Контакт

Изложби

Изложба на фотографии „Париски перспективи“ на Роберт Јанкулоски

Објавено пред

Изложбата на фотографии „Париски перспективи“ на македонскиот уметник Роберт Јанкулоски, ќе биде отворена в четврток на 24 јануари, во 18 часот, во просториите на Францускиот институт во Скопје.

Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето „Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкулоски, Директор на Македонскиот центар за фотографија, еминентен познавач на делото на браќата Манаки и актуелен Декан на Катедрата за визуелни уметности при Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје, ќе направи ретроспектива на неговото дело и ќе говори за старата фотографија како инспирација во неговата работа.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари во излогот и во просториите на Францускиот институт во Скопје.

Македонскиот визуелен уметник Роберт Јанкулоски е роден во 1969 година, во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на Катедрата за камера. Тој има богато искуство особено во доменот на старата фотографија, која му служи како инспирација за голем дел од неговите фотографии и дела. Во 2016 година фотографски дела на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна беа изложени во Меморијалниот музеј на Каен, Франција. Фотографските дела на браќата Манаки, првите кинематографи на Балканот, ги има изложувано и во САД, Белгија, Турција, како и низ повеќе културни институции во Македонија. Јанкулоски е познат по неговата неуморна работа врз дигитализирањето и обработката на стаклените плочи што се чуваат во Подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола, по неговото успешно заживување на фотографското наследство на браќата Манаки и возобнувањето на подзаборавените спомени од
битолскиот регион и Македонскиот фронт, од почетокот на дваесеттиот век. Седумнаесет фотографии од браќата Манаки се постојано изложени во Меморијалниот комплекс на Француските воени гробишта во Битола. Има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство: Турција,
Србија, Црна Гора, Франција, Бугарија, Австрија, а добитник е и на повеќе награди.
Работел и како директор на фотографија на повеќе краткометражни и документарни филмови, а во 2017 година го реализира долгометражниот документарен филм „Манаки, приказна во слики“.
Во 2018 година, овој уметник беше одликуван од страна на Амбасадорот на Франција со орденот Витез од Редот на уметностите за неговиот придонес во збогатувањето на македонско-француските односи на полето на културата. Основач е на Македонскиот центар за фотографија во 2000 година, а во моментов е професор и декан на Факултетот за филмски уметности на Универзитетот за
аудиовизуелни уметности – ЕФТА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје.

Изложби

Прва изложба на студентите на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Објавено пред

Во понеделник (27 Мај), во просториите на Музејот на град Скопје, ќе биде отворена првата изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Поставките на изложбата се изработени како студентски проекти и макети по предметите: Стилови и декорација, Ликовно изразување со пластично обликување, Перспектива, Композиција, осветлување и бои, Проектирање-основи и реализација, Индустриски дизајн- современи движења и Резбарство.

Оваа изложба, единствена по својот концепт и дизајн, претставува одлична можност, младите студенти-идни дизајнери на мебел и ентериер, да ѝ се претстават на јавноста и да ги презентираат цртежите и макетите, кои ги изработиле во текот на студирањето.

На изложбата ќе бидат претставени повеќе од 200 цртежи и макети. Свеченото отворање на изложбата ќе биде на 28 Мај со почеток во 19 часот. На отворањето, на гостите ќе им се обратат Деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Проф. Д-р Зоран Трпоски и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски. Изложбата ќе трае до 2 јуни.

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер е основан во 2010 година како следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање на мебел и ентериер, што до учебната 2009/10 година се организираа во рамките на студиските програми на Шумарскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Иван Серафимов „Од сон на јаве“ во Кинотеката

Објавено пред

Во Кинотеката на Северна Македонија на 30 мај, четврток, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Иван Серафимов, „Од сон на јаве“. Изложбата ќе биде отворена до 2 јуни.

Иван Серафимов е роден 1943 во Скопје. Пред 30 години како идеја му доаѓа да почне да изработува македонски касели како дел од македонската семејна традиција во која невестите го носеле својот чеиз. Македонската народна носија и нејзината разноликост го потикнуваат да ја пренесе на дрво како слика.

Црта пафти и ги украсува со копаничење и акрилни бои. Богатата македонско-црковна орнаментика му е предизвик и понатаму да ја пренесува во свој стил на неговите слики.

Последните десет години на своите слики го прикажува секојдневието од својот живот. Црта на платно со акрилни бои.

Учествува во формирањето секција за уметничко домашно ракотворење во Здружението на занаетчиите во 2001 година, каде што е првиот претседател.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Урбани пејзажи“- изложба на Нада Ѕмбова Донева

Објавено пред

Центарот за култура „Бели мугри“ со изложба под наслов „Урбани пејзажи“ на кочанската јавност ѝ ја претстави уметницата Нада Ѕмбова Донева, професорка по биологија во ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Дваесетината дела работени во техниката акрилик на платно, се мотиви од урбаната средина претставени во колорит и форми инспирирани од доживувањата на погледите од различни локации и височини во Кочани и во Скопје.

Според Јулијана Иванова, рецензентка на изложбата, фасцинацијата од урбаниот простор ја носи авторката кон експериментирање, со апстрактен јазик на гестикулации и слоевити линии – крајниот резултат е нова естетика како израз на авторската размисла и имагинарност. Од првите форми на реалистично претставување на урбаните обележја на градот поминува во линеарно и апстрактно претставување на градските елементи, куќи, згради, кровови. Во своите слики ја искажува својата возбуда од спојот на урбаното со природата и човекот со архитектурата, неведува Иванова и додава дека, како биолог по вокација, Донева во себе го носи погледот кон животот, човекот во него и спојот со природата. Во своите слики го опишува своето расположение, можеби свесно, можеби интуитивно, манипулира со контраст од бои.

Реакцијата на истиот предел е секогаш различна во зависност од расположението. Еднаш пределот е сончев и полн со светли и топли бои, за во следната слика користи темни бои, возбудената од амбиентот на самракот, при што ултрамаринот преминува во темно сина, за да се изрази урбаното живеење и доминацијата на човекот.

Рапсодијата на урбаната средина искажана со реални тонови, ги предизвикува апстрактните моменти и доживувања, за да заврши со техничко-имагинарно изразување со златна сјајност на црна подлога, како израз на длабочина и размислувања.

„Уметноста и творештвото, науката и биологијата се нераскинливо сврзани. Тоа што уметноста ги соединува човекот и природата е познат факт. Уметноста, исто така, ги прави луѓето свесни за нивната унија еден со друг во потеклото и судбината. Животот е уметност, уметноста е живот“, вели Ѕмбова-Донева за врската меѓу нејзината професија и сликањето:.

Изложбата „Урбани пејзажи“ ја отвори директорката на Центарот за култура „Бели мугри“, м-р Александра Димитрова.

На изложбата присуствуваа многу личности од јавниот и културнирот живот во Кочани и пошиороко, а со своето присуство ја удостои градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.
Првата самостојна изложба на Нада Ѕмбова Донева е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ14 часа

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски15 часа

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија16 часа

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион19 часа

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет20 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт20 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа20 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава1 ден

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија1 ден

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија2 дена

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија2 дена

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија2 дена

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија2 дена

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија2 дена

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет2 дена

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа2 дена

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет2 дена

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Досие