Контакт

Изложби

Изложба на графики на Симона Јакимовска

Објавено пред

Денеска, во 12.30 часот, во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на графики од уметницата Симона Јакимовска, која ќе се претстави со 25 дела.

Изложбата содржи графики и цртежи работени во периодот од последните неколку години и ја отсликуваат моментната тематско-техничка окупираност на Симона Јакимовска, велат во соопштението од ЦК „Марко Цепенков“.

„Од приложеното на прв поглед можеме да констатираме хетерогеност во тематско-изразна смисла, што говори дека процесот на интроспекција и себепозиционирање е во тек, што е вообичаено за млад автор што трага по својот ликовен израз. Она што е константа кај Симона Јакимовска е нејзиното разбирање на веќе усвоениот графички јазик, кој се изразува преку линии, точки, боени површини, објекти ставени во определени композициско-просторни контексти и сето тоа заедно се дава, навидум, како една апстрактна претстава што добива смисла и логика со самиот наслов на делото. Тука се и препознатливите знаци во темата Infiniti, а во темата ‘Зелена бесконечност’ се јавува и асоцијативно- фигуративна претстава (стилизирана животинска глава) како асоцијација на поврзаноста на животот со движењето и вечната промена“, се додава во соопштенеито.

Од ЦК „Марко Цепенков“ посочуваат дека покрај горенаведените, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во уште неколку теми претставени преку графиките на Симона Јакимовска, како што се темите „поврзување“, „движење“ итн.

„И ако кај цртежите забележувавме желба за експеримент и истражување, кај графичките трудови констатираме дека Симона Јакимовска е на свој терен – темелност, доследност, концепт и беспрекорна техничка изведба, се карактеристиките на овие изведби“, се додава во соопштението.

Носечките елементи, како линии, куполи, кругови, рамки, се спојуваат до таа мера што гледачот ги перципира како софистицирани композиции што во потполност одговараат на зададената тема и бариерата на апстрактното ја прават невидлива, а идејата јасна и конкретна, наведуваат од ЦК „Марко Цепенков“ и додаваат дека токму затоа Симона Јакимовска ќе ја вбројат во групата перспективни млади автори чие време на македонската ликовна сцена допрва доаѓа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Она што го гледаме за последен пат“ – изложба на фотографии во Демир Хисар

Објавено пред

Вечерва (31 август), со почеток во 20 часот, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар ќе биде отворена изложбата „Она што го гледаме за последен пат“ на авторот м-р Дарко Николовски – историчар на уметност и кустос советник во НУ. Конзерваторски центар – Скопје.

Изложбата „Она што го гледаме за последен пат“ претставува фотографии на сакрални објекти и рурална архитектура, од маргините на Скопскиот Регион.

Низ фотографии, прикажано е богатото културно наследство: црквите и манастирите, но и народното градителство, првенствено експонирано во позначајните објекти, репрезенти на старата рурална архитектура, кои и покрај видно нарушената состојба, сведочат за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зографска традиција.

На изложбата, прикажани се споменици од поствизантискиот период, кои покрај монументалните споменици од средовековието, ја пополнуваат сликата за непрекинатиот сакрален живот во скопската епархија.

Целта на изложбата е подигање на свеста кај јавноста кон поголема грижа и заштита на македонското културно наследство.

Изложбата ќе биде отворена до 14 август.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска.

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина, во разни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Изложбата ќе трае до 20 јули.

Прикажи повеќе...

Изложби

Прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева

Објавено пред

На 25 јуни (четврток) во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.

Марија Ќурчиева (родена 2002) учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сè уште е ученик (отсек сликарство).

Покрај формалното образование, Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст.

Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот Creative minds of the world (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот.

Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.

„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Протест против поскапувањето на струјата: „Во криза им се помага на граѓаните, не на богатите капиталисти“

Во Скопје вечерва се одржа протест против поскапувањето на струјата. Собирни места за граѓаните беа Жена парк и паркот во...

Економија6 часа

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ денеска ја обвини Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката...

Македонија7 часа

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија7 часа

Според ДУИ, албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии, кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија9 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија10 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ11 час

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ12 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија12 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија13 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ13 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет14 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет14 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет17 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет1 ден

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет1 ден

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа1 ден

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија1 ден

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија1 ден

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Досие