Контакт

Изложби

Изложба на фотографии „Златниот антички наод од Неготинско“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово

Објавено пред

Со почеток во 13 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на фотографии (24) на којашто ќе биде промовиран златниот антички наод од Неготинско. Изложбата е во рамките на повеќегодишната добра соработка помеѓу Музејот на Град Неготино и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

dobivaj vesti na viber

Археолошкиот локалитет „Орманков гроб“ се наоѓа во непосредна близина на Неготино, поточно на 6 километри јужно од Неготино на самиот автопат Скопје-Гевгелија. Локалитетот се наоѓа на јужната страна од селото Тремник на оддалеченост од 200 метри на природно возвишение кое доминира над својата околина. Од локалитетот се отвора широк поглед кон север до планината Клепа, на исток кон планината Серта, на југ кон Демиркаписката Клисура и на запад кон планината Кожуф.

Во август 2008 година при археолошко истражување од страна на стручна екипа од Музеј на град Неготино, под раководство на кустос-советник археолог Кире Ангеловски, на длабочина од 0,35 до 0,50 cm., се пронајдени повеќе предмети од златен накит и монети кои што датираат од IV-III век пр.н.е, и тоа:

– 2 (две) монети-статери со ликот на Филип II и Александар III,

– 4 (четири) фибули од малоазиски тип со по пет ѕвездести украсни испусти на лаковите, нозе со масивни стилизирани змиски глави и глави во вид на палмов лист,

– 31 примерок на златни висулци во  форма на копје,

– 32 примерок на златни висулци во вид на лешник,

– 484 кружни алки украсени со гранули,

– 84 мали кружни алки со три реда гранули,

– 2 (два) златни завршетоци од ѓердан во вид на палмети,

– 4 (четири) златни цилиндрични цевчиња од ѓердан украсени со филигран и гранулација,

– 1 (една) мала дводелна кутија (пиксида) од злато во цилиндрична форма богато украсена со филигран и гранулација

– 1 (една) импресивна украсна релјефна плочка-медалјон со претстава на Посејдон кој држи тризабец во левата рака, а лево и десно фланкиран со протоми на два коња.

Вкупната тежина на овие предмети изнесува околу од 1 кг богато со 22% каратно злато. Се претпоставува дека припаѓал на истакнат војник-офицер по потекло Пајон од Антигонеа, кој сигурно бил во војската на Александар Македонски додека војувал во Азија, и по враќањето го носи сиот овој златен накит, со кој потоа бил погребан.

Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век пр.н.е. претставува еден од најзначајните и најрепрезентативни наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на РС Македонија. Ова извонредно културно богатство беше презентирано во престижниот национален Келтен-Ромер музејот во Манхинг, Германија, заедно со златната маска од Охрид и како составен дел од изложбата со наслов „Златното лице на непознатиот крал“, проект кој се реализираше со

Поддршка на Комисијата за образование, аудиовизуелност и култура при ЕУ во рамките на проектот Clash of cultures (Судир на култури).

Денес се наоѓа во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје каде е достапен за пошироката светска јавност. Изложбата со фотографии досега е претставена во Неготино и Кавадарци.

Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 4.5.2022 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Продажна уметничка изложба „Времеплов“ на Кате Биновска

Објавено пред

Утре, од 16 до 20 часот, Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС ги отвора вратите на својот дом (центарот) за културните дејци, каде што преку афирмација, изложба и продажба на нивните дела би обезбедиле средства за одржливост на центарот.

dobivaj vesti na viber

„Ги отвораме вратите за поддржувачи на култура, поддржувачи на заедницата, емпати, луѓе што веруваат во заедничко подобро утре. Со збогатување и развој на активностите во центарот ќе се даде поквалитетна помош за ресоцијализација и рехабилитација на луѓето што употребуваат дроги и нивните семејства, стекнување поголема доверба кај нив, како и придонес кон самоодржливоста на центарот“.

Првата уметница што ќе ја има честа да има своја продажна ретроспективна изложба „Времеплов“ е Кате Биновска. Родена е 1984 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, отсек графика и графички дизајн.

Таа зела учество на повеќе изложби, меѓу кои изложбата GraphICON во Отвореното графичко ликовно студио на Музејот на Град Скопје во декември 2008 година, со својата графика „Спротивно од одразот“. Графиката со име „Филм“ во техника акватинта била избрана да биде дел од изложбата организирана од Друштвото на ликовните уметности на РС Македонија, во Музејот на Домот на АРМ во Скопје. Истата таа 2009 година во ноември, на изложбата за минијатура во Музејот на АРМ, го освојува второто место со графиката „Г“, техника линорез.

Кате била дел од проектот за оживување на Старата чаршија во Скопје“ – „Филигран и рачно изработени теписи“, воден од германскиот проф. Ханс Херприхт. Стажирала во Музејот на уметностите во Нимберг, Германија, помагајќи при организирање изложби, како и дизајнирање и изработка на рачно изработен накит од сребро.

Во Амбасадата на РС Македонија во Виена во 2017 година, по иницијатива на невладината организација Kultur Ohne Grenzen, била одржана првата самостојна изложба на Кате. Истата година во Варшава, Полска, биле одржани уште две изложби, од кои едната била поддржана од Амбасадата на Република Северна Македонија во Полска.

Девет години живеела и работела во Полска, каде што има направено неколку мурали и неколку дигитални решенија за двете најголеми банки во Полска (Bank Zachodni, Santander Bank). Моментно живее во Македонија и се занимава со рачно цртање дизајни на текстил и со графички дизајн.

Прикажи повеќе...

Изложби

Отворање на изложбата „Гозби за живите, предците, боговите и светците“

Објавено пред

Музејот на Република Северна Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите со поставување на изложбата „Гозби за живите, предците, боговите и светците“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата ќе биде отворена в среда, 18 мај, во 12:00 часот и влезот за посета на музејските поставки ќе биде слободен до недела, 22 мај 2022 година.

Гозбите претставуваат посебни оброци по својата природа, како и по количината на храната којашто се дели меѓу поширок круг на луѓе. Тие се повод не само за јадење и разговор, туку и за музички изведби, свечени говори, молитви и жртви, политички мотивирани собири и трговии. Гозбите се сеприсутни низ човековата историја, но археологијата не може јасно да ги дефинира. Оттаму, сознанијата за нив ги бараме во етнографските записи, особено за темите како што се ритуалот, церемонијалната размена и жртвувањето. Така преку денешните ритуали и прослави забележани во нашата традиција, добиваме целосната слика која зборува за многу традиции кои водат потекло длабоко во минатото. Оваа изложба е еден семиотички пристап каде преку јадењето и пиењето, како особено моќни медиуми, се опфаќа човековиот живот, неговото битисување во општеството, верувањата и обичаите.

Изложбата обработува четири теми, преку кои се раскажува приказната за гозбите. Преку прослави кои се врзани за секојдневниот живот на луѓето и ги одбележуваат нивните важни моменти, свадби и крштевки, но и поводи за подготвување на заеднички гозби, како принесување крвни жртви, курбани, погреби и помени. Со тоа се затвора дел од циклусот на животот на човекот. Овој наратив се следи преку повеќе медиуми како музејски предмети, уметнички и документарни фотографии и документарни филмови.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2022“ во Куманово

Објавено пред

Овој четврток (19 мај 2022 година) во Куманово, со почеток во 19 часот, во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово ќе биде отворенa клупска изложба на фотографија „Мајски салон 2022“. Изложбата е во организација на фото-кино клубот „Козјак” – Куманово и ќе содржи 44 фотографии на членовите на клубот. Покровители на изложбата се градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Народна техника и НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, a истата е под патронат на Фотосојуз на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Уметноста е продукт на културата, таа е вид на естетска комуникација помеѓу авторот и публиката, а нејзина главна цел е презентација на едно субјективно видување на постоењето. Пораката на уметничкото дело може да биде насликана, напишана, извајана, отсвирена, а може и да биде заробена во еден единствен момент фатен со скаменетото око на фотоапаратот.

Фотографијата истовремено е уметност, наука и практика, која ја има таа моќ да раскажува приказни преку боите, мигновените изрази на лицето и телото, пејзажите, движењата и емоциите фотографирани и ставени во рамка. Иако строго визуелна по дефиниција, нејзината порака се чита со сите сетила и допира до секоја емоција.

Една ваква уметничка презентација на светот гледан низ објектив, претставува и овогодишната клупска изложба на Фото-кино клубот „Козјак“, „Мајски салон 2022“. Публиката ќе има можност да види четириесетина фотографии, мигови од реалноста, специфичен вид на сведоштва за она што, низ уметничката перспектива на нашите членови, значи да се биде ОВДЕ и СЕГА. Оваа изложба има за цел да го презентира и надополни естетскиот сенс за уметничката фотографија, кој го гради нашиот клуб веќе половина век. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која ѝ пристапуваме на оваа уметност и претставуваат уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има ФКК Козјак.

Изложбата ќе биде поставена до 1.6.2022 год.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија6 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет7 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија9 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет11 час

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија12 часа

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија13 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија14 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија15 часа

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија16 часа

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет16 часа

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија17 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ17 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет17 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет18 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...

Свет18 часа

(Видео) Ова е напаѓачот што уби 18 деца – објавена е снимка пред да го почне масакрот

Вооружен напаѓач уби 18 деца и наставник во основно училиште во Увалде, Јужен Тексас, објави гувернерот Грег Абот, пренесоа АФП...

Свет18 часа

Наставничка е првата идентификувана жртва од масакрот во Тексас – се обидела да ги заштити децата од напаѓачот

Голема трагедија се случи вчера во САД кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик...

Свет19 часа

Лансирани три балистички проектили во Северна Кореја кога Бајден го напуштил регионот

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја лансирала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле лансирани...

Свет19 часа

Бајден по крвопролевањето во Тексас: Мора да направиме нешто, децата како да се на бојно поле

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на нацијата неколку часа по големото крвопролевање во основното училиште во Тексас, каде...

Европа1 ден

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...