Контакт

Актуелно

Именувани нови директори на шест културни установи

Објавено пред

Министерството за култура именува нови директори во шест национални установи од областа на културата.

„Министерството за култура ја известува јавноста дека по завршување на постапката по јавните конкурси, министерот за култура именува шест нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата“, соопшти Министерството.

Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директорка на Театарот за деца и младинци – Скопје, во Центарот за култура „Асном“ – Гостивар за директор е именуван Ход Мифтари. За директор на Музејот на Македонија е именуван Гордан Николов, а во Музејот на современата уметност – Скопје за директорка е именувана Мира Гаќина.

За директор во Музејот на тетовскиот крај – Тетово именуван е Миќо Стојчески, а за директор во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово за директор е именуван Сашо Тодоровски.

Со овие национални установи досега раководеа вршители на должноста на оваа функција.

Актуелно

Наградата „Мајка Тереза“ за Ленче Здравкин и за Омер Калеши

Објавено пред

Од

Хуманитарката од Велес Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско, Омер Калеши, се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Алајдин Абази.

Таа се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

На Здравкин и Калеши наградата ќе им биде врачена во Собранието на Република Македонија напладне на 26 август.

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Утврдена програмата за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија

Објавено пред

Од

Информацијата за склучување програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2018-2021 година беше усвоена од Владата на Република Македонија на денешната 82. седница.

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за култура, Асаф Адеми, е овластен да ја потпише оваа програма.

 

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Адеми потпиша одлука со оперска претстава да се одбележи 550-годишнината од смртта на Скендербег

Објавено пред

Од

Oд Министерството за култура информираат дека во пресрет на 550-годишнината од смртта на националниот херој, Ѓорѓија Кастриот Скендербег, министерот Асаф Адеми потпишал одлука на 28 ноември годинава во големата сала на Македонската опера и балет да биде претставена премиерата на операта „Скендербег“.

Годинава славниот ноември ќе се одбележи на достоинствен начин и со институционална поддршка на албанските уметнички и културни вредности, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Свет3 часа

Земјотрес со јачина од 8,2 степени по рихтер го погоди Фиџи

Силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според рихтеровата скала е регистриран во реонот на Фиџи, соопшти Геофизичкиот институт на...

Европа6 часа

(Фото и Видео) Најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска

Најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што се случила доцна синоќа во југоисточниот дел на...

Европа7 часа

Матарела бара гаранции дека сите патишта во земјата се безбедни

Италијанскиот претседател, Серџо Матарела побарал гаранции од надлежните дека сите национални патишта се безбедни. Ваквото барање на Матарела следува по...

Економија7 часа

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет7 часа

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија8 часа

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет9 часа

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Македонија1 ден

Кривична против двајца малолетници за палењето на палмата пред „Жан Митрев“

Против две лица на возраст од 17 години, поднесена е кривична пријава поради палењето на палмата пред клиниката „Жан Митрев“,...

Македонија1 ден

На воениот стадион во Скопје изложба на оружје и воена опрема на АРМ

По повод одбележувањето на Денот на АРМ, денеска, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10 до 14...

Скопје, плоштад, фонтана, Воин на коњ Скопје, плоштад, фонтана, Воин на коњ
Македонија1 ден

Претежно сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја на места облачноста ќе се зголеми. Вредноста на УВ-индексот ќе...

невреме, Охрид невреме, Охрид
Македонија2 дена

Општина Охрид апелира до граѓаните да пријават штети по невремето

Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување...

Вести2 дена

Присуството на Путин на свадбата на министерката ги скара политичарите во Австрија

Очекуваното присуство на рускиот претседател, Владимир Путин, на свадбата на шефицата на австриската дипломатија, Карин Кнајсл, им создава проблеми на...

Македонија2 дена

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија2 дена

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија2 дена

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа2 дена

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет2 дена

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија2 дена

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија2 дена

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Досие