Контакт

Култура

Камерниот оркестар на Музичката младина ја плени публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија во рамките на „Охридско лето“ синоќа го одржа традиционалниот концерт кој беше пренесуван и во живо преку интернет и фејсбук-страниците на фестивалот. Изведбата на младите уметници предизвика експлозија од восхит кај присутните во црквата „Света Софија“, а концертниот репертоар беше составен од релативно познати композитори како Едвард Григ со Холберг свитата, преку летото од годишните времиња на Астор Пјацола и на Антонио Вивалди, а беа изведени и композиции од Бела Барток, како и Елена Блази и Антон Аренски.

,,Секоја година се трудевме да има разновидна програма, па така, низ годините имавме и една барокна опера која се изведе во црквата ‘Света Софија’ и која ни претходно, ни потоа, немаше таква изведба. Годинава уметничкиот раководител Олег Кондратенко се одлучи заедно со нас за една интересна програма во која се застапени релативно познати композитори”, вели претседателот на Музичката младина на Македонија, Александар Герасимовски.

Музичката младина на Македонија веќе 32 години е дел од фестивалската програма на „Охридско лето“ и секоја година носи млади но исклучително талентирани млади уметници.

,,Повеќе млади луѓе од Македонија, а понекогаш и од странство, односно околу 350 млади музичари и солитсти сите овие 32 години продефилираа на фестивалот. Од нив некои се членови или концерт-мајстори на светски оркестри и изведувачи, програми коишто одбележуваа една младост, еден полет, елан за заедничко музицирање и дружење. Продуктите веќе се ставени на неколку носачи на звук, додава Герасимовски.
Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија доби и свое дополнително име во чест на покојниот Саша Николовски – Ѓумар, диригент и уметнички раководител кој работеше со оркестарот повеќе од 20 години и остави неибришлива трага и во програмата, и во едукацијата на младите музичари.

Култура

Балетската претстава „Есмералда“ на 31 јануари и 4 февруари во НОБ

Објавено пред

Националната опера и балет го најавува еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ – Чезаре Пуњи, овој пат со две изведби на 31.1 и 4.2.2020 со почеток во 20 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (31.1), Васил Чичијашвили (31.1), Мими Поп Алексова Атанасовска (4.2), Бобан Ковачевски (4.2), Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија), Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи (Унгарија), Ервис Кочеку (Албанија), балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска. Билети на билетарницата на Националната опера и балет и online на www.operabalet.mk

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“ од Каспер Ших

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Мудроста на Конфуциј. Научете да бидете врвен лидер“, во превод од англиски јазик на Анета Пауновска. Станува збор за поучна книга заснована на доблестите на конфуцијанската мудра мисла.

На едноставен јазик книгата ги објаснува длабоките теории за развој и за управување, засновани на вредностите на „Аналектите“ на Конфуциј, поставувајќи го патот до успехот за секој професионален менаџер и лидер.

Д-р Каспер Ших е еден од најуспешните менаџери во светот и стратег на создавањето на еден од „четирите азиски тигри“ во економијата – Тајван. Toj докажува дека „Аналектите“ на Конфуциј (познати и како „Лун Ји“) се бесценет водич за менаџирање со една компанија или за владеење со една земја.

„Гледиштата на Конфуциј за принципите на односот надреден – подреден се исклучително мудри и далековидни. Тие може да му помогнат на еден лидер, како и на една обична личност да води земја, компанија или дури и домаќинство“, пишува д-р Каспер Ших.

„Аналектите не само што обезбедуваат пат за успешен личен напредок и пробивање на себеси во општеството, туку и се уште поскапоцени за управувањето. Тие се од суштинска важност за водење на една земја или на еден бизнис и се основата за модерната теорија на управувањето. Аналектите ги истакнуваат слободата, демократијата, правдата, чесноста, љубовта и човечноста со особен акцент на филозофијата на искреност и грижа… Конфуциј рекол: `Владеј доблесно и ќе бидеш како ѕвездата Северница. Таа останува на своето место додека сите други ѕвезди (луѓе, вработени) кружат околу неа. Ако ги водиш луѓето доблесно и исправно, тие ќе имаат чувство за срам и интегритет (ќе се управуваат себеси без потреба од управители)`. Овие две едноставни реченици поставуваат пример дека еден лидер би требало да ја постигне и да ја разјасни важноста на корпоративната култура – пишува Ших.

Каспер Ших (1937), доктор по техничка наука на универзитетот во Токио, е претседател на Глобалниот кинески фонд за конкурентност. Повеќе од 4.000 средни и мали претпријатија во Тајван постигнаа успешна трансформација под негово водство. Клучните проекти кои беа во негова надлежност се „Планот за автоматизација на производството“, „Подобрување на продуктивноста во севкупно движење“, „Проектот за подобрување на квалитетот на производите“, „Планот за технологија за воведување на средни и мали претпријатија“, итн. една од клучните фигури што го промовираа Тајван во една од четирите азиски тигри. Беше наречен „таткото на автоматизацијата на Тајван“. Имплементацијата на планот за автоматизација и програмата за промоција на квалитетот од Тајван направија лидер меѓу „четирите азиски тигри“ на почетокот од 90-тите години на 20 век.

Прикажи повеќе...

Култура

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со Лидија Вуќичевиќ во Куманово и Охрид

Објавено пред

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ по барање на публиката повторно ќе се прикажува во неколку градови низ нашата држава.

За февруари веќе се закажани термини во Театар Куманово на 25.02, вторник, со почеток во 19 часот и на 29.02, сабота, во Центарот за култура во Охрид.

Оваа хит-комедија се игра и во Србија, а исто така се предвидени гостувања надвор од границите на двете земји.

Главната улога во преставата ја игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ, а во преставата игра популарниот Семир Ѓичиќ, но за големо изненадување, во овој проект игра и македонскиот актер Сашо Ристовски.

Покрај Куманово и Охрид, во март се предвидени и закажани веќе неколку изведби и во нашата држава и во Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија1 час

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија2 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија2 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија3 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија3 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет3 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија4 часа

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија5 часа

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Свет5 часа

(Видео) Авион со 150 патници се излизга од пистата и излета на улица

Ирански патнички авион со 150 патници се излизга од писта и излезе на улица во јужниот град Махшар, откако се...

Свет6 часа

ФБИ почна истрага зошто хеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на магла

ФБИ го истражува местото на несреќата каде што се урна хеликоптерот со НБА-играчот Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум...

Свет6 часа

Калифорнија: Ќе бидат потребни неколку дена за да се извлечат телата од непристапниот терен каде што се урнал хеликоптерот

Властите во округот Лос Анџелес соопштија дека може да потрае неколку дена за да се извлечат телата од местото на...

Свет6 часа

Рик Фокс е жив, не бил во хеликоптерот со Коби Брајант

Откако бројни американски медиуми објавија дека заедно со кошаркарот Коби Брајант во хеликоптерската несреќа загинал и неговиот поранешен соиграч од...

Свет7 часа

Најмалку 80 починати од коронавирусот, а околу 3.000 лица се заразени

Бројката на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 80, а речиси 3.000 лица се заразени. Во обид да...

Свет7 часа

(Видео) Лошото време и густата магла се можна причина за несреќата во која загина Коби Брајант

Лошото време и густата магла, но и низа грешки на пилотот се најверојатно причините за страшната несреќа во која синоќа...

Спорт16 часа

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант....

Спорт17 часа

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со...

Спорт18 часа

Потврдено: Во хеликоптерот на Брајант била и неговата 13-годишна ќерка Џиџи

По првите извештаи на американската ТВ-мрежа „Еј-би-си“ дека во хеликоптерската несреќа во која загина НБА легендата Коби Брајант биле неговите...

Свет19 часа

(Видео) Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Легендарниот американски кошаркар и еден од најдобрите во НБА историјата Коби Брајант загина во својата четириесет и прва година во...

Топ1 ден

Со возило на Црвен крст излетале од патот на Водно додека се обидувале да спасат повреден маж

Екипа на Црвен крст не успеала да го спаси повредениот маж на Водно по којшто трганала, бидејќи нивното возило излетало...

Досие