Контакт

Изложби

„Кина во моите очи“ – изложба по повод 70 години од основањето на НР Кина

Објавено пред

Во Заводот и музеј во Битола од синоќа па во наредните седум дена е поставена изложбата „Кина во моите очи“, по повод 70 години од основањето на Народна Република Кина. Заменик-градоначалникот Емилија Костурски пред пристутните истакна дека е голема чест што Битола е домаќин на оваа изложба.

„Битола како мултикултурен град е домаќин на изложбата, преку која секој посетител може да ја доживее Кина на свој, специфичен начин. Задоволство ми е што заеднички прославуваме еден ваков значаен јубилеј“, истакна Костурски.

Пред присутните се обрати и Мао Кингвен, советник во Амбасадата на Народна Република Кина во земјава.

„Кина има инклузивна меѓународна соработка. Затоа Кина цврсто практикува независна и силна надворешна политика и политика на отворени врати кон светот. Освен ова, Кина ја интензивира меѓународната соработка преку иницијативата ‘Еден појас, еден пат’, со цел на реализирање на меѓународни односи базирани на заемна корист и создавање на заедница на човечката судбина“, рече Кингвен.

Настанот, кој го организираа Амбасадата на Народна Република Кина, Општина Битола и Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, беше збогатен и со традиционална кинеска храна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба „Природата предупредува: Будни ли сте?!“ на отворено во Слоештица

Објавено пред

В сабота, 21 септември, на уметничкото гумно во село Слоештица, ќе се слават уметноста и природата. Имено, тема на годинешната уметничка резиденција во „Арт поинт – гумно“ е „Природата предупредува: Будни ли сте?!“ Преку уметноста пораки за заштита на природата и планетата Земја испраќаат уметниците: Иштван Ерос од Унгарија, Дик Робертс од САД, Сашо Н. Алушевски од Македонија, Џесика Флеминг од Германија и Естер Шабак од Словачка.

Инспирирани од исклучителното природно богатство на горнодемирхисарските планини, кои, за жал, не се поштедени од глобалните климатски промени, уметниците преку своите дела протестираат и провоцираат во име на природата.

Со овие активности „Арт поинт – гумно“ се приклучува на Глобалната недела на акција за климатските промени: 20 – 27 септември 2019.

Изложбата ќе биде поставена на отворено и во галеријата на гумното – единствена од таков вид на Балканот, а поставката ќе може да се види во текот на целата година.

Љубителите на уметноста што ќе го посетат отвореното студио в сабота, во периодот од 12 до 20 часот, ќе имаат можност и лично да се запознаат со уметниците.

Уметничката резиденција „Арт поинт – гумно 2019“ е делумно поддржана од Министерството за култура.

Прикажи повеќе...

Изложби

Уметницата Михаела Јовановска со мултимедијален проект ќе се претстави во Њујорк

Објавено пред

„1/2. Состојба“ е насловот на мултимедијалниот проект на уметницата Михаела Јовановска во соработка со видео авторката Вероника Камчевска, што ќе биде претставен в сабота, на 21 септември, во 18 часот во Њујорк.

Се работи за проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.

Михела Јовановска работи во Националната галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и Gallery MC – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија Лауба – Загреб, Миодраг Дадо Џуриќ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.

Проектот ќе биде изложен до 30 септември и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Љубиша Камењаров – „Управило и наследството на Мурто“

Објавено пред

На 17 септември (вторник) во 20 часот на плоштадот во Автокоманда, во организација на КЦ 750 ќе биде претставена скулптуралната инсталација „Управило и наследството на Мурто“ на македонскиот уметник Љубиша Камењаров, која ќе биде изложена до 19 септември.

Скулптуралната инсталација „Управило и наследството на Мурто“ која е концепциски и ликовно поврзана со претходните дела „Рамнотежист“ и „Управило“, сега како продолжение прикажува како човечката фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, која во контекст на просторот и поставеноста, ја отсликува важноста, ја нагласува доминантноста и значењето на субјектот и темата.

Надоврзувајќи се на предходните размисли и нивната реализација преку ликовни средства повторно ја забележува и преиспитува состојбата и поставеноста кај единките и групите, поточно хиерархиската поставеност во нивните меѓусебни односи.

Како алегорија, се препознава старата народна мудрост, која потсетува што е она што ги одредува правилата на игра (и играта воопшто!) и води, управува, влијае на поклониците.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет3 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет4 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет4 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа17 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет18 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија24 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија24 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија1 ден

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Досие