Контакт

Книги

Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ

Објавено пред

Kнижевeн разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ ќе се одржи во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“, денеска (9 септември) со почеток во 18:30 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Разговорот ќе го води Владимир Јанковски, а истиот е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма што се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Тања Ступар-Трифуновиќ е родена во Задар во 1977 година. Дипломирала српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Бања Лука. Пишува поезија, проза, колумни и книжевни критики. Нејзината поезија е наградувана и преведувана на англиски, француски, германски, полски, словенечки, дански и македонски јазик.

Застапена е во повеќе антологии и избори од поезија и проза. За романот „Часовниците во мајчината соба“ во 2016 година ја добива наградата на Европската Унија за литература. Живее во Бања Лука.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Најавтобиографскиот роман на Пауло Коелјо достапен за македонските читатели

Објавено пред

Од

Неодамна од печат излезе „Хипи“, новата книга на миленикот на читателската публика Пауло Коелјо како издание на издавачкиот центар „Три“.

Ова е 20. книга на Пауло Коелјо, најчитаниот и најпреведуван писател во светот, со над 225 милиони продадени книги, преведен на 80 јазици и објавен во 170 земји.

„Во својот најавтобиографски роман досега авторот ни раскажува за едно непознато поглавје од својот извонреден живот и го споделува со нас сонот на хипи-генерацијата за послободен и помирен свет. Коелјо нè води на едно неверојатно патување со Волшебниот автобус, од Амстердам, преку Истанбул, Кабул, Делхи до Катманду, навраќајќи се на своето духовно патување и повторно оживувајќи ги спомените на тие интензивни времиња“, наведуваат од издаваштвото.

Оттаму додаваат дека со секоја своја страница „Хипи“ го внесува читателот во неповторливите години на радост и љубопитност, во кои навистина се верувало дека револуцијата може да се направи со цвеќе и дека соништата можат да се остварат.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на писателката Лидија Дочовска-Павловска

Објавено пред

Од

Во просториите на Друштво на писателите на Македонија, денеска, ќе се одржи промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на писателката Лидија Дочовска-Павловска, а критички осврт ќе дадат проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и доц. м-р Трајче Кацаров.

Лидија Дочовска-Павловска е член на Друштвото на писателите на Македонија.

Со своите поетски збирки „Солзите на Преспана“, „Така љубеше Косара“, „Крикот на пеликанот“, преку коавторската прозна книга „Преспански легенди – Преспанска езерска убавица“, со најновата „Липите кај Сарај куќа“, остава силен печат и вистински траги за одредени настани и случувања од преспанското поднебје кои веќе беа подзаборавени, а Дочовска-Павловска ги оживеа и им даде една нова безвременска поетска димензија.

„Сите ние длабоко во себе ги носиме, чуваме и негуваме спомените за нашиот роден крај. Често во нив сакаме да ги доживееме ликовите на многу личности што оставиле свој печат во времето во кое живееле. Некои од нив се значајни историски личности од подалечното или поблиското минато на нашиот народ, а некои настанале како плод на митолошки преданија, усно пренесувани од генерација на генерација.

Јас се обидов да направам еден спој, компилација на митолошкото и историското и преку моите поеми и легенди да ги доближам тие личности до пошироката читателска публика. Главни карактеристики на сите нив е што обработуваат личности што исклучиво се поврзуваат со настани од овој крај“, вели Лидија Дочовска-Павловска.

Прикажи повеќе...

Книги

Венко Андоновски на саемот во Москва и на книжевен портрет во Јасна Полјана

Објавено пред

Од

Македонскиот кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност (со уште 34 светски познати писатели), Венко Андоновски, ќе има свое претставување на претстојниот Саем на книгата во Москва, со книгата Азбука за непослушните, преведена на руски од Олга Панкина.

На 8 и 9 септември во Јасна Полјана е предвиден и негов книжевен портрет, на кој ќе говори Евгениј Водолазгин, истакнат современ руски прозаист, кој и го номинираше романот „Папокот на светот“ за престижната светска награда. Со номинацијата, Андоновски е еден од двајцата писатели од сите словенски книжевности (покрај Драго Јанчар од Словенија), кој се најде во друштво на далеку пославни светски конкуренти: Каѕуо Исигуро и Јан Мекјуан од Велика Британија, Тони Морисон и Мајкл Канингем од САД, Џонатан Литл од Франција, Амос Оз од Израел, Маргарет Етвуд од Канада, неколку важни автори од Германија и од многу поголеми јазични средини. Добитникот на наградата ќе биде соопштен во октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ10 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести14 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион14 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија18 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија19 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија20 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија21 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија21 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија22 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија22 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија22 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет23 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија2 дена

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија2 дена

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 дена

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие