Контакт

Изложби

Изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“ во Музејот на град Скопје

Објавено пред

ЛГБТИ-центарот за поддршка организира изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“, што ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот во Отвореното графичко студио – Музеј на град Скопје.

Проектот „Во кожата, длабоко: +60“ беше започнат за време на програмата за уметнички престој „Инстинкт. Берлин“. Фотографот Рафаел Медина портретира девет голи геј-мажи, сите од нив на возраст над 60 години, кои живеат во Берлин. Серијата од 35 мм црно-бели фотографии и краткиот документарец претставуваат визуелно истражување на нивната сексуалност и нивниот однос кон нивните тела.

„Во портретирањето на старите геј-мажи фотографот го отвора прашањето за стареењето во геј-заедницата; заедница каде што стандардите за убавина и младост се дури и повисоки отколку оние во мејнстрим-заедницата. Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните заедници се опустошени од ХИВ/СИДА. Тие со децении се бореа за видливост и инклузија. Тие беа клучни за денешното прифаќање на квир-луѓето. Сега, на зрела возраст, тие повторно треба да направат парадоксално искуство: тие, кои се бореа за видливост, повторно се третирани како невидливи, но овој пат од нивната заедница“, велат организаторите.

Рафаел Медина е бразилски фотограф, кој живее и работи во Берлин. Неговата работа се фокусира на портретирање на квир-сцената и ги обработува сексуалноста, родовите улоги и прашањето за прифаќањето на телото акцентирајќи ја различноста на телата.
Рафаел исто така е основач и креативен директор на FLSH Mag, колектив што ги адресира прашањата за телото и сексот фокусирајќи се на плуралноста на машката голотија, видливоста на десисентните тела и (де)морализацијата на сексот преку статии, фотоедиторијали и забави покрај другите активности.

„Инстинкт. Берлин“ е експериментален уметнички проект кој спојува мрежа уметници што ги доведуваат во прашање машкоста, родовите улоги и општествените очекувања преку естетско експериментирање, дијалог и создавање заедница.

Изложбата ќе биде отворена до 18 март.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Објавено пред

Денеска, со почеток во 20 часот ќе биде отворена шестата самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995 г. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на „Пакомак“. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во земјава како и во странство.

 

Во 2017 добива награда „Златна четка“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претставува Македонија на „Ворлд арт Дубаи“ во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинирана во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на фотографии за проектот ,,Во моите чевли/In my shoes”

Објавено пред

Во рамки на годинешната програма поддржана од Министерство за култура на Република Македонија, на 17 ноември (сабота) 2018 година, во Mултимедијалниот центар „Мала станица” (19 часот) ќе се отвори изложба на модни фотографии, како завршна фаза од проектот со наслов „Во моите чевли”.

Проектот имаше за цел да ги истражи потребите на лица со попрeчен вид, церебрална парализа и Даунов синдром, при процесот на селекција и купување облека. Посетителите на овој настан ќе имаат можност да се запознаат со индивидуалните потреби на секој од учесниците и различни начини како може да се воведат нови инклузивни решенија во текстилната индустрија во Македонија, со фокус на малопродажните канали.

„Инспирацијата за создавање на овој проект дојде од предизвикот со кој се соочуваат лицата со попреченост во процесот на селекција, купување и користење на облеката, времeто што им е потребно да се облечат и подготват наутро, помошта што им е неопходна за селекција на облеката или облекување на истата, информациите за одржување на облеката, постојаната потреба за корекција и адаптација на облеката, како мал дел од предизвиците на лицата со попреченост“ – велат авторите на проектот: Маја Ѓуреска (моден дизајнер), Антонија Гугинска Јорданова (моден дизајнер) и Росица Колева (специјален едукатор).

Благодарение на професионалноста и соработката на учесниците: Јулијана Петковска, Никола Колев, Ема Ананиевска, Игор Петров и Искра Донева, како и соработниците и поддржувачите на овој проект: Fashion Group – Скопје, Музеј на современа уметност, Елена Бојаџиева (автор на фотографија), Мартина Димовска (комуникации), Гораст Цветковски, Ирена Сенокозлиоска (шминка), Јована Соколоски (фризура), Винарница Картал, Винарница Камник, Пиварница – Скопје и сите останати пријатели, овој проект в сабота ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани. Изложбата ќе биде поставена за посетители до 20 ноември  2018 г., а влезот е слободен.

Прикажи повеќе...

Изложби

В понеделник самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Објавено пред

Во понеделник, 19 ноември, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена шестата самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно почнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му овозможува да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега учествувал на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година некои од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12. саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање во организација на „Пакомак“. Во 2015 година станува член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во земјата, како и во странство.

Во 2017 добива награда „Златна четка“ од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски – Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на „Ворлд арт Дубаи“ во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинира во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјата и странство. Во неговите дела, покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепија, пастел).

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија3 часа

Премиерите на Западен Балкан на појадок кај Курц, Заев ја откажа поканата

Австрискиот канцелар ги повика денеска на работен појадок во Виена премиерите на Западен Балкан. Премиерот Зоран Заев, кој претходно беше...

Македонија13 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт13 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа16 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести17 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија18 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет20 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија20 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски22 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет22 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион23 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Досие