Контакт

Култура

„Илијада“ за крај на 58-то издание на „Охридско лето“

Објавено пред

Со театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија утревечер, како што соопштуваат организаторите, ќе биде спуштена завесата на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот.

Директорот на Словенечкиот народен театар Игор Самобор, режисерот Јернеј Лоренци и дел од актерската екипа денеска на прес-конференција изразија задоволство што првпат ќе играат под отворено небо и во амбиент којшто одговара на самата претстава и најавија дека публиката ќе ужива во прекрасен проект.

„Претставата „Илијaда“ е иновативна и величествена. Колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата започнува како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека, седат на столици, раскажувајќи ја крвавата историја за „Илијада“ на микрофони. Микрофоните не се само за да се збогати звукот на зборовите, туку целата изведба е изградена од музика и поетскиот ритам хексаметар, слично како отчукувањата на срцето и одекот на коњскиот кас. Раскажаниот вовед полека прераснува во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое е препознатливо за целата публика“, стои во соопштението од организаторите на „Охридско лето“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Објавено видео од нападот врз Марина Абрамовиќ во музеј во Фиренца

Објавено пред

Од

Маж вчера ја удри српската уметница Марина Абрамовиќ со слика по главата. Инцидентот се случи во музејот „Палацо Строци“ во Фиренца. Директорот на установата, Артуро Галансино, соопшти дека Абрамовиќ не е повредена.

„Сè е во ред“, напиша Галансино на „Твитер“.

Италијaнските медиуми објавија дека сликата со дрвена рамка, со која е извршен нападот, е портрет од Абрамовиќ што го насликал напаѓачот.

Полицијата отвори истрага за инцидентот. Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати во јавност се појавил гол во текот на изминатите години, а еднаш лежел гол на лажни долари.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“ во Прилеп

Објавено пред

Од

Утре, 25 септември, во 12 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“, што е проект на Центропа и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

„Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“, е дизајнирана во 2017 година, а куратор на изложбата е Едвард Серота, директорот на Центропа.Тоа се пет еврејски приказни од Сплит, Дубровник, Белград, Битола и Сараево.

Центропа е еврејски историски институт со седишта во Виена, Хамбург, Будимпешта и Вашингтон. Таа се занимава со зачувување на семејните еврејски приказни од 20-тиот век од Централна , Источна Европа и Балканот, како и пренесување на овие приказни преку фотографии, филмови, книги, публикации и изложби.

Од 2000 до 2009 Центропа интервјуираше 1 200 Евреи од 15 земји во Европа, со цел да дознае многу повеќе за нив, а не само за тоа како исчезнале нивните семејства за време на холокаустот. Тимот на Центропа дигитализираше 22 000 нивни стари фотографии, низ кои се прикажани нивните животни приказни – приказните на нивните баби и дедовци, но и на нивните внуци. Оваа изложба го отсликува дваесеттиот век прикажан преку пет интервјуа на Центропа од Западниот Балкан.

Прикажи повеќе...

Култура

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Објавено пред

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на филмската дива Клаудија Кардинале, кои присуствуваа на денешниот разговор што го водеше Микеле де Анџелис, режисер и продуцент од Италија.

Клаудија Кардинале како млада девојка и немала некоја посебна желба да стане актерка. Сестра и’ имала сини очи, и сите гледале идна актерка во неа, додека, пак, Клаудија, студирала педагогија и сакала да биде учителка. Како 19-годишна девојка победила на натпреварот „Најубава Италијанка во Тунис“ м(земјата каде што е родена и одраснала), освоила наградно патување на филмскиот фестивал во Венеција. Таму го добила првиот филмски ангажман.

,,Сите ми велеа дека треба да станам актерка, па на крајот го послушав татко ми, кој силно ме наговараше, и станав актерка, раскажуваше Кардинале на почетокот на разговорот.
Иако Кардинале станала позната актерка во Италија со филмот „Роко и неговите браќа“ (1960) на Лукино Висконти, нејзиниот глас бил нахсинхронизиран, како и во останатите улоги од тоа време, бидејќи Кардинале во родниот Тунис се школувала на француски јазик. Практично со улогата во филмот „8 ½“ (1963) на Федерико Фелини, Кардинале започнива да снима со нејзиниот глас.

Во 1963 таа го снимила и вториот важен филм на почетокот на нејзината кариера, „Леопард“ на Лукино Висконти.

,,Со Висконти снимов четири филмови, тој обично не сакаше жени, но ми рече дека јас сум невообичаена жена, па затоа снимаше со мене, вели Кардинале. Фелини, пак, сакал да ја види како русокоса жена за потребите на филмот, па затоа Кардинале, која имала долга и бујна црна коса, морала да се бојадисува на секои две недели.

,,Иако Висконти и Фелини беа доста различни карактери како луѓе и во пристапот на филмот, со нив ги снимив најзначајните филмови во тој период. Додека го снимавме „8 ½“, Фелини секој ден ме земаше од дома со автомобил, велејќи ми дека јас сум неговата муза, се сеќава Кардинале, истакнувајќи и италијанскиот режисер Пјетро Џерми („Факти за убиството“) како мошне значаен за автор во почетоците на нејзината актерска кариера.

,,Најсилното чувство во снимањето филмови е да се транформираш во друга личност, а по завршување на филмот, да и се вратиш на сопствената личност, објаснува Кардинале.
Кардинале доби громогласен аплауз од публиката на нејзината изјава дека секогаш одбвивала да се соблекува гола во филмовите.

,,Не сакав да го продавам моето тело, истакна Кардинале, која е позната и како борец и активист за женските права, а од 2000 година е Амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.
На прашањето од публиката каков е нејзиниот коментар на актуелното женско движење „Me Too“ во Холивуд, кое се бори против сексуалната злоупотреба на актерките, Кардинале истакна дека таа секогаш се борела и ќе се бори за женските права.

Иако нема снимено многу комедии, многумина во неа препознавале голем комичен потенцијал. Токму со улогата во комедијата „Пинк Пантер“ на Блејк Едвардс, снимен во за неа судбински успешната 1963 година, Кардинале го освојува Холивуд. Подоцна не добивала ангажмани во комедии, но вечерашната проекција на фестивалот во чест на Кардинале – нејзиниот најнов филм „Благородни лаги“ (во режија на Антонио Пису) – е токму комедија, која го истакнува нејзиниот талент за овој жанр до максимум. Инаку, фестивалски гостин е продуцентот на филмот Паоло Роси.

Додека за време на разговорот одеа инсерти од „Пинк Пантер“, кардинале се смееше радосно како мало дете, а потоа сподели една мала тајна од снимањето на овој филм.

,,До „Пинк Пантер“ не пушев цигари, па на снимањето ми дадоа да запалам цигара, но тоа всушност беше марихуана, раскажува Кардинале. Иако имала огромна шанса за успешна холивудска кариера, Кардинале на понудите им одговорила дека таа е Европејка и се вратила во Италија.

,,Не сакав да останам во Америка, бидејќи Холивуд многу манипулира”, изјави Кардинале и повторно доби силен аплауз. Сепак, повремено снимала и холивудски филмови, како легендарниот „Професионалци“ (1966) на Ричард Брукс, како единствена женска ѕвезда меѓу величините како Берт Ланкастер, Ли Марвин, Џек Паланс, Роберт Рајан…

Кардинале е единствената женска ѕвезда и во култниот италијанско-американски епски „шпагети“ вестерн на Серџо Леоне, „Беше еднаш на Западот“ (1968), покрај Џејсон Робардс, Чарлс Бронсон и Хенри Фонда.

,,За мене секогаш било најважно сценариото, но и добриот режисер. Многу добро се сложував и со Брукс и со Леоне, но Леоне некако повеќе ми одговараше на карактерот заради заедничката италијанска нишка. Сепак, и „Професионалци“ е меѓу моите најзначајни филмови”, истакна Кардинале.

Иако играла со познати актери кои важеле за големи заводници, Кардинале нагласи дека никогаш немала љубовна афера на снимањата со ниту еден партнер. А покрај гореспоменатите, нејзини филмски партнери биле и Ален Делон, Марчело Мастројани…

,,Во 1960-та година го снимавме „Bell’ Antonio“ („Убавиот Антонио“) на Мауро Болоњини, со Мастројани во главната машка улога. Во филмот тој ја игра улогата на маж, Сицилијанец, кој е многу убав, но не може да води љубов со мене, па пред хотелот се собраа Сицилијанци кои тврдеа дека нема импотентни мажи кај нив, низ смеа раскажува згода од снимањето на филмот.
Кардинале ја истакна и соработката со мајсторот на филмската фотографија Џузепе Ротуно, еден од лауреатите на „Браќа Манаки“, во „Леопард“ на Висконти (1963). Сцената со балот ја снимале цели три недели.

,,Ротуно беше голем уметник”, истакна Кардинале. Таа раскажуваше и за искуството со режисерот Пасквале Сквитиери. За време на снимањето на филмот „Луција“ се вљубиле еден во друг, се венчале, а потоа снимиле уште 10 филмови. Нивната ќерка Клаудија Сквитиери ја придружува мајка си во Битола.

,,Татко ми често велеше дека филмот беше добар, но со текот на снимањето мајка ми станувала се поубава во неговите очи, бидејќи му го сменила животот”, раскажа Клаудија и заработи голем аплауз. На тоа одговори мајка и, која спомена дека таа го одбрала Пасквале за сопруг.

Во периодот на нејзината голема слава медиумите вештачки подгревале „натпревар“ меѓу тогаш најпопуларните актерки – Кардинале и Брижит Бардо, кој често го насловувале како „Војна на иницијалите – Б.Б. против К.К.“. По завршетокот на разговорот публиката направи вистинска медитеранска процесија со Клаудија Кардинале, пеејќи ја со неа популарната италијанска песна „Марина“, и ја испрати до хотелот „Епинал“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Димитров: Со четири амандмани ќе менува Уставот, се уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи...

Македонија60 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа5 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет5 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија22 часа

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија24 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Досие