Контакт

Култура

Изложбата PLUVIA од вечерва во Ресен

Објавено пред

Вечерва во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен ќе се одржи изложбата на ликовни творби на ученици од прва и втора година од ЦОУ „Цар Самуил“ од Ресен под раководство на предметниот наставник Шенер Далиповски.

„Изложбата со наслов PLUVIA содржи дел од опусот на цртежи што ги изработија моите ученици во учебната 2017/2018 година. Тука ќе се видат голем дел од нивните ликовни размислувања, стилови, колорит, искажани на начин на кој тие самите го доловиле или согледале“, истакна професорот Далиповски.

Изложбата е во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, кој ќе биде и домаќин на изложбата во наредниот период во нивниот изложбен салон. „За нас како организатори особено значајно е тоа што ја промовираме локалната ликовна уметност и секогаш огромно задоволство ни претставува кога можеме да им излеземе во пресрет на најмладите, чиј труд и талент е убаво да биде забележан од што поголем број публика, која се надеваме дека ќе ја имаме во голем број во наредниот период додека трае изложбата“, истакна директорот Васко Василевски.

Покровител на изложбата е ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски, а проектот е поддржан од Министерството за култура. Изложбата ќе биде отворена вечерва во ресенскиот Сарај, а публиката ќе може да ја види во наредните 10-ина дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Почнува „Скопје стрит мјузик фестивал“ – четири дена музика под отворено небо

Објавено пред

Од

Од денеска до недела на седум локации во Скопје ќе се случува „Скопје стрит мјузик фестивал“, на кој ќе настапат 25 солисти, групи и ансамбли во живо, на отворен простор. „Кабадајас“, „Вај нот“, женскиот хор „Св. Злата Мегленска“, Антоние Весковски, Елена Чадиковска, „Боса Ун Дер Ковер“, „Пеперминт“ и други ќе изведуваат авторска музика, но и преработки на познати песни.

За време на фестивалот посетителите ќе може да слушнат рокенрол, џез, боса нова, етно, класична и филмска музика. Покрај тоа, ќе настапат и специфични состави со француски шансони, еврејска музика и хорско пеење. На отворен простор, освен на стандардните инструменти, ќе се музицира и на ксилофон, вибрафон, акустично пијано, бандонеон, кои ретко може да се видат надвор од концертните сали.

За Дуња Иванова, наша позната пијанистка со светска слава, поставувањето акустичен инструмент на нестандардна локација е привлечно за минувачите, а предизвик за изведувачот. Во рамките на нејзиниот настап во Градскиот парк на акустично пијано таа ќе изведе филмска музика.

Локациите на кои ќе се одржува фестивалот се: плоштадот Македонија, Градскиот парк, ТЦ „Лептокарија“, Паркот на авиончето во Аеродром, плоштадот Скендербег, платото пред Универзалната сала и Боемската улица. Настапите ќе започнуваат во три термини: од 18, 20 и од 22 часот. Отворањето на фестивалот е вечерва во 19 часот на плоштадот Македонија, а на последниот ден настапите ќе почнат во 12 часот.

Коорганизатор на фестивалот е Конгресниот центар „Александар Македонски“, а покровител е Град Скопје. Повеќе информации за фестивалот се достапни на www.skopjestreetmusicfestival.com.

Прикажи повеќе...

Книги

„Летни приказни“ за љубителите на добрата книга

Објавено пред

Од

Tрадиционално, на почетокот на летото, од денеска па сè до 1 септември, во книжарницата „Или-или“ ќе се одржат „Летните приказни“, и тоа десетти јубилеен пат. Во овие осумдесетина дена љубителите на добрата книга ќе имаат можност да ги купат изданијата на издавачките куќи „Бегемот“ и „Или-или“ со намалени цени од 20 до 70 отсто како прва нивна заедничка соработка од ваков вид и отворање книжевен мост кон почитувачите на квалитетната литература.

Меѓу понудените 200 наслови секој од читателите ќе може да пронајде нешто за себе, од нобеловци и наградени европски и светски автори, па сè до книгите на новата генерација македонски писатели и со тоа да ја збогати својата домашна библиотека со возбудливи книжевни остварувања. Во рамките на „Летните приказни“ ќе бидат промовирани и неколку нови изданија.

Прикажи повеќе...

Култура

Целовечерен концерт на „Танец“ во Прилеп

Објавено пред

Од

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, кој е душата на Македонија, симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении, ќе се претстави со целовечерен концерт денеска, од 20 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Публиката ќе има можност да присуствува на убаво музичко доживување бидејќи ансамблот „Танец“ како амбасадор на македонскиот фолклор ќе се претстави со извонредна програма преку која ќе го долови македонскиот фолклор, традиција и култура.

„Танец“ е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање институција од овој вид, која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. За успехот на „Танец“ говорат многуте добиени награди и признанија, а има учествувано на над 4.500 концерти и подиуми во земјата и светот пред речиси осум милиони гледачи.

„Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна, која како свеќа нè води во тунелот на времето“, велат од „Танец“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија45 минути

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести1 час

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа2 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија15 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија22 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија24 часа

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие