Контакт

Книги

Книга за арс-поетичките компонентни во творештвото на Блаже Конески

Објавено пред

„Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ е насловот на книгата студии од литературниот критичар, есеист и книжевен научник д-р Веле Смилевски. Книгата се појави во рамките на едицијата „Книжевни истражувања“ на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје, со рецензија на д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Во првиот дел од книгата Смилевски се задржува на значењето на делото на Блаже Конески (1921 – 1993) во развојните процеси на современата македонска литература.

„Со својот богат опус, како поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач, Конески остави длабоки траги во повоениот развој на македонската литература, како и во областа на науката за книжевноста и лингвистиката. Без сомнение, тој е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век“, истакнува Смилевски.

Во наредните поглавја од книгата акцентот е ставен на поетското и есеистичкото творештво на Блаже Конески, при што предмет на истражување и толкување се изворната и посредната улога на арс-поетичките компоненти, феноменот на авторскиот коментар во песните, творештвото како естетички остварена идеја, правото на добрите мајстори и принципите на одбрана на поезијата.

Во посебен оддел објавен е избор од поезијата на Блаже Конески со наслов „Читач“, со песни што се огледни на темите за кои пишува Смилевски.

Книгата „Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ од Веле Смилевски се појави во рамките на програмата на Министерството за култура, со која 2021 е прогласена за година на Блаже Конески по повод 100-годишнината од неговото раѓање.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

„Великата лирска песна“ – нова поетска книга од Санде Стојчевски

Објавено пред

„Великата лирска песна“ е насловот на новата поетска книга од истакнатиот македонски поет Санде Стојчевски, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката се појави во реномираната едиција „Синтези“ и во неа се објавени 70 песни поделени на шест циклуси, како и арс-поетички текст на авторот, под наслов „Еден можен пат“.

Најновата поетска книга „Великата лирска песна“ на Санде Стојчевски носи ист наслов како и две негови претходни книги со критичка и есеистичка проза, но сега се работи за поетски ракопис, кој се повикува на поранешните, исто озаглевени книги, за да ја нагласи комплементарноста на теориските поставки во нив и на лирската практика на авторот. Најновото поетско дело на Стојчевски е резултат на неговото повеќедецениско промислување на природата на лирското писмо и на проверка на поетичките разбирања што ги формулирал во својата критичка и есеистичка проза и ги практикувал во непосредното поетско творештво. Во таа смисла, оваа негова книга е еден вид сумарум на неговиот темелен однос спрема уметноста на поезијата, при што особено доаѓа до израз искушението во работата со јазичните слоеви и семантички и еуфониски пластови во нив, истовремено коментирани, толкувани и појаснувани во есејот „Еден можен пат“, кој за читателот може да претставува еден вид проширена фуснота, поткрепа за евентуалните, тешко достапни, херметични лирски наноси, својствени за поезијата со ваква природа. Имено, во своето најново дело, Стојчевски темелно се посветува на продуктивните капацитети на јазикот во неговите дијахрониски и синхрониски пластови. Хронолошки, во јазичен поглед, поезијата во оваа книга се остварува преку црковнословенските слоеви, песни испеани на дијалект и, конечно, на стандарден македонски јазик. Оваа креативна лирска линија се темели на врз динамичниот развој на основниот материјал на лирската продукција – јазикот. Поради јазичката сложеност на певот, книгата е снабдена со исцрпни белешки, поврзани со книжевни, културолошки и историски алузии и препратки, како и со мал речник на непознати зборои и поими.

Санде Стојчевски (1948) е автор на 18 поетски збирки, како и на 17 книги со поетички текстови, есеи, критики и полемики. Објавени се осум избори од неговата поезија и есеистика во Македонија; избрани дела во шест тома; дванаесет поетски избори на странски јазици; и две аудиокасети (на романски и на македонски јазик). Списанијата Стремеж од Прилеп (1993) и Сум од Штип (2013) објавија посебни броеви посветени на неговото творештво. Составил девет антологии на македонската поезија и критика.

Добитник е на „Книжевен жезол“ на ДПМ (2012), како и на следните награди за поезија: „Кочо Рацин“ (1992), „Григор Прличев“ (1998), „Браќа Миладиновци“ (2001) и други; награда за критика во Македонија („Димитар Митрев“, 1999), како и на неколку меѓународни награди и признанија: „Сребрено летечко перо“ (Варна, Бугарија, 2009); „Арка“ (Смедерово, Србија, 2011); Орден „Владимир Мајаковски“ (Москва, Русија, 2012); Голема награда за севкупно торештво (Куртеа де Арџеш, Романија, 2021) и други. Носител е на државната награда „Св. Климент Охридски“ за животно дело (2010).

Прикажи повеќе...

Книги

Саемот на книгата со 15.000 посетители

Објавено пред

Саемот на книгата вторпат успешно се реализира на отворен простор во комплексот на „А1 арената – СЦ Борис Трајковски“.

Издавачките куќи присутни на годинешниот Саем на книгата изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување.

Интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што ја покажува и бројката на посетители што и во овие пандемиски услови достигна 15.000.

На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа многубројни промоции на нови изданија и автори во промотивниот центар и на штандовите на издавачите. За време на Саемот на книгата се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачите (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Дополнителен мотив за организирање ваков настан е податокот дека домашните автори доаѓаат до израз и радува фактот што младата популација и оваа година зазема значителен дел од вкупната бројка на посетители на саемот.

Саемот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Книги

Утре почнува Саемот на книга

Објавено пред

Од утре до 14 септември ќе се одржи Саемот за книга, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски). При влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан Ковид-19 за сите лица над 18 години.

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн  електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарниците пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години, билетот чини 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10:00-21:00 часот, на 12 и 13 септември од 10:00-20:00 часот, а на 14 септември од 10:00-17:00 часот.

Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови дела и автори.

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга е организиран во соработка со македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 часа

Министерството за здравство: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија3 часа

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа3 часа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа4 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ6 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија7 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија7 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет9 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија9 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет9 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија21 час

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет22 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ1 ден

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Досие