Контакт

Изложби

Изложба на Филип Лафазановски во Унгарија

Објавено пред

Самостојна изложба на фотографии на 19-годишниот студент Филип Лафазановски беше отворена на 31 мај во Сегед, Унгарија, како дел од музичкиот фестивал „Грибедли фест“. На изложбата беа претставени 15 фотографии снимени во периодот од 2015 до 2019 година.

Изложбата ја отвори и организира Акош Важоњи, стипендист од Унгарија, кој е на двегодишен престој во Македонија.

Филип е член на фотосојузот на Македонија, а досега има учествувано на повеќе од 20 групни изложби во Македонија, Србија, Унгарија и Бангладеш, каде што има освоено и неколку награди. Негови фотографии се објавени во книгата WeStreet Book 2016 и во Urban Eye Magazine. Беше дел од изложбите „Нови тенденции во македонската фотографија“ во Чачак, Србија, 2017, и „Актуелен момент во македонската современа фотографија“ во Скопје, 2018, во организација на фотосојузот на Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во просториите на „Гранд кафе Сегед“ до крајот на летната сезона, а беше опишана како „слика за монотоната урбана алчност и игривата виртуозност“. Ова инаку е втора самостојна изложба на Филип Лафазановски, двете се во Унгарија, првата беше во градот Печуј во 2017 година во галеријата на Civil Közösségek Háza.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Прва самостојна изложба на Марија Ќурчиева

Објавено пред

На 25 јуни (четврток) во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје), со почеток од 19 часот ќе се отвори првата самостојна изложба на Марија Ќурчиева насловена „Движење“.

Марија Ќурчиева (родена 2002) учествувала на ликовна колонија во рамки на своето основно образование. Го продолжила образованието во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, каде што сè уште е ученик (отсек сликарство).

Покрај формалното образование, Марија е член на „Ателје 49“ од 2013, првично како ученик со стипендија, а од 2018 како подучувач на деца од предучилиштна возраст.

Во текот на нејзиниот сликарски ангажман учествувала на проектот Creative minds of the world (меѓународен проект) каде што во конкуренција на околу 2000 уметници од целиот свет била избрана во првите 200, кои ќе влезат во каталогот од проектот.

Во рамки на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ и „Ателје 49“ учествувала на групни изложби.

„Движење“ е прва самостојна изожба на Марија Ќурчиева со која преку визуелната уметност го покажува внатрешното движење изразено преку малите детали од секојдневниот живот.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски во Чифте амам

Објавено пред

Месециве наназад сите ние функционираме во поинакви услови, кои на почетокот изгледаа чудни и тешко прифатливи за денес да се сведат на „нова нормалност“. Се прифатија условите во кои неминовно се креират концепти на различен начин на комуникација при задолжителна социјална дистанца. Националната галерија на самиот почеток испорача неколку интерактивни проекти, како „Уметнички дневници“, „Уметнички предизвик“, „Нашите херои“ со цел да ја одржи врската со публиката, да се престрои во условите на „новата нормалност“ и да ја адаптира реализацијата на програмата.

Првиот програмски проект за оваа година „Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски сé надоврзува на неговите претходни проекти во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу природата и човекот, нешто што и по најновата криза низ која минува човекот со пандемијата на вирусот Ковид- 19 се покажа како особено нужна.
Од културната стратиграфија, како инспиративен момент се пејзажните фасцинации, кои и претходно биле својствен мотив за неговиот творечки сензибилитет. Специфичноста на овој проект, но и на претходните е препознатлив по материјалите со кои ги моделира неговите дела, колоритот и структурата, но и формата која секогаш има да пренесе некаква симболика. Многубројните варијанти на трновита вегетација која ја има во изобилство во неговата непосредна близина се еден од основните модули со кои ја гради структурата.

Станува збор за трновита вегетација која по бербата ги задржува цврстата структура и колорит. Таа нуди можност за пристап кон уметничкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува сè порелевантно и социјално ангажирано. Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини. Обликот на трнот, од друга страна, е мошне актуелен симбол на самиот вирус кој ја нападна нашата планета и го смени начинот на нашето функционирање и општење. Оваа сличност е сосема случајна и нетенденциозна, но со самото тоа концептот и изборот на материјал стануваат мошне рецентни.

Идејниот проект „Пејзажни фасцинации 20” ќе биде изграден во поткуполниот простор на големата галериска сала во Чифте амам, кој со својата специфична архитектонска градба, со богата архитектонска пластика ќе претставува посебен инспиративен предизвик.

Инсталацијата ќе ја сочинуваат неколку сегменти кои во повисокиот дел ќе завршуваат во кружна форма следеќи ја куполната форма. Кругот како омеѓување на куполата ја изразува комплексноста на човекот во сите негови аспекти и космичкиот видокруг, кој ќе се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови.

Оваа инсталација ќе почне да се гради од 22 јуни и самиот проект ќе го опфати и процесот на постепена конструкција и финализирање. Текот на процесот ќе го следите онлајн, вклучително со објави, фотографии, видеа и разговори преку нашите социјални мрежи.
Следете го овој настан и дознајте повеќе.

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Тамара Забазноска

Објавено пред

Со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе се отвори изложбата „Натура“ на Тамара Забазноска. Мерките за претпазливост се строго почитувани.

Тамара Забазноска е интердисциплинарен уметник и архитект. Родена во Скопје 1987 година ги стекнува првите знаења преку енциклопедиите и бајките, за понатаму да го насочи својот интерес кон математиката, геометријата и релациите во просторот.

Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија7 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија7 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија9 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ9 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија10 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет11 час

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион11 час

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион13 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет14 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион14 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ14 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија15 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион16 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија17 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион17 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија17 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион1 ден

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион1 ден

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион1 ден

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Досие