Контакт

Изложби

Изложба на фотографии „Морски импресии“ во Куманово

Објавено пред

Со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на фотографии „Морски импресии“ од авторот Рајко Р. Каришиќ од Белград – Република Србија.

Рајко Р. Каришиќ роден е на 5.11.1952 година во Бачко Добро Поље, општина Врбас. Дипломирал на Машинскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад. Со фотографија почнал да се занимава од април 1973 година во Фото-кино клубот „Машинац“ на Машинскиот факултет во Нови Сад. Досега имал околу 100 самостојни изложби во својата земја и во странство: Белград 1998, 2003, 2008, 2011; Заечар 2005; Котор 2005; Пале 2007, Нови Сад, Врбас, Кула, Кикинда, Сирогојно, Петровац на Млави, Неготин, Ниш 2010; Чигота – Златибор 2003, 2011; Москва (Русија) 2010 во рамките на VIII Меѓународно биенале на фотографијата; Нови Бечеј 2011; Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград 2011, 2015; Гевгелија 2011, 2013, 2015; Кавадарци (Македонија) 2015; Санкт Петербург (Русија) 2012; Лозница 2012, 2014; Александорвац Жупски 2013; Нови Бечеј 2013; „Галерија 73“ во Белград 2014; Галерија на РТС во Белград 2015; ЦЛУ „Гварнериус“, Белград 2015, а учествувал и на над двесте колективни изложби во својата земја, но и Канада, Австрија, Шпанија, Романија, Унгарија, Црна Гора, Македонија, Република Српска и др. Носител е на високото звање Кандидат мајстор на фотографијата на Фотосојузот на СЦГ. Досега има изработено 98 авторски книги и фотомонографија. Покрај овие публикации, обработил и реализирал 21 минимонографија на манастири и цркви на Српската православна црква. Учествувал и во изработката на над 10 други монографии и реализирал над 100 каталози и плакати за своите изложби, за изложбите на познати сликари, каталози за ликовни колонии и собири. Активно учествувал и во работата на над 80 ликовни колонии и собири.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на културата „Илинден“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12 часот, во Домот на културата „Илинден“ во општина Илинден, ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, со 40-ина дела.

Прикажи повеќе...

Изложби

Познатиот уметник Драган Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба

Објавено пред

„Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ е насловот на мултимедијалниот проект на познатиот уметник Драган Спасески Охридски, којшто заедно со пресекот од неговите најзначајни ликовни и поетски дела ќе биде промовиран во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, утревечер, со почеток во 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.

Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“.

„Оваа година славам 30 години творештво. Насловот на овој мултимедијален проект е ‘Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил’. Проектот се состои од два дела, едниот дел е промоција на книга со истиот наслов ‘Спокоен сум ко врвот…Не прашувам зошто сум се извишил’ и пресек од досегашното творештво ќе биде презентиран во катедралната црква ‘Света Софија’. Промотор ќе биде проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе чита актерот Димитрие Доксевски. Другиот дел ќе се одвива на терасата ‘Аквариус’ каде што исто така ќе биде презентирано дел од моето творештво, ‘Охридските ангели’, компјутерска графика. Гости ќе бидат ‘Кукузел’, млади уметници кои се занимаваат со музика“, најави уметникот Драган Спасески Охридски.

По повод тридецениот творечки јубилеј на Драган Спасески Охридски, градоначалникот на Охрид, кој е колега, но пред сè пријател на Спасески, вели дека големо богатство е Охрид да има ваков сестран интелект каков што е токму Спасески Охридски.

„Со Драган Спасески Охридски сме пријатели и колеги повеќе од две децении. Сакам да му честитам за 30-годишниот јубилеј на едно извонредно творештво на повеќе полиња и да му се заблагодарам за сите совети и патишта на кои ме насочил во животот. Како градоначалник на Охрид, би истакнал дека вистинско богатство е да имаме еден ваков сестран интелект во градот,а потоа и доктор, и уметник, и пред сè човек. Сум ги посетил повеќето негови изложби, а со нетпрпение очекувам да ја погледнам и последната изложба“, вели Георгиески.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија е доктор специјалист ортопедски хирург.
Досега ги реализирал следните мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сè трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), речиси сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.
Спасески Охридски е голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Бранови и мисли“ – изложба на слики од Наташа Попоска Карче

Објавено пред

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе биде отворена самотојна изложба на слики под наслов „Бранови и мисли“ од Наташа Попоска Карче.

Изложбата ќе биде отворена во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот.

Наташа Попоска Карче е родена 1972 година во Охрид. Стоматолог по професија, од 2013 година, почнува да го моделира и создава својот ликовен и интимен сензибилитет создаваќи реални но и имагинарни пејзажи кои го отсликуваат нејзиниот динамичен и исполнет живот.

Длабоко во нив, помеѓу четката и платното можеме да следиме сенки, да го допреме дното, да ја чуеме тајната на езерото…
Во август 2016 година, ја одржува самостојната изложба во Охрид на Терасата во Аквариус, а во јули 2017 година, учествува на манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца .

Прикажи повеќе...

Најново

Регион11 час

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет11 час

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион12 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа12 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ14 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ15 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија17 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија18 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија21 час

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ21 час

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија21 час

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија22 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа23 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет23 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет1 ден

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет2 дена

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија2 дена

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет2 дена

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт2 дена

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Досие