен наслов „Швајцарско перење“.
„За мене, правењето филмови не е само раскажување различни приказни.Мојата почетна точка е дека има прашања што ме интересираат и што мислам дека знам како да ги преведам тие прашања на јазик што е универзално разбирлив“, изјавил Стефанов за Варајати.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески

Објавено пред

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.

Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует. Заради неа и се преселил во Белград. По неколкугодишна врска се венчале и ја добиле ќерката Ана.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот – пет децении творештво.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава8 минути

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во Вселената?...

Европа38 минути

Девојче од Ломбардија е првото дете заразено со коронавирус во Италија

Девојче од Италија, кое има четири години, е заразено со коронавирус, јавија денеска италијанските медиуми. Детето доаѓа од местото Кастиљоне...

Економија1 час

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија2 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Регион2 часа

Потврден и вториот случај на коронавирус во Хрватска

Хрватскиот министер Вили Берос го потврди и вториот случај на коронавирус во Хрватска. Инфициран е и братот на еден млад...

Македонија2 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт12 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија14 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија15 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија18 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија19 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија20 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион21 час

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија23 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно24 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион1 ден

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт1 ден

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија1 ден

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Досие