Контакт

Култура

Камерниот оркестар на Музичката младина ќе концертира на Охридско лето

Објавено пред

Концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, „Сашa Николовски-Ѓумар“, ќе се одржи вечерва на Охридско лето, со почеток во 21 часот, во црквата „Света Софија“. Диригент на вечерта ќе биде Иван Еминовиќ, а солист Марија Ташевска – сопран.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. Николовски-Ѓумар, В. Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б. Цанев, А. Ремерајт, Б. Чадловска, О. Кондратенко, Миша Кац, Џанлука Мартиненги, Елена Митревска. Како признание за постигнатите резултати, во 1995 оркестарот беше поканет и одржа концерт во Будимпешта по повод 50-годишнината од основањето на Светската федерација на музичката младина. Оркестарот има остварено повеќе од 100 концерти добивајќи голем број позитивни критики и признанија, а на неговиот репертоар, покрај делата од светската класика, свое место наоѓаат и делата на современите македонски композитори.

Веќе 37 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот Охридско лето, а во последните години и на фестивалите Скопско лето и Битолско лето. Од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.

Најново

Македонија9 минути

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија40 минути

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт1 час

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија2 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника2 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион2 часа

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...

Македонија2 часа

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот...