Култура
„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески премиерно во Австрија

Фестивалската промоција на македонскиот филм „Исцелител“ продолжува на 6-тиот меѓународен филмски фестивал во Виена Let’s CEE.
Во официјалната програма „Ветувачки дебитантски филмови“ во која ќе се натпреварува заедно со 13 други филмови „Исцелител“ ќе има три прикажувања, на 16, 17 и 21 април.
Во програмата заедно со „Исцелител“ се добитникот на награда на фестивалот во Карлови Вари, грузискиот „Деде“ на Мариам Катчвани, добитникот на награда на Софискиот филмски фестивал, бугарскиот „Радиограм“ на Рузие Хаснова, добитникот на награда на филмскиот фестивал во Сараево, романскиот „Меда или не така добра страна на работите“ на Емануел Парву и други.
Let’s CEE почнува денес, 13 април и во наредните десет дена ќе се прикажат повеќе од 155 долгометражни, документарни и кратки филмови. Најголемиот број од филмовите премиерно се прикажуваат во Австрија. Во фокусот на фестивалот во Виена се филмови од висококвалитетни продукции од Централна и Источна Европа, Турција и Кавкаскиот Регион. Во склоп на фестивалот ќе се одржат и академија за таленти, денови на филмска индустрија и работилници. Фестивалот претставува ексклузивна и атрактивна сцена за прикажување на најновите филмови.
Оваа година на Let’s CEE во Виена ќе се прикажат вкупно шест македонски филма и два филма во кои Македонија учествува како копродукција. Во програмата на документарни филмови ќе се прикаже Avec L’Amour на Илија Цветковски. А во програмите на кратки филмови ќе се прикажат „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, „Доаѓаат од центарот на светот“ на Дина Дума, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски и „Ќе дојдат децата“ на Ана Јакимска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари 2019, со почеток во 20 часот.
Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.
Во повеќе од два часа балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот и емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења на Марија Кичевска-Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Моќна, динамична, емотивна…!
Култура
Откажана изведбата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ

Мјузиклот „Мама миа“, што требаше да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14 февруари во 20 часот, се откажува поради прогласениот ден на жалоста, соопштија од Македонскиот народен театар.
„Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите што публиката ги купи за изведбата на 14 февруари, ќе важат за изведбата на 11 март“, велат од МНТ
Поради тешката сообраќајна несреќа, денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост. МНТ изрази длабоко сочувство за смртта на загинатите.
Култура
Нова книга од Славој Жижек

Издаваштвото „Везилка 2011“ ја издаде најновата книга на познатиот словенечки фолозоф Славој Жижек, која носи наслов „Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка“.
Како што е познато, оригиналноста и важноста на В. И. Ленин како револуционерен лидер најчесто се поврзуваат со преземањето на власта во 1917 година. Но, Жижек во оваа нова студија и збирка на оригинални текстови на Ленин ја застапува тезата дека вистинската величина на Ленин може подобро да се разбере од последните две години на неговиот политички живот. Русија преживеа странска инвазија, ембарго и стравична граѓанска војна, како и внатрешни востанија кои личат на она во Кронштат 1921 година. Новата држава била исцрпена, изолирана и дезориентирана. Како што се оддалечувала очекуваната светска револуција, за советската држава да опстане, морало да се направат нови патишта.
Жижек со својот силен и провокативен увод сугерира дека храброста на Лениновата мисла може да се препознае во неговата готовност без отстапувања да се соочи со реалноста на повлекувањето.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал