Контакт

Изложби

Изложба на Јоже Циуха во „Остен“

Објавено пред

Вечерва во 20:20 часот во галеријата „Остен“ ќе биде отворена изложбата „Јоже Циуха – слики, цртежи, графики – од колекцијата на ‘Остен’, Музејот на цртеж“.

Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на ЕУ, Семуел Жбогар, и амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

Изложбата е резултат на традиционалната соработката што „Остен“ ја има со години со делегацијата на Европската Унија во рамките на програмата за Денот на Европа (9 Мај), а оваа година кон проектот се вклучува и Амбасадата на Словенија.

Денешното изложување е само прв дел од проектот што во целост ќе се реализира во текот на годината и се состои од:

1. Изложба „Јоже Циуха – слики, цртежи, графики – од колекцијата на ‘Остен’, Музејот на цртеж“ во галеријата „Остен“ (8 – 22 мај 2018 г.)

2. Публикација „Јоже Цихуа – слики, цртежи, графики – од колекцијата на ‘Остен’, Музејот на цртеж” во издание на „Остен Скопје“, чија промоција се предвидува во рамките на официјалната програма на „Остен биенале на цртеж Скопје 2018“ (октомври 2018 г.)

3. Предавање на кураторките од Љубљана „Современата словенечка уметничка сцена со осврт на значењето на делото на Јоже Циуха” во ЕУ Инфо-центарот (октомври 2018 г.)

Кураторките на изложбата доаѓаат од институцијата „Музеј и галерии на градот Љубљана“:  Марија Скочир, постар куратор и директор на галеријата, и Барбара Савенц, советник во одделот за историја на уметност.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба Level 50 на Тони и Емил Шулајковски

Објавено пред

Во галеријата „Акантус“ во Скопје, на 22 февруари (петок), со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на слики Level 50 на ликовните уметници Тони и Емил Шулајковски.

По деветнаесет години, браќата близнаци повторно заедно ѝ се претставуваат на скопската публика со отворање на изложба, прославувајќи го својот педесетти роденден. Проектот содржи педесет слики, по дваесет и пет од секого.

Предговорот за каталогот на изложбата го напиша Дијана Томиќ-Радевска, ликовна уметница и куратор во галеријата „Акантус“.

За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 20 март годинава, секој ден, освен понеделник.

Прикажи повеќе...

Изложби

Музејот на Македонија со изложба во Хрватска: „Црн петел, црвена кокошка“

Објавено пред

Изложбата „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која ја подготви Музејот на Мкедонија во соработка со Археолошкиот музеј од Скопје, на 7 февруари беше отворена во Етнографскиот музеј во Загреб.

Од Музејот велат дека изложбата бележи позитивни одгласи во хрватските медиуми.

„Оваа изложба нуди увид во разните видови археолошко и етнолошко македонско културно наследство од праисторијата до денес, кои содржат елементи на телесното и сексуалноста, а со тоа и на плодноста“, пишува tportal.hr.

„Многу интересна и откачена гостувачка изложба од Музејот на Македонија, чие отворање во Етнографскиот музеј привлече голем број заинтересирани посетители и гости“, пишува turistplus.hr.

Во Етнографскиот музеј во Загреб изложбата е со назнака „содржина што не е дозволена за помлади од 15 години“.

Изложбата што во Загреб ќе биде отворена до 7 април 2019 година е подготвена од Музејот на Македонија и Археолошкиот музеј од Скопје и презентира мал дел од култовите на плодноста што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес.
Култовите и обредите на плодност се претставени преку разни форми на предмети, на женски фигурини од предисторијата (антропоморфни и зооморфни жртвеници), опрема од обичаите под маски, велигденски јајца и делови од женската народна носија. Плодноста во најтесна смисла се поврзува со опстанокот на човештвото, но и со внесување елементи на еротика во секојдневниот живот на луѓето (ламби и садови со еротски сцени и претстави во антиката).

Таа еротика на некој начин низ вековите се пренесувала и преку усното народно творештво со песни, приказни, поговорки и гатанки како еден вид вербална магија со цел да иницираат плодност и кај човекот и кај природата.

Обичаите под маски што го одбележуваат крајот на зимата и обновувањето на природата се полни со симболични ритуални дејства кои треба да обезбедат плодност на луѓето, стоката и посевите. Овие архаични обичаи во изложбата ги презентираме преку фотографии и документарните филмови „Џоломари и Говедар Камен“. Жените во Македонија и денес активно посетуваат култни и свети места – манастири, цркви, турбиња, води, камења, дрва и други вршејќи разни обреди поврзани со плодноста.

Она што има посебен белег во оваа изложба е начинот на кој култот на плодноста бил вткаен во облеката што луѓето ја носеле во 19 и 20 век. Македонската женска носија како целина, но и одделните делови и украси, ја презентирале биолошка спремност на жената за репродукција. Таа воедно била и силен симболичен агенс за поттикнување на плодноста, но и магиски заштитник од невидливите зли сили што можеле на жената да ѝ ја одземат способноста да раѓа.

Ваквиот начин на презентирање разнородни предмети и визуелни материјали, кои се разликуваат како типолошки така и хронолошки, укажува на уникатноста на оваа изложба. Интересен е нивнот спој и начинот на кој тие се надополнуваат и воедно се дообјаснуваат.

Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, коавтори се Јасемин Назим, Александра Папазовска, Владимир Боцев, кустос на изложбата е Гордана Виљетич, дизајн на изложбата е Јован Ивановски, визуелен идентитет на изложбата е New Moment New Ideas Company Skopje, а дизајнот на каталогот и информативните панели е на Леон Џинго. Автори на текстовите се Јасемин Назин, Александра Папазовска, Ирена Настева-Колиштркоска, Владимир Боцев, Елизабета Конеска, Илина Јакимовска, Гоце Наумов, Сања Димовска.
Реализацијата на изложбата е поддржана од Министерствата за култура на Македонија и Хрватска.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ во Куманово

Објавено пред

(Фото: Дело на Димитар Хаџиангелов)

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово в четврток, 7 февруари, со почеток во 19 и 30 часот ќе биде отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“.

Колонијата се одржа од 13.08 – 18.08.2018 година на две локации – во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ѓуриште и во месноста Црнилиште. На колонијата учествуваа 16 сликари ( аматери и професионалци ) од кои тројца од Србија, тројца од Бугарија и останатите од Македонија ( Куманово, Штип, Гевгелија и Свети Николе).

Се изработија вкупно 29 уметнички дела. Изложбата од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ за првпат беше отворена на 14 септември лани по повод Денот на ослободувањето на Свети Николе. Координатор и организатор на ликовната колонија е ОУ Дом на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе.

Досега изложбата беше презентирана во Крива Паланка и Пробиштип, а во Куманово ќе биде поставена до 20 февруари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата,...

Македонија2 часа

Котевски: Јанакиески е вратен во затворот, Ристовски не бил испратен во болница

По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот,...

Македонија3 часа

Нинџа: Комуникациите на 27 април со Спире Ристовски, Мијалков, Атанасовски и Бошковски мистериозно исчезнаа

Обвинетиот соработник на УБК за крвавиот четврток, Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште во своите завршни зборови рече дека...

Македонија3 часа

Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што е хоспитслизиран ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот ден...

Македонија3 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија4 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија5 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ6 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија6 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток7 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија7 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ8 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ9 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток10 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија10 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток10 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија11 час

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија12 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Досие