Контакт

Изложби

Изложба на Илина Арсова „Спам“ во Прилеп

Објавено пред

Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток во 13 и 30 часот ќе биде отворена изложбата „Спам“ слики и инсталации од Илина Арсова.

На изложбата ќе бидат прикажани серија од мали формати 25х25 сантиметри, изработени од колажиран и ликовно трансформиран домашен отпад: текстил, хартија и веќе употребени и дотрајани предмети.

-„Спам“ доаѓа од отпадното сандаче на непотребни информации и пошта. Во овој случај му даваме нов ликовен лик на отпадот кој инаку го затрупува нашиот ум и домашен простор. Со тие ситници најчесто сме емотивно поврзани и истите претставуваат интимен дел од нашето секојдневие. Овие новосоздадени дела се во контекст на досегашните ликовни истражувања на тема рециклирање и подигнување на еколошката свест кај народот преку намалување и правилно менаџирање на сопствеиот отпад во полето на дејствување на една индивидуа – се вели во најавата за изложбата.

Малите формати се поврзани во една инсталација која може да се менува, секојпат формирајќи поинаква приказна и колоритна игра. На сликите се сретнуваат разни подлоги од искористени материјали, најчесто завршени со сликарска интервенција со боја и цртеж. Поставката е комплетирана со дополнителни интервенции низ подолг период меѓу 2013 – 2018 година.

Илина Арсова е родена во Скопје 1982, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2005, кога станува и чен на ДЛУМ. Поборник за жаштита на животната средина, вљубеник во природата, височините и адреналинот како значајна врска со ликовното творештво.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Тони Китановски со предавање ќе ја збогати изложбата „Духовите на Африка“ во Музејот на Македонија

Објавено пред

Музичарот Тони Китановски ќе одржи предавање за џезот, утре (21 ноември) во киносалата на Музејот на Македонија со почеток од 12 часот.

Предавањето е во рамките на изложбата „Духовите на Африка“, поставена во Музејот на Македонија, а е со наслов „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“.

Како што информираат од Музејот, предавањето ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20 и 21 век.

Истото се темели врз истражувањата и личните искуства на Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години. По предавањето, ќе следува водење низ изложбата „Духовите на Африка“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Годишната изложба на основните училишта „Дада и јас“ во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Годишната изложба на основните училишта е традиционална изложба организирана од страна на Националната галерија на Македонија. Од досегашните искуства таа преставува одлична можност учениците да ги усовршат своите творечки способности, да го развијат визуелното помнење, да ја ослободат својата фантазија на најдобар можен начин.

„Изложбата ќе биде отворена на 21 ноември во 13 часот во Даутпашиниот амам, а ќе биде презентирана до 24 ноември“, информира Маја Димитрова, едукатор.

Годишната изложба на основните училишта секоја година третира како тема еден од нашите најголеми македонски ликовни автори. На таквиот начин учениците имаат можностда ги прошират знаењата за нашето уметничко богатсво, да ги запознаат уметниците и нивните уметнички дела на најдобар можен начин. Преку делата на еминентните уметници тие учат и за разните ликовни правци, материјали и ликовни техники. По организираните посети на изложбите, кратките предавања за уметникот, како и прикажување документарен филм, учениците се подготвени да учествуваат во креативните работилници создавајќи креации што личат на оние на уметниците. Понекогаш тие се со сосема нов израз, детски, наивен, давајќи секогаш позитивна слика за животот. Така, оваа година учениците од различна возраст својата инспирација ја црпеа од творештвото на Драган Попоски – Дада. Преку забава и игра тие со глината моделираа и создаваа креации многу слични на оние од големиот уметник. Освен со глина, тие свои креации изработија и со стиропор, направија и голем број цртежи, а од сите изработени творби произлезе изложбата со наслов „Дада и јас“.

Ваквите проекти се корисни бидејќи учениците на едноставен начин учат за сите оние вредности што ние како држава ги поседуваме и тие треба да ги негуваме и почитуваме. Отворајќи им ги портите на уметноста, придонесуваме за развој на децата за подобри наши идни генерации.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Објавено пред

Денеска, со почеток во 20 часот ќе биде отворена шестата самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995 г. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на „Пакомак“. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во земјава како и во странство.

 

Во 2017 добива награда „Златна четка“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претставува Македонија на „Ворлд арт Дубаи“ во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинирана во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија4 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија5 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized8 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија8 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски9 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија9 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски9 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија12 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет13 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија13 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“13 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски14 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски14 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа15 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија16 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија16 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија1 ден

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет1 ден

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Досие