Контакт

Култура

„Исцелител“ ќе се прикажува и во Прилеп

Објавено пред

В четврток, 17 мај, од 20 часот вo киното „Мис Стон“ премиерно ќе се прикаже филмот „Исцелител“. Репризата е в петок во 20 часот. Блетите се по цена од 100 денари. Ако има интерес, филмот ќе се прикажува и следните денови.

По шестмесечната успешна фестивалска турнеја на филмот „Исцелител“ на светските филмски фестивали, филмот ќе се прикажува и во Прилеп, во кино „Мис Стон“. „Исцелител“ од својата премиера на 9 ноември досега, за само шест месеци, се прикажуваше на 23 светски филмски фестивали, од кои два беа од А категорија. Филмот освои 9 меѓународни награди, меѓу кои 5 беа за најдобар филм. „Исцелител“ е прв македонски филм добитник на награда на филмскиот фестивал во Солун во 58-годишното постоење на фестивалот. Тој е добитник и на наградите за најдобар филм во Санта Барбара, САД; Бергамо Филм Митинг, Италија; Филмскиот фестивал во Обањ, Франција, и на фестивалот Let’s CEE во Виена.

„Исцелител“ беше прикажан на три филмски фестивали во САД, исто толку во Индија, на најголемиот фестивал во Иран, на еден од најголемите фестивали во Кина, на фестивал во Колумбија, на престижниот „Црни ноќи“ во Естонија и на многу други европски филмски фестивали. За филмот бравурозни рецензии објавија неколку од најзначајните светски филмски списанија меѓу кои и Variety, „Хиливуд репортер“, „Скрин дејли“ и Senses of Cinema, но и значајни балкански и македонски списанија.

Главните улоги во „Исцелител“ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ од Скопје.

концерти

Октетот „Прилеп“ утре со концерт во ЦК „Марко Цепенков“

Објавено пред

Од

Октетот „Прилеп“ утре во 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на „Свири, свири виолино“, „Дај ми љубов Трено“, „Се посврши Сербес Донка“, „Овој живот мој“ и други убави староградски песни, како и во настапот на оркестарот на октетот.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Владимир Четкар во Охрид в петок

Објавено пред

Од

Овој петок, 20 јули, со почеток во 19 часот, Владимир Четкар ќе настапи на плажата Бонанца во Охрид.

Четкар ќе настапи со својата авторска музика во секстет постава која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Проекција на филмови во Сули-ан на „Скопско лето“

Објавено пред

Од

Во рамки на „Скопско лето“ вечерва во 21 часот ќе се одржи проекција на филмот „За телото и душата“, на Факултетот за ликовни уметности во Сули-ан.

„За телото и душата“ (2017, Унгарија) е драма во режија на Илдико Енједи. Во главните улоги се јавуваат Геза Моршани, Александра Борбели, Золтан Шнајдер… Филмот ги има освоено следните награди: „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, номинација за Оскар за најдобар странски филм, награда за најдобра актерка и 3 номинации за Европските филмски награди…

Утревечер, вторник, на истата локација ќе биде прикажан францускиот филм „Откачени трудници“, со почеток во 21 часот. Филмот е комедија, во режија на Ноеми Салио, а во главните улоги се Жилиет Бинош, Камил Котин, Ламберт Вилсон,…

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија6 часа

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија7 часа

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија7 часа

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Македонија7 часа

Власта го забрза изборот на ДИК, бара изборни измени со ЕУ знаменце

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се...

Македонија8 часа

Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се...

Македонија9 часа

Кочан: „Покрај сувото гори и суровото“ – Случајот „Труст“ пред пресуда

Првообвинетиот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, во завршните зборови во кривичниот суд денеска рече дека покрај сувото гори и...

Македонија9 часа

(Видео) Никола Попоски: Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска претседателот на Националниот совет...

Македонија10 часа

Мајката што го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола кривично ќе одговара

Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишната мајка од Желино која на почетокот на овој месец го остави своето новороденче пред...

Македонија10 часа

Разочарани сме дека Владата останува на ставот Водно да биде колатерална штета, порачаа граѓански активисти

Граѓанските активисти остануваат на ставот дека се против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Тие порачуваат дека не можат со...

Македонија11 час

Русија да разбере дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, порача Заев

По вчерашната информација на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името, денеска премиерот...

Македонија12 часа

(Видео) Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека...

Македонија12 часа

Османи назначен за шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

Иван Савидис негира дека им дал 300 000 евра на македонски политичари и навивачи

Рускиот бизнисмен Иван Савидис демантира каква било вмешаност во протестите против договорот за името во Скопје и негира дека платил...

Македонија12 часа

Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија. Иванов во...

Македонија23 часа

(Видео) „Комитите“ побараа обвинението за смртта на Саздовски да се смени од насилство во убиство

Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство....

Македонија23 часа

Важно е да нема местенки и правдата да излезе на виделина, порача таткото на Саздовски

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од...

Свет1 ден

Трамп и Путин ја оценија средбата корисна и успешна – „Лошите односи се променија пред четири часа“

Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни....

Македонија1 ден

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров,...

Македонија1 ден

Лидерска средба до крајот на неделава

Запрени се преговорите меѓу политичките партии за Законот за финансирање на партиите, изборот на ДИК и за техничка влада. Овие...

Досие