Контакт

концерти

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија настапи во Казахстан

Објавено пред

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија одржа два концерта во Алмати и Астана, Казахстан, по повод Денот на независноста – 8 Септември. Концертите беа одржани пред преполни сали и поздравени со овации од страна на тамошната публика.

Под водство на маестро Борјан Цанев и со солистката Ана Кондратенко на виолина, Камерниот оркестар изнуди бурни аплаузи за изведбата на делата од Моцарт, Вивалди, Григ и Пјацола, а со овации беше проследена изведбата на делото „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски.

Амбасадорот Илија Псалтиров и директорот на Државниот филхармониски оркестар во Алмати ги истакнаа заложбите за понатамошно интензивирање на културните врски меѓу двете земји.

Концертот во Астана, пак, беше по повод одбележување 27 години на независноста на Македонија и Казахстан, како и 20 години „Астана главен град“, а одржан пред високи претставници и дипломати. Пристуните и оркестарот ги поздрави заменик-министерот за надворешни работи на Казахстан.

Со овие настани беше промовиран почесниот конзул на Република Македонија во Алмати, Султан Мукшаев, кој исто така даде голема поддршка за турнејата на Македонската филхармонија во Казахстан.

„Имав средба со директорот на Филхармонијата во Алмати, Далел Зеинешевич Ушаев, со кој се договоривме за заемна соработка и во иднина“, вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

„Во наредниот период, во 2019 година, во салата на Македонската филхармонија ќе гостува нивен ансамбл. Почестени бевме што пред концертот добивме пригодни подароци од Филхармонијата во Алмати. Всушност, и двете филхармонии, и во Алмати и во Астана, ни дадоа голема поддршка за нашето гостување и во однос на инструментите и во однос на превозот, односно за целата организација, и се покажаа како извонредни домаќини. Како уметник со искуство кој имал многубројни настапи надвор од државата, овој пат посебно сакам да истакнам дека амбасадорот Илија Псалтиров е исклучително редок пример за професионален третман на уметниците“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

Објавено пред

Од

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019!
На 27 септември (четврток) во 20 часот ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг.
Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев (1891–1953). Пијанистите ќе се согласат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…

Најпознатото дело на зачетникот на романтичарската програмска музика францускиот композитор Хектор Берлиоз (1803–1869), всушност, е автобиографски фрагмент кое се нарекува и „Епизода од животот на еден уметник“. Тоа е првото значајно дело во сферата на програмската музика, создадено во 1830 година во деновите на Јулската револуција, кога композиторот бил обземен од општата атмосфера на револуционерни воодушевувања. Како што и самиот навел во своите мемоари, „Фантастична симфонија“ е инспирирана од неговите љубовни чувства кон актерката Харијета Смитсон…

Прикажи повеќе...

концерти

Спектакуларно доживување на „Мала Италија патува 2“ со Павле Камилоски

Објавено пред

Од

Долгоочекуваниот концерт на Павле Камилоски се случи вчера во преполната сала на Македонска опера и балет. Павле Камилоски воодушеви со својата изведба и ни ги претстави интернационалните култури на најдобар начин – со музика и танц.

Тој го почна концертот тргнувајќи од Италија и со својот прекрасен глас ни ја долови италијанската музика и култура. Настапот продолжи со француските и шпанските безвременски песни. Полн со емоции ни ја претстави и далматинската музика, а концертот го заврши со македонските трајни музички дела. На сцената го придружија балетските уметници од Македонска опера и балет кои ја восхитија публиката.

Како специјален гостин на концертот, на големо изненадување на публиката, се појави познатата македонска пејачка Наде Талевска. Концертот придружен од камерниот оркестар беше предводен од познатиот диригент Христо Христов од Софија, Бугарија. Концертот беше огромен спектакл кој Павле го заврши со македонската песна „Море сокол пие“, а публиката го испрати со силно ракоплескање.

Сите кои не успеаја да купат билети за вчерашниот концерт, имаат можност да присуствуваат на следниот кој ќе биде од хуманитарен карактер. В петок, 21 септември во 20 часот сите заинтересирани можат да бидат дел од овој проект и да ги слушнат најубавите италијански, шпански и француски песни и да уживаат во звуците на „Мала Италија“. Средствата од продажбата на картите Камилоски ќе ги донира за потребите на одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Ема Попивода во Велешкиот театар

Објавено пред

Од

В среда, на 26 септември, на Малата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес, со почеток во 20 часот пијанистката Ема Попивода ќе го претстави својот концертен проект „Македонски ноктурна“.

Концертот ќе биде реализиран во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018, како дел од мини концертната турнеја на Ема Попивода.

На програмата ќе бидат изведени композиции базирани на македонските народни песни од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски, кои се преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам итн. Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: „Зајди, зајди“, „Дали паметиш Милице“, „Калеш Анѓа“, „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Деспина“, „Море сокол пие“, „Шеќерна“, „Трнушко“ итн.

За овој концерт е снимено и промотивно видео за композицијата „Зајди, зајди“ кое стана вистинска сензација на каналот „Јутјуб“, како и на другите социјални мрежи. Концертот е изведуван и во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел и Гдањск, каде е високо оценет од тамошната музичка критика и за изведбата и за композициите.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток3 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток4 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија10 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ11 час

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија12 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија14 часа

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија15 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија15 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија16 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија16 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет16 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија17 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија2 дена

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија2 дена

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија2 дена

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Досие