Контакт

Актуелно

По 46 години, КИЦ доби ново пијано, донација од Лихтенштајн

Објавено пред

Културно-информативниот центар од Скопје доби ново пијано за потребите на музичката активност во Салон 19,19. Инструментот е донација од Интернационалната фондација за музика и уметност (IMAF), со седиште во Вадуц, Лихтенштајн, која неодамна помогна и во реновирањето на камерниот салон на КИЦ.

Сиве овие години КИЦ користеше пијано „петроф“, кое веќе одамна е амортизирано бидејќи е донесено во институцијата уште во 1972 година. Оваа донација, според надлежните во КИЦ,  претставува историски чин не само за оваа институција туку воопшто за музичката култура во нашата земја затоа што Салон 19,19 е единствен и најпознат простор за концерти и камерни состави во градот Скопје.

„По сугестиите на повеќемина врвни музички уметници за дотрајаноста на пијаното старо 46 години, кое често бараше штимање пред изведба (последните години се користеше повеќе за пијано-придружба отколку за соло изведби), раководството на КИЦ направи напор да донесе нов инструмент што ќе им биде од корист на новите генерации музички изведувачи. Новото пијано, донација од ИМАФ, е од „гранд пијано – јамаха C6X“, има нов одличен звук, а донесено е преку овластениот дистрибутер на „Јамаха“ во Македонија, еден од најголемите продавачи на музички инструменти „До, ре, ми“ од Скопје. Во текот на мај КИЦ најавува концертна промоција на новото пијано со настап на еминентни пијанисти што најдобро би ги покажале неговите перформанси“, нè информираат од КИЦ.

Концертната активност во КИЦ, која е зголемена по реновирањето на Салонот, се очекува уште повеќе да добие во квалитет со новиот инструмент, кој останува во трајно наследство на институцијата. Тој нема да се користи за секаков вид концерти, туку само за посебни пригоди и гости,а стариот клавир останува во функција како придружен инструмент.

Тука се одржани повеќе од 2.000 концерти на реномирани македонски, европски и светски музички уметници, како и на наши уметници во Европа и светот. Меѓу нив позначајни се настапите на Московскиот филхармониски оркестар, Полскиот филхармониски оркестар, Гудачкиот оркестар „Антонио Лучио“ од Холандија, Гудачкиот сексет на Минхенската филхармонија, Гудачкиот квартет „Бриндизи“ од Велика Британија… како и Стефан Миленковиќ на виолина (САД), Максим Федотов на виолина (Русија), Алберхт Бројнингер на виолина (Германија), Николај Лугански на пијано (Русија), Евгениј Корољов на пијано (Германија), Алексеј Володин на пијано (Русија) и др.

Актуелно

Меѓународно признание за „Синедејс“

Објавено пред

Од

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот Скопје кој традиционално дава финансиска поддршка на овој фестивал, успеа да се акредитира во меѓународната асоцијација FIAPF и да се здобие со големото признание “Competitive film festival specialized in European first and second feature films”.

Одлуката за зачленување на „Синедејс“ во специјалната селекција од 47 акредитирани фестивали во светот досега, е донесена со едногласна одлука за време на Генералното собрание на FIAPF на 18 февруари. „Синедејс“ со оваа одлука е рамо до рамо со 47 фестивали од светот, вклучувајќи ги Кан, Берлин, Сан Себастијан, Торонто и Венеција, кои се исто така акредитирани преку оваа програма која гарантира висок квалитет дефиниран во оваа важна меѓународна федерација.

FIAPF претставува единствена федерација на филмски и на телевизиски продуценти со глобално значење, вбројувајќи 38 продукциски куќи од 31 земја во светот, застапувајќи заеднички економски, правни и регулаторни интереси на филмската и на телевизиска индустрија од сите пет континенти во кои е застапена.

„Синедејс“ е единствениот фестивал на европски филм во Македонија, основан во 2001 година на иницијатива на шпанскиот режисер Педро Алмодовар и Вивиен Рединг, поранешен комисионер за Едукација, млади, медиуми, спорт и култура на Европската комисија како „недела за славење на европската кинематографија“ во сите европски метрополи.

Во текот на своите 17 години постоење, „Синедејс“ прерасна од ревија во вистински филмски фестивал кој ги почитува стандардите за квалитет дефинирани од светската филмска индустрија, со силна и атрактивна програма и за домашната и за меѓународната филмска публика.

FIAPF во својата одлука, ја истакнува и важната и несебична работа на организаторите на фестивалот, а истовремено ја укажува и својата верба дека фестивалот има одлична подлога за понатамошен развој важен за градот Скопје, за Македонија, но и за Источноевропската филмска индустрија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Музика, изложби и филмови на првото издание на фестивалот „Синестетика“

Објавено пред

Од

На 27 мај, со почеток во 12 часот, на ледината Шамак (над Козле, подножје на Водно) ќе се одржи првото издание на фестивалот „Синестетика“. Во склоп на програмата ќе учествуваат повеќе авторски бендови, ликовни уметници, филмаџии и ракотворци.

Музичката програма ќе ја сочинуваат бендовите: V616, Илузија, Conspiracy, Zulu 3.4, Amber Virga, Filch,Cóntact 59, Minstrel’s Gallery. Музичката програма ќе заврши со отворен jam session на кој ќе можат да се приклучат сите музичари.

По завршувањето на музичката програма, следува прикажување на кратки филмови од наши млади режисери: Анастасија Точевска, Борјан Стојков, Бруно Велјановски, Лидија Мојсо, Мирослав Илиќ, Тамара Котевска, Тања Симоновска, Трифун Ситниковски, Филип Лафазановски и Никола Поповски.

Како дел од фестивалот ќе има и изложба на која ликовните уметници ќе можат да ги изложат своите дела во отворен простор.

Pop-up shop ќе биде организиран од Теодора Ваклински на кој ќе учествуваат повеќе ракотворци: Pocket Gallery, Elena Stavreska’s artwork – Dimension ELF, Black Bird Handmade, Микери, Cone, The pun times, ПлетЕлица, Just Because. Art & Design Studio, Марио Манески, Елена Доленц, Ангела Цуцкова, Pontes65, Rabendā.

Ледината се наоѓа над населбата Козле, погоре од улицата Ловќенска, бр. 4. Патеката ќе биде обележана со знаци на кривините, а нa фан-страницата ќе биде објавено и кратко видео со насоки како се стига до локацијата. Фестивалот е организиран од група млади ентузијасти, без никакви средства и на волонтерска основа и е замислен како платформа на која младите автори ќе имаат можност да ги прикажат своите дела.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Распишан конкурсот за најдобри песна и есеј за „Празникот на липите“

Објавено пред

Од

Друштвото на писателите на Македонија распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија.

Песната или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со шифра на адреса: улица Максим Горки, бр. 18, 1000 Скопје, или преку електронска пошта на адресата: [email protected] најдоцна до 15 јуни 2018 година.

Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително и благовремено објавен.

Од ДПМ напоменуваат дека е потребно учесниците што ќе учествуваат по електронски пат да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести4 часа

Историска победа за правото на абортус во Ирска

Изборни комисии во Ирска денеска ги потврдиле резултатите од изборната анкета по референдумот во Ирска. Резултатите покажуваат голема победа на...

Свет11 час

Лидерите на двете Кореи се сретнаа на границата без претходна најава

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун и лидерот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изненадно се сретнаа во пограничниот град во...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара половина влада да поднесе оставка за неспроведување на реформите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за финансии Драган Тевдовски и за внатрешни...

Надворешна политика14 часа

Владата тврди дека мнозинството е за влез на Македонија во ЕУ, Франција и Холандија подготвиле „нон пејпер“

Мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција, тврдат од...

Македонија15 часа

Кукаст крст на споменикот на Тито во Куманово, градоначалникот бара да се пронајдат сторителите

Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово....

Свет16 часа

(Фото) Нова ерупција – 10.000 метри пепел и чад од вулканот на Хаваите

Официјалните лица истакнуваат дека на Хаваите дошло до уште една ерупција на вулканот Калауеа, пришто се создал облак од чад...

Македонија16 часа

Два земјотреси синоќа во Охридско-преспанскиот регион

Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион синоќа регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите се наоѓаат...

Надворешна политика1 ден

Ладен туш за почеток на преговорите за влез во ЕУ – „нон пејпер“ за Македонија

Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот...

Македонија1 ден

(Видео) Нимиц: Нема конечно решение за името, двете страни ќе продолжат со работа

На средбите во Њујорк не е постигнато конечно решение за спорот со името, но двете страни ќе продолжат со работа...

Македонија1 ден

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 ден

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија1 ден

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија2 дена

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа2 дена

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести2 дена

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести2 дена

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија2 дена

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија2 дена

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија2 дена

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет2 дена

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Досие