Контакт

Култура

Изложбата „Сенките на занаетите“ на фестивалот за критичка култура

Објавено пред

Во рамките на програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, утревечер (четврток, 30 јуни) во КСП „Центар – Јадро“, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите: инсталација на светлина – сенка – звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз. Кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција.

dobivaj vesti na viber


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Големата пијанистичка ѕвезда Валентина Лисица вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Музичката програма на 62. Охридско лето продолжува вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“, со концерт на големата украинско-американска пијанистка Валентина Лисица.

dobivaj vesti na viber

Валентина Лисица многумина ја сметаат за првата јутјуб-ѕвезда на класичната музика, но таа е повеќе од тоа. Таа е првиот класичен уметник што успеал својот интернет успех да го претвори во глобална концертна кариера во некои од водечките концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка и во Азија.

Валентина своето прво видео на интернет го објавува на „Јутјуб“ во 2007 година – снимка на Етидата оп. 39 од Сергеј Рахманинов. Прегледите на ова видео се зголемуваат прогресивно по што следуваат нови објави и на тој начин се поставуваат темелите на кариера на социјалните мрежи каква што дотогаш светот не памети.

Благодарение на нејзината посветеност кон интернет-публиката, јутјуб-каналот на Валентина Лисица денес брои повеќе од 650.000 претплатници и има над 147 милиони прегледи, со просек од речиси 75.000 прегледи дневно. Нејзината страница на „Спотифај“ има повеќе од милион слушатели месечно.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Со спуштање на бајракот затворена „Десет дена Крушевска Република“

Објавено пред

Со спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба, официјално се затвори манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“.

dobivaj vesti na viber

„Изминатите 10 дена имавме богата програма, опфативме повеќе културни области и привлековме многу туристи. Достоинствено го одбележивме Илинден и покрај тоа што манифестацијата понуди забава, се вративме назад да ја доживееме историјата. Им се заблагодарувам на сите што присуствуваа во Крушево“, изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

На затворањето на „Десет дена Крушевска Република“ концертот на Дац и Александар беше прекинат поради дожд, кој почна во текот на настапот, информира организаторот.

Прикажи повеќе...

Култура

13-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Објавено пред

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ во своето 13-то издание ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Фестивалската програма ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли ан, платото на Музејот на Македонија пред Куршумли ан, МКЦ и Europe House Скопје. Четвртото издание на „МакеКоПроДокс форумот“ ќе се одржи во МКЦ на 22 и 23 август.

dobivaj vesti na viber

Со мотото „Лупење идеи“, фокус на 13. „Македокс“ е развојот на идеи, а прес-конференцијата за програмата на фестивалот се одржа денес (10 август) на платото пред МКЦ во Скопје.

„По две бурни години за целиот свет, време е повторно да си дадеме сила за реализирање на идеите. Но, овој пат од нова перспектива, да ги излупиме старите лушпи и одново да создаваме на новите бели слоеви. Сметаме дека делот на процесот на развој на документарниот филм е многу значаен, особено за регионот каде што на овој процес од создавањето на филмот обрнуваме многу малку внимание. Затоа оваа година развојот на идеи го поставивме во фокусот на фестивалот. Среќни сме што по две години, ќе имаме фестивал без рестрикции и со голем број странски гости“, истакна Дарко Набаков, извршен директор на 13. издание на фестивалот „Македокс“.

Годинава на фестивалот ќе пристигнат 70-ина гости од странство. Сите филмови ќе бидат прикажани на филмско платно. Исклучок ќе бидат активностите поврзани со „МакеКоПроДокс форумот“, кои делумно ќе се одржат онлајн.

Филмската програма на 13. „Македокс“ содржи 71 документарно остварување во пет натпреварувачки категории – главна програма, нови автори, кратки документарни филмови и студентска програма, а сите филмови се дел од компетицијата за наградата „Етички идеи“. На фестивалот ќе се доделат пет награди, а во комисиите за награди членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет. Надвор од компетиција, но значајни фестивалски програми, се „Земјата во фокус“ – годинава тоа е Чешка, и Програмата за деца и младинци.

Фестивалот ќе биде отворен на 18 август во Куршумли ан, со документарниот филм „Сè што дише“ (All That Breathes) на режисерот Шаунак Сен (Shaunak Sen), филм кој е индиско-британска копродукција, а пред него ќе биде прикажан белгискиот краток документарен филм „Иднината е водна палата“ (Tomorrow Is A Water Palace) на режисерката Хуанита Онзага (Juanita Onzaga).

Главната програма содржи 9 филма, во селекцијата нови автори има 11 филма, во програмата на кратки документарци влегоа 17 остварувања, а во студентската програма ќе бидат прикажани 8 филма. Во програмата за деца и младинци ќе бидат прикажани 18 филма. Земја во фокус е Чешката Република и ќе бидат прикажани 8 нови документарни филма.

„Среќни сме што оваа година на адресата на ‘Македокс’ пристигнаа филмови од сите пет континенти на планетата Земја. Гледавме филмови со месеци и ја лупевме програмата за да ја добиеме нејзината најавтентична форма и содржина, која ќе ја одрази креативната сила на ‘Македокс’ како фестивал на креативен документарен филм. Мислам дека успеавме во тоа, а се надевам и публиката ќе биде задоволна од нашиот избор.
Фестивалот ќе го отвориме со филмот ‘Сè што дише’ на режисерот Шаунак Сен, а пред него ќе го прикажеме белгискиот краток документарен филм ‘Иднината е водна палата’ на режисерката Хуанита Онзага. Втората вечер е веќе традиционално резервирана за отворање на програмата ‘Земја во фокус’, оваа година посветена на Чешка, и радосни сме што имаме чест да ја отвориме со филмот ‘Рене – затвореник на слободата’ (Rene – The Prisoner of Freedom) на нашата почесна гостинка Хелена Тшештикова (Helena Treshtikova), мајката на тајм-лапс документарецот, која ќе биде присутна на проекцијата, а следниот ден ќе одржи и мастер-клас за тоа како ги развива своите идеи и како ги доведува до целосно филмско дело. Време е за лупење на старите закоравени размислувања и идеи, а верувам дека ‘Македокс’ со својата програма ќе помогне, а притоа и ќе направи простор за нови… подобри, посветли!“, потенцира Петрула Вељановска, дел од програмскиот сектор на „Македокс“.

Во индустрискиот сегмент на фестивалот предвиден е мастер-клас со Хелена Тшештикова, почесна гостинка на „Македокс“ 2022, која ќе говори на тема „Разговор за идеите во документарниот филм“. „Чешката режисерка и документаристка Хелена Тшештикова е повеќе од режисерка и документаристка. Може да се каже дека таа е своевиден феномен, од оние што ги поместуваат границите за она што го знаеме за документарниот филм“, изјавил Михаил Железников. Разговорот со Хелена Тшештикова ќе го води Туе Стен Милер.

Исто така, Туе Стен Милер, консултант за документарци и критичар од Данска, ќе одржи работилница за развој на идеи од 20 до 22 август. Учесници на работилницата се режисери и продуценти со краткометражни или долгометражни креативни документарни проекти во развој, продуцирани или копродуцирани на Балканот.

Централно место во индустрискиот сегмент зазема четвртото издание на „МакеКоПроДокс форумот“, што ќе се одржи од 22 до 24 август.

„За вториот дел од форумот, годинава имаме одлична и разновидна селекција од 11 проекти, кои се продуцирани или се снимаат на Балканот (Албанија, Косово, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Турција…). Тие ќе ги претстават своите проекти на 23 август и ќе имаат еден-на-еден состаноци со одлучувачите. ‘МакеКоПроДокс форумот’ е реализиран во соработка со Агенцијата за филм на РСМ, ‘Медија деск МК’, Грчкиот филмски центар, Град Скопје, ‘Вардар филм’ и МКЦ“, објасни Сара Ферро, координаторка на „МакеКоПроДокс форумот“.

Меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои ќе се одржуваат секој ден од 19 до 25 август, во 18 часот, во Куршумли ан. На 21 август ќе биде отворена фотоизложба на Доријан Миловановиќ. За време на фестивалот ќе се одржи вториот дел од едногодишната работилница „Докуникулци“, на која учествуваат 10 млади од целата држава, како и неколку концерти и диџеј-сетови.

По завршувањето на фестивалот, „Македокс“ ќе ги продолжи своите активности и во текот на годината. Во септември екипата ќе работи на нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата. Во декември ќе почне програмата „Зимски Македокс“, со која онлајн ќе бидат прикажани победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа Doc Around Europe.

Тринаесеттото издание на „Македокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, програмата „Медија“ на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, чешката амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, „Сеавус Скопје“ – Групација Арикома, Грчкиот културен центар, „Медија деск МК“, Музејот на РСМ, Археолошкиот музеј, Музејот на современата уметност, такси „Глобал“.

Билетите може да се набават онлајн преку продажната мрежа на „мк.тикетс“ (www.mktickets.mk). Целовечерен билет за проекциите во Куршумли ан чини 200 денари, а билет за втората проекција во Куршумли ан чини 150 денари. Единечен билет за проекциите на платото на Музејот на РСМ може да се набави за цена од 100 денари. Билетите за церемонијата на отворањето на 18 август и церемонијата на доделувањето награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија5 часа

(Интервју) Ванчо Узунов: Даночниот систем е во хаос, сиромашните плаќаат, богатите се богатат

Сегашниот даночен систем е тотално несоодветен, а состојбата е таква што секогаш е време за реформи, вели во интервју за...

Македонија5 часа

МОН: Учебната година почнува на 1 септември, во тек се активности за успешен почеток

Министерството за образование и наука информира дека учебната 2022-2023 година ќе почне на 1 септември и за оваа цел веќе...

Македонија6 часа

Ковид-статистика: 600 позитивни на вирусот, пријавени 10 починати лица

Во осгласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Европа7 часа

Резников: Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана, Мортен...

Регион8 часа

Вучиќ: Приштина подготвува ликвидација на нашиот народ под превезот на борба против криминалот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека Приштина ја користи ситуацијата во Украина за да води кампања против Србија...

Економија8 часа

Цената на бензините се намалува 2 денара

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Свет10 часа

Борел предупреди: Поддршката за Украина има своја цена

Европејците мора да бидат подготвени да ја платат цената за поддршката на Украина и за зачувувањето на единството, изјави шефот...

Економија11 час

Шефот на „Рајанер“: Крај на ерата на евтини летови од 10 евра

Мајкл О’Лири, извршен директор на „Рајанер“, изјави дека ерата на евтини билети од 10 евра е завршена и дека нискобуџетската...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Срамната епизода „Стево и плочата“ до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен-плоча од привремен карактер

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски води политика од денес за утре. „Сè е сведено само на гол пиар и зад неговите...

Македонија12 часа

СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

СДСМ со одговорен, државнички пристап за пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата поставени при осамостојувањето пред...

Европа12 часа

Тајван го отфрла кинескиот модел „една земја, два система“

Тајван го отфрла моделот „една земја, два система“ што Пекинг го претстави во својата стратегија за решавање на тајванското прашање,...

Македонија24 часа

Изолација и епидемиолошко следење за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија1 ден

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа1 ден

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ1 ден

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет1 ден

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија1 ден

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија1 ден

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија1 ден

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа1 ден

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...