Контакт

Изложби

Изложба „(Не)заборав“ од прилепчанецот Емил Димоски

Објавено пред

Денеска во 20.30 часот во галеријата „Борко Лазески“ ќе биде отворена изложбата „(Не)заборав“ од прилепчанецот Емил Димоски, кој ќе се претстави со дела со кои не дозволува старата архитектура да замине во заборав.

Посетителите ќе имаат ретка можност да проследат макети, слики и друг вид творби, дел од македонската традиција. Преку делата, Димоски, кој е наставник во ОУ„Добре Јованоски“, го пренесува богатството од убавата архитектура, манастири, стари куќи…

Секое дело вклучува некаква тајна, мистериозна инспирација, скриена порака, која успешно се проткајува низ камчињата и ливчињата на бескрајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

В понеделник отворање на третото издание на изложбата „Поместени граници“

Објавено пред

В понеделник, на 22 април, со почеток во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар МКЦ во Скопје ќе се случува отворањето на третото издание на изложбата „Поместени граници“ оваа година со наслов „Молк за …“

„Проектот ‘Поместени граници’ се стреми во надминување на традиционалниот модерен приказ во ликовната уметност со тоа што додавајќи му концепт на делото кој говори преку една можеби препознатлива идеја, прави обид, а тоа е всушност и една од основните цели, да ги претстави и доближи кон пошироката публика новите аспекти на уметничкото истражување на различни начини. Овој проект има концептуален карактер, што значи дека се занимава со промислување, преиспитување, анализирање, критикување, лично видување/чувствување на стварноста, на нашето живеење“, вели кураторот на изложбата, Александра Зиновски Вилиќ.

На изложбата учествуваат автори членови на ДЛУМ од Р Македонија, како и гости од странство: Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Беќири, Андреј Митевски, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски, Софија Григориаду од Грција и Ремијон Проња од Албанија

 

Прикажи повеќе...

Изложби

Самостојна изложба на Африм Спахиу во Чифте амам

Објавено пред

Самостојна изложба на уметникот Африм Спахиу ќе биде отворена на 18 април, со почеток во 19 часот, во Чифте амам.

Африм Спахиу е исклучително значаен автор за историјата на македонската уметност, тој е основоположник во сферата на современиот балкански филм – директор на фотографија и истакнат фотограф во регионот со редица самостојни изложби во значајни галериски простори во регионот и пошироко.

Oва е негова прва голема презентација во Македонија, каде што ќе бидат изложени дела од изминатите речиси педесетина години од неговото творештво.

Африм Спахиу е професор, фотограф и продуцент на уметноста. Роден е во Дебар на 3 мај 1951 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија на Универзитетот во Загреб, во класата на професорот Никола Танхофер.

Работел во Радио-телевизија Приштина и како директор на фотографија во „Косовафилм“. Тој е директор на фотографија на повеќе од 15 филмови од 1977 година до денес. Добитник е на неколку награди.

Живее и работи во Приштина.

Опусот на Спахиу опфаќа широк дијапазон на тематски преокупации, диверзни технички пристапи и идејни цели на реализација на осетливата светлина на хартијата. Тој го фотографира сето она што го опкружува притоа обидувајќи се колку што е можно да ја остави класичната функција или предметната уметност за себе, целејќи да реализира што поапстрактни состави кои нема да ја прекинат врската со реалноста, туку напротив ќе ја истакнат уште повеќе, но од една друга димензија и перспектива која во одрдени дела може да се третира како метафизичка.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Во земјата на змејовите” доаѓа во Скопје

Објавено пред

По турнејата од неколку европски градови, од утре до 21 април изложбата „Во земјата на змејовите“ стигнува и во Скопје.

„Во земјата на змејовите“ е оригинална изложба, единствената од овој вид во однос на поставка и на изработка. Оваа изложба ги претставува змејовите на сопствен креативен начин.

Изложбата се состои од огромни скулптури на змејови, џиновски јајца на змејови, витешки оклопи и други разоткривања на мистеријата. Изложбата ќе биде претставена во Скопје сити мол, а во рамките на програмата ќе се организираат и едукативни тури за најмалите секој петок од 18 до 20 часот, сабота и недела од 13 до 15 и од 18 до 20 часот каде ќе дознаат многу нешта за овие чудесни суштества, како и работилници за деца кои ќе се одржуваат секоја сабота и недела од 12 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија27 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава...

Македонија56 минути

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот Сулејман Реџепи да оствари средба со...

Македонија3 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет3 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија16 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет22 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија23 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ23 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ24 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие