Контакт

Изложби

Изложба на слики од Владимир Темков

Објавено пред

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје вечерва, во 19 часот, ќе биде отворена изложба на слики од современиот македонски сликар Владимир Темков. На изложбата авторот ќе се претстави со триесет дела создадени во последниве неколку години.

Изложбата ќе ја отвори и за богатиот опус на Темков ќе говори писателот Блаже Миневски.

Со оваа изложба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските уметници.

Изложби

Отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“

Објавено пред

Во Ресенскиот сарај синоќа беше отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“ од Игор Ефтимовски, млад ресенец кој од неодамна е дипломиран археолог.

Во рамките на оваа изложба се претставени економските фази на развојот на Преспа во минатото почнувајќи од земјоделството како основна дејност уште од времето на неолитот пред 8.000 години. Опишано е и сточарството, а голем акцент е ставен на рибарството како дејност со која населението се занимава од памтивек. Покрај автохтоните риби, опишани се и чуновите со кои специјално се ловело риба во ова езеро.

„Целта на изложбата е да се сврти вниманието на јавноста кон економските гранки што традиционално, што, природно, во однос на живеењето на населението било одгледувано и работено во Преспа. Оваа изложба би сакал да ги инспирира луѓето денес да размислуваат што може да се работи, а може и да се отвори некоја нова компанија“, рече Ефтимовски.

На изложбата е опфатен и делот на производството на керамика во Преспанскиот Регион како важен сегмент од економијата во регионот, од што произлегува и ресенската керамичка колонија како членка на меѓународната академија за керамика при УНЕСКО.

Дел од изложбата е посветена и на бојаџиството, металообработката и трговијата. Ќе бидат претставени и монетите што циркулирале на територијата на Преспа во минатото.
Ова е прва изложба од ваков вид во Преспа, која има огромно значење за историските показатели во развојот на економијата на оваа територија. Организатор на изложбата е Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективнa изложба на Танас Луловски – Тане во Даутпашиниот амам

Објавено пред

НУ Национална галерија на Македонија, во рамките на својата годишна јубилејна програма за 2018 година, организира ретроспективнaта изложба на Танас Луловски – Тане како еден од доајените на македонското современо сликарство, кој даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Изложбата ќе биде отворена на 20 декември во 19 часот во изложбениот простор на Даутпашиниот амам.

„На изложбата која претставува одбележување на повеќедецениското творештво и каракатеристичен авторски белег на овој наш еминентен сликар Танас Луловски – Тане, ќе бидат поставени дела (слики и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое почнува во 60-тите години на минатиот век. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации на ликовни автори, а земaјќи предвид дека досега не е напаравено вакво ретропсективно прикажување, и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 10-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност“, велат од Национална галерија на Македонија.

Изложбата ќе содржи слики и цртежи од разни творечки периоди на Танас Луловски – Тане. Делата што ќе бидат претставени се сопственост на семејството на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица), како и на значаен број приватни сопственици. Изложбата ќе биде отворена до 20 февруари в година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Во Скопје изложба на уметнички дела од ликовната колонија „Вевчански видувања“ 2018

Објавено пред

Во НЛБ Галерија во Скопје, денеска (17 декември) свечено ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018.

„Мозаик од бои“ е насловот на каталогот кој оваа колонија го изготвува традиционално пред изложбата во Скопје и истиот ќе можете да го погледнете токму на отворањето на изложбата. Во него има воведно обраќање на организаторот, самите дела кои се насликани на овогодишната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ 2018, како и информации за уметниците. Истиот се издава на македонски и англиски јазик.

Инспирацијата за творење во Вевчани и оформување на своите врвни уметнички дела таму годинава ја најдоа уметниците Ацо Станкоски, Ефтим Ристов, Никола Пијанманов, Ставре Димитров Стадим, Ниче Василев, Станко Георѓиески, Доне Милјаноски, Живко Попоски Цветин, Дамјан Затуроски, Цветанка Јованова и Петар Попчев од Република Македонија, како и уметниците Драгана Кнежевиќ (Србија), Светислав Савковиќ (Србија), Хо Ми Ан (Франција), Герард Гален (Франција), Златка Пентова (Бугарија), Анже Скалжунски (Полска), Јелена Савиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Јенс Линдвквист (Шведска), Осијан Теселиус (Шведска), Маркус Јохансон (Шведска), Петар Белишки (Бугарија) и Јуре Самец (Словенија).

Веќе 9. година на крајот на месецот јуни, во ресторанот „Виа Игнација“ во Вевчани се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манифестација имаат земено учество над 300 еминентни ликовни уметници од Република Македонија и од странство. Делата на оваа колонија до сега беа изложувани во светските уметнички центри како Њујорк, Москва и Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да...

Европа56 минути

Постигнат договор во ЕУ: Се забранува пластиката за еднократна употреба

Европската Унија постигна договор за забрана за користење на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии и сламки,...

Топ1 час

Полицаец загина во железничка несреќа кај Маџари

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје....

Свет1 час

Трамп формираше вселенска команда во Пентагон

Претседателот на САД, Доналд Трамп формираше вселенска команда во рамките на Пентагон со цел подобро да ги организира и да...

Македонија2 часа

Голем одрон на патот Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин

Поради голем одрон патниот правец А3 Каменица – Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку...

Свет13 часа

Се затвора проблематичната добротворна фондација на Трамп

Хуманитарната фондација на американскиот претседател, Доналд Трамп, прифати да биде затворена по наводите за злоупотреба на финансиски средства, јави Би-би-си....

Македонија16 часа

Пратениците едногласно го донесоа Законот за амнестија

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците го донесоа Законот за амнестија. Пратениците од Алијанса за Албанците,...

Македонија17 часа

(Видео) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија19 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија19 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања19 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија19 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија20 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија21 час

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток22 часа

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ22 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија22 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ23 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Досие