Контакт

Изложби

(Видео) Изложба на фотографии со дами на ноќта

Објавено пред

По повод одбележувањето на 2 јуни, меѓународниот Ден на сексуалните работници, „Стар-стар“, Здружение за поддршка на маргинализирани работници, почна кампања „Две од оние“: Арт-акт-ум за моралот и предрасудите, која е посветена на сексуалните работници.

Денеска во галерија „Акантус“, „Стар-стар“ во склоп на кампањата посветена на одбележување на овој значаен ден за сексуалните работници организира изложба на фотографии со дами на ноќта насловена „Две од оние“ на авторките Лилика Стрезоска, Елена Фиданска, Анита Березњак и Ирена Мила. Секоја соба- своја приказна, инсталации, видеа, диџеј-сет со Соња Исмаил, сангрија и шармот на старо Скопје. Изложбата ќе трае од 21 до 24 часот.

Изложби

Почна 13-тото издание на „Модерен Истанбул“

Објавено пред

Тринаесеттото издание на „Модерен Истанбул“ ќе им посака добредојде на повеќе од 80 галерии од 22 земји од светот. Уметничкото случување ќе трае од 20 до 23 септември.

Камијар Малеки, директорот на настанот „Модерен Истанбул“, вели дека учествуваат 54 меѓународни и 29 локални галерии. Малеки додава дека Програмата за поддршка на галериите била од голема помош во финансискиот дел.

„Сакаме да ги отвориме изложбите, без уметниците премногу да потрошат“, вели тој.

Најмалку 650 уметници со повеќе од 2.000 дела ќе земат учество во настанот, а изложбите ќе бидат збогатени со учеството на светски познати и реномирани галерии, но и посетени од страсни колекционери и вљубеници во уметноста.

Прикажи повеќе...

Изложби

По 27 години, прва самостојна изложба на Перица Георгиев – Пепси во Македонија

Објавено пред

Од

Во рамките на манифестацијата „Демир Хисар, град на културата, 2018“, в недела, 23 септември, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Перица Георгиев – Пепси.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар, а публиката ќе има можност да ја види сè до 1 октомври.

Перица Георгиев – Пепси денес живее и работи во Република Бугарија, а оваа самостојна изложба му е прва по 27 години во Република Македонија.

На изложбата ќе бидат прикажани 20 слики од мал формат, без одредена тематска определба. Експресивни по употребата на боите и апстрактни по содржина, каде што предметното е сведено на асоцијативно препознавање. Некои од изложените дела личат на имагинарни пејзажи од галактичкиот простор, други на пејзажи произлезени од бајките насликани во виолетово и златно, во кои проблеснува нетварната светлина, а трети се движат кон чиста апстрактност. Главното обележје на сликите е нивната трансцедентална природа, кои отсликуваат трансцедентални состојби на свеста, кои уметникот за време на своите медитативни пракси интимно ги доживува и живее, а преку својата уметничка практика ги пренесува пред очите на гледачот, со што индиректно или директно му укажува за еден интимен свет што постои интимно во сите нас, а кој се спознава кога човек место да гледа нанадвор, треба само да се сврти навнатре кон самиот себе.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих

Објавено пред

Од

Денеска, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се отвори самостојна изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих насловена Black Raw Memory.

Нештата што нè опкружуваат и со кои сме во некаков вид односи оставаат во нас емотивна трага. Колку и да сме индиферентни кон одредена работа или, пак, субјективно заинтересирани, на крајот сѐ може да се сведе на две категории: на нашиот позитивен или негативен став. Низ позитивна призма го гледаме сето она од што не сакаме да се ослободиме, она со што се опкружуваме, што го собираме и претрупуваме, градејќи слика за себе. Другото, што од каква било причина не ни се допаѓа и го сметаме за потрошено, расипано или непријатно, ако не со брза одлука, тогаш постепено го поттиснуваме од себе, складирајќи го на некое место каде што нема да ни се испречува и да нè потсетува во секој момент. Со време тоа место е сѐ поодалечено од нас. Според уметникот, поединци, општества, институции, села, градови, држави, секојдневно ги отфрлуваат деловите од својот мемориски и материјален идентитет, градејќи за себе утописка, епско-идеална слика во огледало.

Владимир Фрелих е хрватски уметник од Осиек. Дипломирал на Ликовната акдемија во Диселдорф, Германија. Се занимава со концептулно мултимедиски дела, кои доаѓаат често до граничните подрачја на медиумот. Од 2007 е професор на Уметничката академија во Осиек на отсекот за мултимедиуми, а од 2010 е гостин професор на Академијата за уметности во Нови Сад.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток4 минути

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток2 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Крвав четврток5 часа

Драма во кривичен – Игор Југ скокна од столчето и сакаше да си замине среде судење

Обвинетиот Игор Југ на продолжението од судењето за настаните од 27 април му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи,...

Македонија7 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ9 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија9 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија11 час

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија12 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија13 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија13 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија13 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет13 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија15 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија1 ден

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија1 ден

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Досие