Контакт

Изложби

Изложба на фотографии од Роберт Јанкулоски – „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“

Објавено пред

Изложбата на фотографии од Роберт Јанкулоски, „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во мобилната галерија во Паркот на франкофонијата.

Самиот наслов на проектот „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ претставува цитат позајмен од еден графит што беше напишан на фасадата на Архитектонскиот факултет во Скопје кон крајот на деведесеттите години на минатиот век. Тој период беше актуелна ѕидната/уличната комуникација, особено кај младите што на тој начин ги коментираа актуелните настани.

„Во мојата архива се наоѓаат повеќе од 1.100 негативи што досега не се изложени. Графитите активно ги снимав во период од пет години (1995-2000) на црно-бел филм со панорамски фотоапарат. Фотографиите се снимени во документарен стил и во манир на т.н. улична фотографија. Самите текстови се само дел од фотографијата, иако на некои од нив доминира текстот кој е искористен како дел од фотогрфската композиција. Градот Скопје го користам како инспирација или како подлога во повеќе мои проекти, како што се ‘Си ју, си ми, 1998-2001’ и последниот мој проект ‘Инстант-семејства – мултипликација на љубовта, 2017’“, вели Јанкулоски.

Тој додава дека централното градско јадро драстично ја промени својата структура во последните десетина години, така што некои згради личат како да се компјутерски вметнати во фотографската композиција. Црно-белите фотографии од деведесеттите години се отпечатени на метални плочи, а неколку фотографии снимени минатата година се отпечатени во боја на хартија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ од денеска ќе биде отворена галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа третата самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Нова изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска

Објавено пред

Третата самостојна изложба на дизајнерката Јованка Јанкоска, насловена „Хексагон“ ќе биде отворена утре во галеријата Eville Soe во Софија.

„Хексагон“ е новиот инспиративен предизвик на Јованка Јанкоска, филигрански осмислен и на оваа трета самостојна и прва меѓународна изложба. Со сребрената жица како медиум Јанкоска ги синтетизира традиционалните и модерни креативни тенденции така што хексагонот, што е во основата на формата, низ оплеменување со филигранот во техниката и методите на создавањето, добива универзални уметнички димензии. Накитот создаден со уникатна и впечатлива естетика, како оригинално, единствено надополнување на убавината на жената, едновремено е и впечатлив изложбен експонат на Хексагон“, наведуваат организаторите во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека изложбата традиционално е со продажен карактер и ќе трае до 9 декември.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Чудниот рај“ на Сашо Блажес во Скопје

Објавено пред

Денеска, во галеријата „КО-РА“ во Скопје ќе биде отворена изложбата „Чудниот рај“ на ликовниот уметник Сашо Блажес од Охрид.

Изложбата која ќе трае до 23 ноември претставува прво претставување на авторот пред скопската публика со дела работени меѓу 2005 и 2013 година.

Изложбата ќе биде отворена за посета секој ден освен викенд од 8:30 до 16:30 часот.

В петок ќе бидат изложени дела обединети под еден наслов „Чудниот рај“, дела изработени во периодот од престојот во Букурешт од 2005 до 2013 година. Делата естетски се осврнуваат на проблемите во цртежот, комбинирањето со други графички елементи, но и сликарски моменти и премрежја.

За неговото творештво кураторот на изложбата, Виолета Калиќ, кажа дека „Чудниот рај“ е можност да се допре дел од инспирацијата, која допира многуслојно опсервирање на човековата природа.

„Имаме и еден свет кој е и личен и универзален во ист момент, конгломерат на надреални собитија.Тоа е една растреперна атмосфера каде јавето и сонот се поклопуваат, глобалните проблеми и сништа сето она што едно човечко битие успева да го апсорбира во свеста и потсвеста“, вели Калиќ.

Блажес дипломирал и магистрирал на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија како еден од најдобрите студенти на графичкиот отсек. Досега Блажес има изложувано во Берлин, Букурешт, Венеција, Њу Јорк, Темишвар, Сараево и Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Регион7 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија9 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија9 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија10 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија11 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија12 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија12 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија14 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија14 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија15 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија16 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија16 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија16 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет16 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија18 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија18 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија19 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Досие