Контакт

Изложби

Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

Објавено пред

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски со наслов Continuity, со која завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски за време на својот престој на Факултетот за визуелни уметности на Универзитетот „Лингнан“, предаваше разни техники на изработка на скулптура.

Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов Continuity го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата, покрај делата на Ефтимовски, беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој.

Александар Ефтимовски е автор што своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 града во светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број приватни колекции во Германија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Во Скопје изложба на уметнички дела од ликовната колонија „Вевчански видувања“ 2018

Објавено пред

Во НЛБ Галерија во Скопје, денеска (17 декември) свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.

„Мозаик од бои“ е насловот на каталогот кој оваа колонија го изготвува традиционално пред изложбата во Скопје и истиот ќе можете да го погледнете токму на отворањето на изложбата. Во него има воведно обраќање на организаторот, самите дела кои се насликани на овогодишната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018, како и информации за уметниците. Истиот се издава на македонски и англиски јазик.

Инспирацијата за творење во Вевчани и оформување на своите врвни уметнички дела таму годинава ја најдоа уметниците Ацо Станкоски, Ефтим Ристов, Никола Пијанманов, Ставре Димитров Стадим, Ниче Василев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Живко Попоски Цветин, Дамјан Затуроски, Цветанка Јованова и Петар Попчев од Република Македонија, како и уметниците Драгана Кнежевиќ (Србија), Светислав Савковиќ (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Герард Гален (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Јенс Линдвквист (Шведска), Осијан Теселиус (Шведска), Маркус Јохансон (Шведска), Петар Белишки (Бугарија) и Јуре Самец (Словенија).

Веќе 9. година на крајот на месецот јуни, во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манифестација имаат земено учество над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија до сега беа изложувани во светските уметнички центри како Њујорк, Москва и Париз.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Констелации во уметничкиот универзум“
 – изложба на скулптури на Слободан Милошески

Објавено пред

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, на 18.12.2018 година (вторник) со почеток од 12 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури „Констелации во уметничкиот универзум“, од авторот Слободан Милошески.

„ Во строго формална смисла, динамизмот кај скулптурата на Милошески е тројно акцентиран: прво, илузијата на поместено гравитационо тежиште ја генерира севкупната динамична творба; второ, самите елементи од кои е сочинета целината дополнително ја интензивираат самата динамика на целината: чиниш авторот прво ја конструира, ја повикува, т.е. тендира кон структурата, за да ја деконструира потоа низ потенцирањето на самите елементи од кои таа е соткаена; и трето, кај авторот не е важна само оваа морфологија, ами своја улога има и текстурата и бојата на формата, со што движењето станува целосно сугерирано од сите овие контрасти, што го чини комплетно естетското доживување. Но, конечно и можеби најважно, неговата скулптура има изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен. Со тоа, естетитиката на овие дела станува комплетна затоа што станува и естетика на рецепцијата. Гледачот е повикан да учествува во тој динамизам, станувајќи просто вовлечен во растот со што овие, на прв поглед, рационални форми, сепак се доживуваат како длабоко човечки движења во потрага по спокојот. Иако геометриско-кубистички, делата на Милошоски сепак се човечки, премногу човечки“, вели естетичарот Трајче Стојанов, во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески, дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“. До сега има реализирано 18 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 60 групни изложби во земјава и странство.
Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2014 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год.
Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во простор меѓу кои: Скулптура на Живо Чинко, Ристо Шишков, Спомен облежјето на Првото заседание на АСНОМ, Скулптура на Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Муза (наменета за фасада на објектот „Стар театар“) како и две скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија во Штип. Изложбата ќе биде отворена до 28 декември 2018 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Петре Арсовски, 50 години театар“ во МНТ

Објавено пред

Во фоајето на Македонски народен театар, на 18 декември, непосредно пред премиерата на претставата „Галеб“ закажана за во 20 часот, ќе биде отворена и изложба со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски.

Изложбата „Петре Арсовски, 50 години театар“ е визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Петре Арсовски. Преку фотографии, плакати и останати експонати на дел од претставите во кои игра, а се во продукција на МНТ, целта е да се прикаже развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште и „жива легенда“ на македонскиот театар и филм.

Петре Арсовски дебитира во „Венецијански трговец“ како Првиот полицаец во 1968 година, моментално игра во „Разговори во четири очи“, ликот на Чичко Јакоб, а со ликот на Петар Николајевич Сорин во „Галеб“ на А.П. Чехов одбележува 50 години на оваа сцена. Преку остварените ликови на Арсовски на сцената на МНТ се испишува и еден дел на историјата на театарот во кои тој своите ликовите ги реализира на начини кои го вреднуваат на најпрепознатливо ниво.

„Со постојаноста на квалитетот на сцената, видлива и во експонатите, изложбата дава поглед на актерските реализаци на Арсовски преку кои тој е запаметен/се памети како актер кој се гради, а на сето изминато време му дава значаен белег. Во сите претстави, преку играта и умеењето да се фати во костец со секој лик, без разлика дали е голем или мал, тој плени со својата ненаметлива снага, одмереност, посветеност и умеење да се фати во костец со секој доверен нов лик“, се вели во најавата за изложбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток18 минути

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудиоразговори и 20 фотографии

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат...

Македонија1 час

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски2 часа

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија2 часа

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски2 часа

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа3 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа3 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија3 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет15 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија16 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија19 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија21 час

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија21 час

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија23 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Досие