Контакт

Актуелно

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците потпиша соработка со „Вардар филм Македонија“

Објавено пред

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДНКА) потпиша меморандум за соработка со Националната установа „Вардар филм Македонија“.

Протоколот беше потпишан од директорите на двете институции, Скендер Асани во име на ИДНКА и Насер Цури од „Вардар филм Македонија“.

Асани изјави дека потпишувањето на договорот е добра можност за стекнување мостови на соработка.

„На овој начин ние создаваме услови за работа во заеднички проекти за афирмација на културата и воопшто на културното наследство. Со овој протокол на соработка ние отвораме нови патишта за пристап до фондови што ќе помагаат за унапредување на културниот живот во нашата земја“, порача директорот на ИДНКА.

Директорот на „Вардар филм Македонија“, Насер Цури, изрази задоволство за стекнатата формална соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

„Нашиот стремеж е размена на нашите ресурси и соединување на нашите капацитети за да можеме да произведеме културни проекти со вонвременска вредност“, изјави Цури по потпишувањето на овој протокол.

Со овој меморандум се предвидува двете институции да аплицираат на заеднички проекти и да организираат заеднички културни настани и други активности што се во фокусот на нивната работа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Виолета Томовска и Весна Ѓиновска-Илкова меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Објавено пред

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ годинава ќе го додели признанието в недела (8 декември) во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 12 часот.

Државната награда за остварување во областа на воспитанието и образованието ќе му биде врачена на професор Агим Паљоска, албанолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството годинава оди во рацете на професорот Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Балетот „Дон Кихот“ на големата сцена на НОБ

Објавено пред

Балетот „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус ќе биде изведен на 6 декември на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ).

Кореограф на оваа украинско-македонска копродукција е Виктор Јаременко, уметничкиот директор на еден од трите најпознати балетски ансамбли во светот – Балетот во Киев, сценограф е Андреј Злобин, додека креатор на костимографијата е Гана Ипатиева. Оркестарот од пултот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

„Волшебна приказна за ветерници, ‘совршената’ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Станува звор за балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатиот Don Q pass de deux, кој дава акцент на целата претстава“, се вели во најавата на НОБ.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Васил Чичијашвили (Грузија), Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Александар Петковски и Лора Тарчуговска.

Во оваа балетска претстава учествуваат и балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ, како и деца од балетскиот оддел на нижо и средно балетско образование при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Со „Генерациски концерт“ ќе се одбележи 70-годишен јубилеј на АКУД „Мирче Ацев“

Објавено пред

Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ на 10 декември во Националната опера и балет (НОБ) со концерт ќе одбележи 70 години од своето постоење.

Настанот со назив „Генерациски концерт” ќе почне во 20 часот, а на него ќе учествуваат фолклорниот ансамбл, академскиот хор и народниот оркестар, како и уметници кои во друштвото твореле изминатите години.

АКУД „Мирче Ацев“ е име кое седум децении е симбол на македонската култура и уметност и важи за амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво.

Друштвото е формирано од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонското хорско пеење, а сè со цел да го презентитра Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија1 час

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија3 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет4 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет4 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет5 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет5 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија5 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет5 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија5 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа16 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет20 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија22 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија22 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија23 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Досие