Контакт

Култура

Изложба „Циклус 19 II“ на Христина Зафировска во КИЦ на РСМ во Софија

Објавено пред

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, на 11 септември 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Циклус 19 II“ на ликовната уметница Христина Зафировска. Изложбата е составена од сликарски дела во мал формат, насликани со акрилни бои. „Циклус 19 II“ е второ самостојно претставување на авторката во Бугарија, која на отворањето ќе се сретне со софиската публика и ќе ја запознае со своето творештво.

dobivaj vesti na viber

Циклус 19 II

Во периодот што измина но и во оној што следи, човештвото се соочува со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19. Изолацијата, сведувањето на комуникацијата на минимум и системските промени земаа крупни моменти од животот на луѓето, а посебно на младината. Секојдневните информации поврзани со невидливиот противник допираат до нас, влијаејќи на нашето ментално здравје. Светот сеуште војува со пандемијата и се справува со последиците, а се поставува и прашањето, уште колку долго би траело ова?

Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.

Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината. Во кружниот, квадратниот и триаголниот простор со мирни потези нанесени се глатки брановидни и испрекинати линии – патот по кој вирусот се движи, а точкастите сегменти иницираат на циркулацијата и ширењето на вирусот. Во секое дело применет е широк опсег на форми со кои авторката ги паралелизира варијациите на микросветот, а таквиот начин на изразување може да се види и во многу претходни нејзини циклуси и изложби. Кога ги гледаме имагинарните амебовидни и геометриски битиа чудесно распрснати низ просторот, се запознаваме со богатата мисла и надреална фантазија на авторката сакајќи да ни пренесе кратка анимирана приказна. Концептот на делата е осмислен и наративен, а просторот рационално искористен. Тоа е постигнато преку взаемна синтеза на топли и ахроматски бои, конкретно компониран цртеж, со што доаѓа до израз графичкиот импулс на уметникот. Преку бојата, формата и начинот за визуелно претставување на делата го следиме уметничкиот стил на Зафировска, кој што заслужено може да се категоризира како дел од модерната апстрактна уметност.

Нејзиниот концентриран фокус покажува кон спремност за експериментирање со нови фантастични облици, кои ќе бидат пандан на фигуративната структура на вирусот кој прерасна во реална закана врз човештвото во 21 век.

м-р Галоска Билјана

Христина Зафировска е родена во Скопје. Завршува средно уметничко училиште на отсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Магистрант е на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн. 2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот. Од 2016 година има статус на самостоен уметник кој е поддржан од Министерство за култура. Реализирала повеќе индивидуални проекти, во кои се обработуваат теми како што се: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Проектите се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција, Њујорк и во повеќето градови во Република Македонија. Нејзината уметничка пракса се базира на работа во различни медиуми како сликарството, графички дизајн, ѕидното сликарство, инсталација, сценографија, цртеж, фотографија и видео.

Активно учествува на локални и регионални проекти, погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни проекти, саеми на уметност, симпозиуми, резиденции, фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот, низ Европа и пошироко.

Култура

MUSICAL – десетта јубилејна инклузивна танцова претстава

Објавено пред

„Dancers United“ оваа година одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност.

dobivaj vesti na viber

Десеттата јубилејна инклузивна танцова претстава „MUSICAL“ по сценарио и режија на Сара Кочан ќе се одржи на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост во Македонскиот Народен Театар со почеток од 19:00 часот.

Во танцовата претстава „MUSICAL“ ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите без оглед на полот, возраста, можностите и способностите.

Инклузивната претстава е поддржана од Комерцијална Банка и е дел од програмата на Министерството за култура и туризам за поддршка на проекти од национален интерес.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на Клелија Живковиќ – „Не си одам дома“

Објавено пред

Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ ќе се одржи на 3 декември во националната галерија „Мала станица“, со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Изложбата, којашто ќе биде отворена до 14 декември, е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Содржи дела создадени во периодот од 2023 – 2024 година.

– Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се слуша. Изговореното и премолченото женско знаење. Молитвите и баењето долги колку еден здив. Насилството од кое се штитиме една со друга. Насилството што си го нанесуваме една на друга. Ужасот што го обзема односот кој некогаш бил безбеден. Она што не си дозволуваме да го именуваме, а кое клокоти во нашите клетки и не дозволува да биде занемарено. Угнетувањето на нашата планета и на нашите тела се истата приказна. Расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа. Оваа изложба е мојот пренос од меѓусветот. Од несветот. Од разсветот. Ја сочинуваат неуредноста на оживувањето, блуењето на насилството, живоста на оплакувањето, еротичноста на распаѓањето. Му ја посветувам на мојот вресок – вели авторката Живковиќ.

Клелија Живковиќ, родена во 1989 година, е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Таа е формално образована во неколку дизајн-дисциплини, а нејзината работа е теоретски, материјален и искуствен увид во границите, физичките, психолошките, емотивните и духовните бариери што ги создаваме за да се спознаеме себеси како битија што зафаќаат простор и кои ни овозможуваат површина за контакт со опкружувањето.

Во 2021 година, студиото „Приватен принт“ ја издаде нејзината прва уметничка книга „Prototyping tenderness: a personal log of a dying world”, каде се одржа и нејзината прва самостојна изложба со истото име.

Таа ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА Македонија за нејзиното предлог-истражување „Дизајн за оживување“ во 2022 година, а во 2023 година ја доби наградата „ДЕНЕС“ за млади визуелни уметници. Има учествувано на неколку групни изложби во Северна Македонија и меѓународно, вклучувајќи го Биеналето за Западен Балкан во Јанина, „Под земја полесно се дише“ во Скопје, Биеналето на млади уметници и „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во Музејот на современата уметност – Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Мултимедијален проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ на Билјана Петровска и Марина Цветановска

Објавено пред

Денеска, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ – солистички концерт на авторска музика на Билјана Петровска (соло пијано) и сценска визуелна инсталација на Марина Цветановска-Мартиновска.

dobivaj vesti na viber

За проектот:

Потребата да се дополнуваат музиката и визуелното во просторот е карактеристика на наведените уметнички во претходните уметнички настапи, од каде и произлегува оваа идеја. При тоа наоѓајќи ја заедничката фреквенција преку современ пристап и обработка на заедничка тема мечтаењето, желбите и потребите на луѓето во секојдневието. Всушност создавајќи ги своите форми за сценската инсталација, Марина ги работи под инспирација на музиката на Билјана Петровска.

Музиката на албумот на Билјана е инспирирана од мелодии и мотиви фолклорни песни, од она за кое се претпоставува сите го имаме запишано во нашиот код. Самиот стил на компонирање, амбиентален и медитативен донесува моменти во кои се чувствува инспирацијата од уметничките композиции и форми на Марина.

Современата релаксирачка и амбиентална музика на Билјана Петровска уште повеќе го оформува невидливото, исполнувајќи го празниот волумен со изведба на пијано звуци во современиот стил. Во целина, композициите создадени во умерено темпо, со мелодиски линии и хармонски подлоги со музикална, концептуална структура и позадина, поседуваат приемчивост и слушливост. Употребата на мелодијата и изедначените ритмизации во хармонската основа во нив, остваруваат наизменично прелевање на тонски бои со изразена суптилност. Нивното преплетување и дијалог во разните гласови и регистри, вообичаениот вовед, наместа вметнатите разработки на тематските мотиви во композициите, доведуваат до создавање на чувствено-контемплативни и медитативни расположенија, ја дополнуваат креацијата на Марина Цветаноска – Мартиновска и создаваат чувство на исполнетост, релаксираност и современо естетско визуелно и музичко оплеменување на просторот и доживување кај реципиентите.

Програма

Самовила (Fairy) оп. А
Сон ( dream ) оп. A
Исчекување (Anticipation) оп. A
Носталија (Nostalgy) оп. Ц
Вечно твоја (Forever yours) оп. A
Сеќавање (Memory) op. 1
Молк (Silence) оп.A
Единаесеттиот час (Тhe eleventh hour) – Никола Стојковски, аранжман за пијано Билјана Петровска
Мечтаење (Daydreaming) оп. A
Жед (Thirst) оп. A

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Бразилки од 26 до 38 години давале сексуални услуги во изнајмени станови во „Џевахир“ во Скопје

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти на МВР вчера уапсила четири лица за посредување при вршење проституција и...

Македонија5 часа

Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар

Без електрична енергија се пелагониските села, а во моментов без напојување со струја се соочуваат жителите на триесетина села од...

Македонија6 часа

Семејство со две мали деца заглави со возило во снег кај Леуново, надлежните се на терен

Семејство со две мали деца се заглавени со возило во снегот пред хотелот Радика кај Леуново. Од Центарот за управување...

Топ7 часа

Државјанка на Македонија загина во сообраќајка во Будва, ја удрил возач додека преминувала улица

Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа кога во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на...

Регион7 часа

Потресна приказна на лекар од Србија кој станал зависник од дрога

Со консумирање наркотици не ни сфатил што всушност прави и дека борбата за враќање на старите патишта ќе трае две...

Свет18 часа

Околу 11 милијарди долари во онлајн купување потрошија Американците за „Црн петок“

Американците на „Црн петок“ (Black friday),  потрошија околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе...

Македонија1 ден

МВР ќе ги награди полицајците кои ги фатија разбојниците во „Нептун“

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави детали за вчерашното разбојништво во позната продавница за бела техника....

Македонија1 ден

Најдено е детето кое се изгуби во Чаир

Најдено е детето кое се изгуби денес во Чаир. Од семејството за Макфакс соопштуваат дека детето е најдено. За момчето...

Македонија1 ден

Мицкоски не гледа причина за лидерска средба, ама најави дека ќе размисли

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го денешното барање на СДСМ за лидерска средба, нагласи дека во моментов не гледа причина за...

Македонија1 ден

Со пушки во раце учениците во Челопек имале приредба во униформи на воени групации, Јаневска најави санкции

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска преку објава на нејзиниот профил на Фејсбук најавува поведување постапка против раководството и...

Топ1 ден

Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка...

Топ1 ден

Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05...

Македонија1 ден

Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затворот „Идризово“, Живко Пејковски

На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на...

Македонија2 дена

Град Скопје: Заклучокот за приватните превозници е изгласан без кворум, нема да поддржиме акт со елементи на кривично дело

Градоначалничката Данела Арсовска одбива да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар на приватните превозници. Град...

Македонија2 дена

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено...

Македонија2 дена

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Топ2 дена

Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и...

Македонија2 дена

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија2 дена

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија2 дена

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...