Култура
Кинотечни јубилеи – 60. број на „Кинопис“

Меѓу активностите на кои Кинотеката особено се горее – сигурно спаѓа и издавањето на „Кинопис – периодичното списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности,“ кое излегува единично или како двоброј, еднаш до двапати годишно. А држејќи чекор со дигиталната ера и дигитализацијата, Кинотеката на својата интернет-страница (www.kinoteka.mk) ги има приложено и дигиталните верзии на изданијата на „Кинопис“: од првиот број на списанието, па до бр. 55-56 (во PDF-формат) – за широката филмска публика, како и за сите проучувачи и проследувачи на филмот и филмската култура кај нас, посочуваат одговорните.
Појаснуваат дека во декември 2021 година од печат излезе најновото, овој пат и јубилејно издание на списанието: „Коинопис“ бр. 59-60.
По тој повод – на 18 март (петок) 2022, во киносалата на Кинотеката, со почеток во 12 часот, ќе се одржи мала пригодна презентација на овој број на списанието, со што ќе го одбележиме јубилејното 60. издание на „Кинопис“, велат организаторите.
Списанието „Кинопис“ е природен наследник на кинотечниот магазин „Кинотечен месечник“ (кој излегува од 1977 до 1987 година), чии изданија во македонската филмска историја и теорија имаат статус на своевидни „Филмски тетратки“, по урнекот на легендарниот магазин за филм Cahiers du Cinéma („Филмски тетратки“), основан во 1951 година во Париз: еден од основачите е Андре Базен (André Bazin), филмски критичар и теоретичар со светско реноме, за кого се смета дека имал пресудно влијание во лансирањето на францускиот нов бран…
Првиот број на списанието за историја, теорија и култура на филмот и на другите уметности „Кинопис“ излезе во 1989 година.
„…И, така, во текот на таа 1988 година и во неколку месеци од следната 1989 се обликуваше концептот, се прибираа текстови… Беше постигнат договор списанието да се печати во печатницата на ‘Нова Македонија’, а ликовно-графичкото обликување да го направи Костадин Танчев-Динката. Роберт Јаки ја изготви хронологијата на фотографските пронајдоци (како претходници на филмот), а свои трудови дадоа: Мирослав Чепинчиќ, Катица Трајковска, Сузана Милевска, Павлина Гргуревиќ, Цветан Гавровски, Ѕвонко Ѓокиќ, Благоја Куновски, Георги Василевски, Конча Пирковска, Стојан Синадинов, Љубомир Костовски, Слободан Петровиќ, Борис Ноневски, Дубравка Рубен, Игор Старделов и мојата маленкост. Во првиот број беше поместена и декларацијата од „Делфи“ – европската аудиовизуелна повелба. Со кориците (внатрешни и надворешни) накусо ја раскажавме природата на филмот: предна (надворешна) – прикажувач на латерна магика (гравура од Гаварни); предна (внатрешна) – Тишина, се снима! (Вон Штернберг на сет); задна (внатрешна) – Бастер Китон со големи ножици пред монтажна маса; задна (надворешна) – Бастер Китон меѓу два вагона, премрзнат, патува во непознат правец! Како филмот, на почетокот! Се сеќавам…“, вели првата главна и одговорна уредничка на „Кинопис“, Илинденка Петрушева, по повод 30-годишнината на списанието.
Сеќавањето на Петрушева за животот и приклученијата на „Кинопис“ продолжува понатаму:
„…’Кинопис’ во својот поднаслов ја има дефиницијата за неговите цели: списание за историја, теорија и култура на филмот и на другите уметности. Филмска уметност, филмска култура, филмска едукација! И сето тоа во корелација со другите уметности! Ваквото дефинирање на списанието ги наметна, се разбира, и рубриките, некои постојани, а некои според потребите: Историја, Теорија, Архивски трезори, Македонска филмска сцена, Автори – филмови, Аматерски филм, Гледишта, Есеи, Истражувања, Поводи, Портрет, Македонски филмски дејци, Светско филмско наследство, Стрип, Телевизија – видео, Филмот и информатиката, Филмот и театарот, Филмот и музиката, Филмот и ликовните уметности, Фотографија, итн., итн… Еден широк спектар на теми што отвораат бескрајни хоризонти на сознанија. И сето тоа – со една исклучителна плејада авторски имиња…!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
По 11 успешни детски театарски претстави Скопје Сити Мол и Синеплекс најавуваат продолжување на Мој театар – Сити театар наесен

Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента. Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Мол го организираше во партнерство со Синеплекс.
Во текот на 11 недели најмладите во Синеплекс киното можеа да проследат интерактивни, иновативни и едукативни детски театарски претстави со различни приказни и музика во живо. Освен забавува и едукација, со посетите на Мој театар – Сити театар, децата имаа можност и да ја развиваат хуманоста бидејќи средствата од продажбата на билетите се наменети за донација.
„Чест ни е што најмладите ја препознаа нашата заложба да им обезбедиме незаборавно искуство преку кое тие учат, се едуцираат, но и ја развиваат љубовта кон театарската уметност. Заради огромниот интерес кај најмладите покрај планираните десет претстави, беше организирана дополнително уште една единаесетта претстава. Скопје Сити Мол не застанува тука, по заслужениот летен одмор Мој театар – Сити театар ќе се врати наесен на уникатната сцена во киното Синеплекс со побогати и нови содржини. И во текот на летото веруваме дека децата и нивните родители ќе продолжат да уживаат во содржините во омилениот трговски центар, како што се летната сцена и новото уникатно игралиште пред Скопје Сити Мол, како и во бројни други летни изненадувања – сѐ што сакаат“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Дел од Мој театар – Сити театар е и хуманитарната акција „Од дете за дете“, преку која сите средства од продажбата на билети по симболична цена за претставите на крајот од годината, по завршувањето на вториот циклус од детскиот театар ќе бидат донирани на детска хуманитарна организација.
Повеќе информации и фотографии од детските претстави може да се најдат на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.
За Скопје Сити Мол
Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето веќе препознаен како обележје на модерно Скопје.
Освен модните брендови, понудата на Скопје Сити Мол ги опфаќа и сите сервисни услуги, потреби за домаќинство, козметика и убавина, книжарници, детски катчиња со забавен и едукативен карактер, тематски и
семејни ресторани, брза храна, кафулиња, кино, играчница и многу други содржини кои заедно придонесуваат купувањето и дружењето да станат вистинска, врвна забава. Оваa година Скопје Сити Мол го слави 10-от роденден. www.skopjecitymall.mk
(пр)
Култура
„Радоста на постоењето“ – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер”

Македонската книжевна сцена се збогатува со ново интересно и вредно дело, кое го загатнува најважното за секој човек – животот. Насловот „Радоста на постоењето“ најавува дека авторката Симона Петреска со оптимизам гледа на големиот предизвик кој почнува со самото раѓање на секој човек.
Петреска преку својата книга ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност во животот и да го исполнат со радост, полетност, разбирање, благосостојба… Преку своите лични искуства и анализи таа им вдахнува инспирација да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.
Авторката си поставила цел со книгата да му помогне на читателот да живее во мир и хармонија, да оствари духовен развој, да биде благодарен за она што го има и да создаде поуспешен, поосмислен живот, менувајќи ги своите мисли, емоции и однесување.
Нејзината цел е остварлива, секако, ако читателот се нурне во напишаните редови. Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на душата и телото, авторката пишува со зборови што допираат до сечие срце.
„Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија“, вели мотиваторката Петреска.
Инаку, книгата можете да ја најдете во сите книжарници на „Три“ и на „Книга.мк“.
ПР
Култура
Откажани двете претстави на Драган Маринковиќ-Маца во Скопје и во Битола

Двете претстави на познатиот комичар Драган Маринковиќ-Маца, во Скопје и во Битола, кои требаше да се одржат на 27 и на 28 мај, се откажани поради болест на актерот.
Маца во Македонија требаше да ја игра хит-претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“, која го освои регионот и досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе.
На сите оние што ги купиле билетите средствата ќе им бидат вратени на местата на кои ги купиле.