Контакт

Изложби

Изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“ во Меморијалниот центар на АСНОМ во село Пелинце

Објавено пред

Во Меморијалниот центар на АСНОМ во село Пелинце денеска од 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од ликовната колонија „Куманово 2018“.

„Изложбата е под покровителство на Министерството за култура и манифестацијата ‘Нов културен бран 2018’. Се реализира во соработка на „Лаг абер 2015“ (здружение на граѓани од Куманово) и НУ Музеј од Куманово, како дел од проектот насловен како „Враќање дома“. Интенцијата ја зокружува идејата на самата манифестација за дисперзирање на културните содржини во локална, рурална средина, како и нивна деконцентрација од градските средини. Во таа насока пред жителите на селото Пелинце и околните села ќе бидат изложени повеќе од 25 ликовни дела – слики, работени во различни ликовни техники, кои оваа година во месец август, на тој простор, ги создадоа ликовните уметници-учесници на ликовната колонија „Куманово 2018 ““, соопштија од НУ Музеј од Куманово.

Проектот понатаму, како што се наведува во соопштението, во наредниот период ќе продолжи со проекција на етно-документарен филм(филмови), од архивата на НУ Музеј Куманово, која ќе се одржи во ООУ „Х.Тодоровски Карпош“, во селото Драгоманце.

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложби и проекти на Националната галерија ќе бидат достапни на интернет

Објавено пред

Националната галерија ги затвори своите изложбени простори во согласност со препораките на Владата и се движи од галерискиот простор кон виртуелниот.

Постојаната поставка на Националната галерија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR платформата https://my.matterport.com/show/?m=seBXUrNdika.

Од Националната галерија информираат дека започнуваат со нудење бесплатни платформи за симнување на дигитални форми на каталози и монографии од досегашни изложби, проекти и активности.

„Наскоро најавуваме и виертуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар.
Во подготвка е и скорешна промоција на виртуелни работилници и уметнички игри за нашите најмали и најмили посетители, децата, кои ќе бидат изготвени од нашиот едуативен тим и ќе одговараат на различни возрасти на деца – дошколска и школска возраст, средно училиште и секако да не ги забораваме и најранливите категории – децата со посебни потреби“, велат од Галеријата.

На 23 март во сите објекти на Националната галерија е извршена дезинфекција на изложбените и работните простории.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Паднати ангели“ на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин

Објавено пред

Амбасадорката на Канада за Србија, Македонија и за Црна Гора, Кати Чаба, и директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, на 10 март, во 19 часот, во објектот Чифте амам, ќе ја отворат изложбата на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин.

Ги Ланжевин (роден на 29 мај 1954 година во Шикутими, Квебек, Канада), дипломирал 1977 на Универзитетот во Троа-Ривиер. Познат е по делата во црна гравура (мецотинта), држи курсеви за магистранди по оваа техника во Канада и други земји (Франција, Белгија, Луксембург, Кина, САД). Еден е од основачите на ателјето Presse Papier и меѓународното биенале на современа графика во Троа-Ривиер. Учествувал во многубројни уметнички проекти како кустос и член на жирито/уметничкиот совет. Излагал на повеќе од 60 самостојни (40 во Канада, 20 во странство) и над 150 групни изложби во Канада и 250 меѓународни изложби во светот.

Од опусот на уметникот на македонската публика ќе ѝ бидат претставени повеќе графики од серијалот „Паднати ангели“. Во овие дела Ланжевин продолжува со истражувањето на некои од дуалитетите што го карактеризираат нашето доживување на животот – светлоста и темнината, сигурноста и сомнежот, сеќавањето и заборавот, но и контрастот помеѓу јаснотијата и неодреденоста на паметењето. Тој избрал во оваа серија да им се посвети на две техники – мецотинта, традиционална техника која бара висок степен на мануелна прецизност и вештина, и дигитална фотографија, која се развива со голема брзина во основна техника на 21 век. Поставката е замислена како целина за изложување, на тој начин правејќи ја инсталација што на гледачот му нуди предизвик и можност за размислување. На „паѓачките ангели“ им се одземени крилјата, исто како што им се одземени облеката и идентитетот на лицата. Тие се со човечко потекло, а набљудувачот може да ги толкува на разни начини.

Техниката мецотинта е една од најмануелните техники во графичките процеси бидејќи за изработување на матрицата – металната плоча, од која се пресликува имиџот на хартија, е потребно да се работи по механички пат со помош на лулашка – специјална алатка за гребење по металниот цртеж. Оттука, оваа изложба има уште една едукативна компонента и става акцент врз старите техники, кои речиси,се на работ на исчезнувањето.

Со таква цел, во соработка со Факултетот за ликовни уметности, во одделот графика во Сули ан, уметникот ќе одржи предавање еден ден пред отворањето на изложбата, на 9 март, во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 час

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт2 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа2 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет13 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет14 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија14 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија19 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија20 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија20 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија21 час

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија22 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион23 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија23 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија24 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија1 ден

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија1 ден

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија1 ден

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Досие