Контакт

Изложби

Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ во рамките на „Бела ноќ“

Објавено пред

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“, ќе ја организира изложбата „Мал формат“, која ќе се отвори в сабота (5 октомври) во 20 часот во салонот „Империјал 1“ во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

„Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на малиот квадрат во површина 25х25 сантиметри претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност“, се вели во најавата за изложбата.

На неа ќе се претстават 33 автори, членови на ДЛУМ: Ана Темкова, Дијана Томиќ Радевска, Стефан Димовски, Златко Бојковски, Марина Лешкова, Ацо Таневски, Андријана Мациев, Зуљеха Али, Борче Богоевски, Христина Зафировска, Валентина Илијевска, Мирјана Крстева Массети, Драган Верговски Алпи, Никола Пијанманов, Мира Дуковска, Марија Мицова Гацова, Јакуп Хајро, Пандора Апостолоска Саздовска, Дејан Иванов Маргуш, Слободан Милошески, Агрон Абдули, Силвана Атанасовска, Тања Таневска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Петра Јовановска, Перо Кованцалиев, Емилија Божиновска, Душан Георгиевски, Ивона Велковска, Маја Димитрова, Сашо Саздовски, Марија Светиева и Ана Ивановска.

За изложбата „Мал формат“, од страна на Друштвото на ликовните уметници на Македонија се додели една награда за „Мал формат“ на авторот Валентина Илијевска, а од страна на КИЦ ќе се доделат три награди со наслов „Вангел Коџоман“, „Адем Кастрати“ и „Константин Мазев-Коце“.

За сите љубители на уметноста, изложбата ќе биде отворена 10 дена.

Изложби

„Гледај тука сум без простор“ – изложба во Музејот на современата уметност

Објавено пред

На 29 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена голема меѓународна изложба со наслов „Гледај тука сум без простор“ (See me moving placeless) со дела од најрепрезентативни уметници од Југоисточна Европа, кои се дел од уметничката колекција со која располага Дојче Телеком.

Целта на оваа поставка е да ги осветли политичките пејзажи, социјалните случувања и да најде точка на кохезија во прикажувањето на политиката и уметноста од овој регион.

Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова, кои селектираа 40 тина од севкупната уметничка колекција (249 дела) со која располага Дојче Телеком, во чие депо се наоѓаат прогресивни, современи уметнички дела на повеќе од 70 автори од преку 20 земји од источниот и југоисточниот дел на Европа.

Кураторките селектираа 40-тина дела од уметници како: уметничкиот колектив “Словени и Татари”; Дан Пержовски, Хортенсија Ми Кафчин и Ципријан Мурешан од Романија; Ева Котаткова, Чешка; Петрит Халилај и Флака Халити од Косово; Агњешка Полска, од Полска; Младен Стилиновиќ, Србијa; Јасмина Цибиќ, Словенија; Даница Дакиќ и Шејла Камериќ од Босна и Херцеговина; Игор Грубиќ, Сања Ивековиќ, Марко Тадиќ и Владо Мартек од Хрватска; Лучезар Бојаџиев, Недко Солаков, Мартина Вачева и Правдољуб Иванов од Бугарија; уметничко дуо „Мала Варшава“ од Унгарија; Алевтина Какиџе и Володимир Кузнецов, Украина; Нилбар Гуреш и Бенгу Карадуман од Турција.

Меѓу современите автори, во колекцијата на Дојче телеком, се дела и од двајца исклучителни македонски уметници Јане Чаловски и Христина Иваноска, чии дела ќе бидат вклучени во изложбата на МСУ.

„Миграцијата е суштинско искуство на дваесет и првиот век. Конфликтите предизвикани од новите војни, транзициските неприлики и исклучувачките политики предизвикаа поместување на голем број луѓе на маргините од светот. Прашање за тоа дали постои нешто во посттранзициските држави што соодветно го третира минатото, за да ја прошири социо-политичката имагинација, да пропагира нови форми на меѓународна солидарност, и да обезбеди основа за продолжување во иднината е повеќе од релевантно. Оттука, претставените дела се политичка критика на „исклучувањето“, овозможувајќи им видливост и културно признавање на оние, кои се наоѓаат вон доменот на политиките, во и надвор од симболичните простори. Делата дозволуваат субверзивни врски, создавање алтернативни системи на ред, револт кон познатите системи и провокација за критичко размислување. Повеќе од кое било друго средство за шпекулирање, овозможуваат да патуваме напред и назад од нашата субјективна реалност, до консензус за посакувана, а можна сегашност. Намерата на изложбата е преку поврзување на естетиката и политиката да предложи нов наратив за регионот и да го редефинира начинот на перцепција на некогашните ситуации во нови прилики, кои поставуваат нов контра-распоред во културата“, велат Гаќина и Попова.

Со оваа изложба Музејот на современата уметност – Скопје се најде на мапата на светските современи културни центри, кои долгорочно и стратешки, активно и континуирано придонесуваат за вклучување на меѓународните креативни уметници и промовирање на меѓународната културна размена со Европа и пошироко.

Уметничката колекција на Дојче Телеком е иницирана во 2010 година со намера да колекционира современи дела од уметници од Источна и Југоисточна Европа, кои даваат приказ на состојбите, социјалните и политичките промени по падот на Железната завеса. Овие уметници го искусија процесот на општествениот пресврт и преку сопствената биографија. Тие се современи сведоци на драматичните големи и многу мали промени што општествата ги доживеале во последните три децении. Колекцијата се состои од дела кои се разновидни во медиумот во кој се работени, почнувајќи од цртеж до дигитални инсталации.

Изложбата ќе биде отворена до 21 ноември 2021 година.

Отворањето ќе се одржи според пропишаните актуелни владини мерки во услови на пандемија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворање на изложбата „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО“

Објавено пред

Утре, во 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО“.

Со презентирањето на оваа изложба ќе биде означен почетокот на одбележувањето на Европските денови на културното наследство во нашата земја. Манифестацијата ќе трае до 28 септември, а повеќето активности што ќе се организираат во повеќе градови и села се поврзани со темата „Културното наследство за сите“ и со Европската година на железниците.

Изложбата се реализира во соработка со Словенскиот етнографски музеј од Љубљана. Автори на изложбата се д-р Нена Жидов и м-р Ања Јерин. На дваесет и седум паноа се презентирани шеесет и седум нематеријални културни елементи од Националната листа на нематеријално културно наследство на Словенија. Четири од овие елементи се впишани и на Репрезентативната листа на нематеријалното наследство на човештвото на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективна изложба – „Од депото на Меѓународната Струмичка ликовна колонија“ во Куманово

Објавено пред

Во рамките на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2021“, којшто ќе се одржи во периодот 27.09. – 9.10.2021, Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во соработка со Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица, како придружна манифестација, ја организира изложбата на слики со наслов Ретроспективна изложба – „Од депото на Меѓународната струмичка ликовна колонија“.

Изложбата содржи 18 дела од богатата колекција на оваа колонија, со автори од повеќе генерации (Трајче, Јанчевски, Борислав Траиковски, Александар Јанкуловски Цане, Љубодраг Маринковиќ Пенкин, Димитар Стојчевски, Ниче Василев, Станко Георгиев и др.)

Инаку, Меѓународната струмичка ликовна колонија е една од најстарите ликовни колонии во регионот којашто функционира од шеесеттите години до денес во сите ликовни дисциплини (сликарство, графика, скулптура, мозаик), досега, на неа учествувале преку 1.000 уметници од целиот свет, а депото содржи преку 2.500 дела (слики, скулптури, мозаици).

Изложбата ќе биде отворена во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово на 23.09.2021 /четврток/со почеток во 13 часот а за посетителите ќе важат актуелните здравствени протоколи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија15 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа18 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија18 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија19 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија19 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа19 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет23 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа2 дена

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 дена

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија3 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија3 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа3 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Досие