Контакт

Актуелно

„Киненова“ за филмот „Ругање со Христос“: Фестивалот се занимава со филмска уметност, а не со верска омраза

Објавено пред

Поради јавното споменување и инволвирање на фестивалот „Киненова“ во случувањата зафилмот „Ругање со Христос“, организаторите денеска ги соопштија своите позиции и ставови. Тие велат дека „Киненова“ е филмски фестивал што се занимава со филмска уметност, а не со верска и национална омраза.

„Се оградуваме од каков било контекст кој е надвор и поинаков од уметност и авторска слобода“, велат организаторите. Тие велат дека годинава добиле апликација од филмот ‘Ругање со Христос’ и кога го изгледале, решиле да го селектираат во официјалната програма, а годинава првпат имало и домашен филм на фестивалот.

„Програмата на фестивалот беше јавно објавувана како на социјалните медиуми така и во јавните гласила и печатени медиуми. Јавен настан беше проекцијата на филмот на 5 октомври, петок, во 20 часот. Повторуваме, 5 октомври, петок, во 20 часот. Во понеделникот, 7 октомври, претставник на фестивалот беше поканет на судско рочиште на 8 октомври за предмет со наслов: „Привремена забрана за прикажување на филмот поради ширење верска и национална омраза и загрозување на соживотот на народите во државата и проценета вредност од 18 милиони денари“, велат од организацијата на фестивалот.

На рочиштето, додаваат од таму, јавниот правобранител во име на Министерството за култура, а во име на РМ, го повлече своето барање против фестивалот „Киненова“.

Актуелно

Министерството за култура отвотено за барањата на синдикатот на културни работници

Објавено пред

Од министерството за култура велат дека во неодамнешниот процес на нивелација на платите во сферата на културата, учество земале сите релевантни фактори меѓу кои биле и репрезентативните синдикати од областа на културата.

„Во оваа смисла, а во врска со соопштението на Синдикатот на културни работници на Македонија (СКРМ) во кое се бара ревизија на спроведената нивелација со вклучување на претставници на СКРМ, итно усвојување на новиот Закон за остварување на јавниот интерес во културата, како и потпишување на колективен договор до 30 септември годинава, Министерството за култура информира дека ги почитува барањата од културната јавност и од СКРМ и дека во заедничка спрега со институционалната култура, со граѓанските здруженија и поединци од областа на културата како и со репрезентативните синдикати во културата посветено работи за донесување на правна рамка и колективен договор со коишто ќе се решат покрај другите отворени прашања како финансирањето на јавниот интерес во културата, така и негативните состојби со платите и ќе се регулираат сите досега отворени прашања во врска со работниот однос на вработените во културата“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Во него се додава дека рокот за потпишување на колективен договор до 30 септември годинава со почеток на спроведување од 1 јануари 2020 година, истакнат во барањата на СКРМ е прифатлив рок и дека како надлежна институција министерството ќе работи посветено, конструктивно и ангажирано за подобри услови за работа во сферата на културата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Револверот со кој се самоуби Ван Гог на аукција

Објавено пред

Револверот со кој холандскиот сликар Винсент ван Гог се застрела на 27 јули 1890 година во Франција в среда ќе се најде на аукција во Париз. Аукциската куќа „Оксион арт“ соопшти дека вредноста на револверот е проценета меѓу 40 и 60.000 евра.

Ван Гог по две години поминати на југот на Франција, на 20 мај 1890 година се преселил во гратче северно од Париз по совет на неговиот брат. Лекарот Пол Гаше се грижел за здравјето на холандскиот уметник, кој имал чести психолошки кризи. Ван Гог изнајмил соба во гостилница и тогаш бил на врвот од своето уметничко творештво, односно сликал по една слика дневно.

Фото: ЕПА

На 27 јули 1890 година отишол на прошетка и таму се обидел да се самоубие со револверот што го зел од сопственикот на гостилницата. Но, оружјето му се лизнало од раката и Ван Гог се онесвестил. Се разбудил ноќта и ранет тргнал да се врати кон гостилницата. И покрај помошта на лекарот, Ван Гог починал по два дена агонија.

Револверот во 1960 година го нашол земјоделец и го предал на сегашните сопственици на гостилницата. Револверот првин бил закачен на ѕидот во гостилницата, а потоа бил изложен во музејот посветен на Ван Гог во Амстердам.

Американските научници имаат теза дека Ван Гог не се самоубил, туку бил застрелан од млади луѓе што си играле со оружјето.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците потпиша соработка со „Вардар филм Македонија“

Објавено пред

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДНКА) потпиша меморандум за соработка со Националната установа „Вардар филм Македонија“.

Протоколот беше потпишан од директорите на двете институции, Скендер Асани во име на ИДНКА и Насер Цури од „Вардар филм Македонија“.

Асани изјави дека потпишувањето на договорот е добра можност за стекнување мостови на соработка.

„На овој начин ние создаваме услови за работа во заеднички проекти за афирмација на културата и воопшто на културното наследство. Со овој протокол на соработка ние отвораме нови патишта за пристап до фондови што ќе помагаат за унапредување на културниот живот во нашата земја“, порача директорот на ИДНКА.

Директорот на „Вардар филм Македонија“, Насер Цури, изрази задоволство за стекнатата формална соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

„Нашиот стремеж е размена на нашите ресурси и соединување на нашите капацитети за да можеме да произведеме културни проекти со вонвременска вредност“, изјави Цури по потпишувањето на овој протокол.

Со овој меморандум се предвидува двете институции да аплицираат на заеднички проекти и да организираат заеднички културни настани и други активности што се во фокусот на нивната работа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички слики меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во...

Македонија2 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион4 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет4 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија5 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа6 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија13 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија14 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија16 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион18 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија20 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија23 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија24 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Досие