Изложби
Изложба на карикатури на Божидар Поп-Антоски

Во 19.30 часот во Кинотека ќе биде отворена Самостојна изложба на карикатури на Божидар Поп-Антоски со наслов „Позиција:Опозоција“. Авторот Божидар Поп-Антоски како постојан набљудувач на општествено-политичките прилики и неприлики преку 21 карикатура дава свој осврт на стварноста со една препознатлива горчливо-духовита нота на своите цртежи.
Божидар Поп-Антоски е роден 1951 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Со свои цртежи, карикатури, се јавил прв пат во 1969 година на страниците на нашето национално гласило за хумор и сатира – весникот Остен. Објавил голем број цртежи и карикатури во Македонија и во Југославија, тн.пр. Остен, Студентски Збор, Нова Македонија, Млад борец, Екран, Комунист, Борба, Нин, Павлиха и други. Препечатуван е и во странство: Рохач (Чешка), Крокодил (Русија), Стршел (Бугарија)…
Со свои самостојни изложби се претставил во Скопје, Кавадарци, Струмица и Куманово. Учесник е на повеќе конкурси, изложби и галерии: Светска галерија на карикатури – Скопје, Југословенска изложба – Славонски брод, Меѓународно Биенале на карикатура Нови Сад, Конкурс за воздухопловна карикатура – Земун, Меѓународен салон на каракатурата – Монтреал, Интернационален натпревар на карикатури – Атина, Интернационален фестивал „Насрадин Хоџа“ – Акшехир. Учесник е на повеќе годишни изложби на Здружението на карикатуристите на Македонија, дома и во странство (Италија, Романија), како и изложбите организирани од весници и списанија. Застапен е со свои цртежи во збирката карикатури на македонски каракатуристи, група „Кикс“ со наслов „Тушот не е вода“. Во 1980 објавил своја прва збирка карикатури со наслов „Песни“, а во 2010 е објавена неговата втора збирка карикатури со наслов „Времето-Цртеж“. Застапен е и во публикацијата „Македонската карикатура“ во издание на Здружението на карикатуристи“ – Скопје. Жевее и работи во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби
Отворена изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерството за култура, денеска ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ во Скопје којашто љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до крајот на месецов, секој работен ден од 9 до 17 часот.
Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.
Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците.
Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат.
На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ: Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.
На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.
Изложби
Во Музејот на современа уметност „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-тите и 80-тите години“

Од утре, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-тите и 80-тите години“ поместена во горниот простор од музејот.
Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос соработник е Благоја Варошанец.
„Идејата на ова проектно размислување како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-тите години, акцентирани преку 70-тите години и на некој начин вклопени во 80-тите години. Продолжетокот на ваквите размислувања е битен и за 90-тите години, бидејќи самата промоција на промените ја актуализираше возбудливата и транспарентна ликовна сцена кај нас“, вели Бочварова.
Проектот е насочен кон барање на релациите меѓу двете децении, со паралели што ја допираат анахроноста на уметничките движења, посебно на првата. Дали се работи за можен континуитет? Како своевиден сегмент е всушност потсетник за јавноста врзани за преобразбите што се подготвени да ги почувствуваат и доживеат случувањата во овие две декади. Блискоста на преобразбите е потврдена со самата презентација во која се вклучени 52 автори, преку 80 дела.
Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје и дел од приватни колекции.
Се работи за мултимедијален проект, во кој се застапени сите ликовни медиуми и во поставката изложени се дела од: Родољуб Анастасов, Тодорче Атанасов, Томе Аџиевски, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски, Владимир Бороевиќ, Жанета Вангели, Васил Василев, Иво Велјанов, Кирил Гегоски, Јордан Грабул, Мирослав Грчев, Божидар Дамјановски, Евгенија Демниевска, Марин Димески, Александар Ивановски Карадаре, Ристо Калчевски, Милош Коџоман, Драгољуб Бежан, Марина Лешкова, Танас Луловски, Петар Мазев, Димитар Манев, Димитар Малиданов, Благоја Маневски, Дарко Марковиќ, Стефан Маневски, Петре Николоски, Станко Павлески, Боро Пејчинов, Душан Перчинков, Драган Петковиќ, Владо Плавевски, Лазо Плавевски, Ана Темкова, Анета Светиева, Глигор Стефанов, Веле Ташовски, Билјана Унковска, Слободан Филовски, Глигор Чемерски, Нове Франговски, Симон Узуновски, Петар Хаџи Бошков, Симон Шемов, Томо Шијак, Јован Шумковски.
Поставката ќе биде отворена до септември годинава.
Изложби
Групна изложба на млади графичари во МКЦ

Група млади македонски графичари – Ана Трајковска, Ивана Секулоска, Јован Јосифовски и Душан Стефановски, ќе ги презентираат своите дела, кои отстапуваат од канонизираното класично поимање на графичката уметност. Преку разни аспекти, преку манипулирањето со техничките, медиумските и стилските концепти ќе претендираат да ги прошират границите на нејзиното поле.
Преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и врз разните материјали (епоксидна смола, линолеумски отпад, гипс, желатинска фолија, лесонит, тул, хартија итн.) авторите помалку или повеќе ќе успеат да ги допрат граничните подрачја и ќе ги прелеат и слеат во други ликовни медиуми во кои непосредно може да се препознаат карактеристиките на проширеното поле на графичката уметност.
Дел од петтемина автори, користејќи ги традиционалните методи на техничката изведба (но, и своевидното рециклирање на графичкиот отпад), со нивниот индивидуален пристап, всушност ќе ја манифестираат флуидноста на графичкиот медиум и прелевањето во интермедијалноста, која морфолошки ќе се артикулира во скулптурата, модниот дизајн, висечката инсталација, колажите и графитите. Иако концепциски и стилски меѓусебно се сосема диференцирани, сепак дифузната графичка линија на целата изложба го претставува оној заеднички именител што го означува примарниот интерактивен елемент, со кој авторите ќе го воспостават внатрешното дијалогизирање помеѓу делата, кои поединечно ги артикулираат разните поетички наративи: еколошките, социополитичките, феминистичките и културолошките.
Тие ќе бидат артикулирани преку презентирањето на двострано испечатениот, т.е. транспарентноста на античкиот скулпторски портрет на Ана Трајковска, како и транспарентноста на модниот дизајн на Ивана Секулоска; фрагментирањето и спојувањето на деловите во целоста на исклучителните критички колажи на Јован Јосифовски и трансферирањето на уличната уметност во галериски простор на Душан Стефановски, така што во сите дела на авторите може да се забележат автентичните индивидуални дискурси. Иако нецелосната виртуелна рецепција на делата од потписникот на овој текст се чини сомнителна, сепак се надеваме дека нема да биде големо промашувањето од менталното проектирање до реалното презентирање на делата. Исто така, се надеваме дека оваа изложба нема да биде единствена од ваков вид и дека во иднина на авторите ќе имаат уште поголем предизвик за натамошно истражување и исчекорување од класичната графичка уметност.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?