Контакт

Култура

Коментар: Култ(ура) на инквизиција

Објавено пред

(Насловот, режисерот и содржината на воведот во текстов се измислени, секое поистоветување е случајно)

„Филмот „Исмејување со Алах“ во режија на Арбен Доли е современа љубовна приказна меѓу средовечен маж ставен на раскрсница во животот и млада жена која сака да замине во странство. Скендер работи во швајцарски медицински институт, татко е на 20-годишни близначки солидни студентки и сопруг на Стефани, учителка во основно училиште во Женева. Иако има убав живот, го измачува носталгија по родната земја, има интензивни сеќавања за роднините , убавите пејсажи од тетовското село Теарце, првите симпатии, незавршени судбински приказни… Се пакува и заминува во Македонија. Таму случајно ќе ја сретне младата Теута, која студира на Медицинскиот факултет во Скопје, и меѓу нив ќе се случи љубов. Во меѓувреме во Скопје се случуваат протести против воведување на законот за двојазичност. Една од сцените има потресни кадри каде што група хулигани манифестираат револт за овој закон, скандираат „Смрт за Шиптари“, „Гасна комора за клетите Шиптари“, „Само мртов Шиптар е добар Шиптар“. Во една друга сцена, се случува жестока пресметка меѓу средношколци во градски автобус, каде што ќе биде претепан Албанец од врсник Македонец. Овие сцени се чини се непотребни, но веројатно авторот ги вметнал сакајќи да ја опише актуелната состојба во земјата каде што паралелно се случува љубовта меѓу Скендер и Теута. Личната драма и човечките судбини наспроти едни паралелни општествени околности. Што и да сакал да каже авторот, филмот е просечен, конфузен и производ на слободниот израз на режисерот.“

Овој филмски осврт е измислен како симулирање рецензија кон една друга верзија на филмот „Ругање со Христос“ околу кој деновиве се крена прашина, а министерот за култура, Асаф Адеми, свика прес-конференција. На јавноста првиот човек на ресорното министерството ѝ порача дека вакви филмови во кои има сцени каде што војници на ОНА се изживуваат врз Македонци не ни се потребни. Исто така, потенцираше дека во иднина ќе бидат санкционирани вакви приказни каде што се навредуваат чувствата на граѓаните. Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, пак, неколкупати нагласи дека не станува збор за цензура, а авторството и слободата на израз се најважни, но дека ни се потребни некои други теми за нашата кинематографија да се пробие и да стане дел од светската филмска мапа.

Се разбира дека секој има право на свое мислење и дека и публиката што ќе го погледне филмот на Јани Бојаџи ќе има најразличен став. Онаа поедуцирана филмска публика сигурна сум нема да препознае некое вонредно филмско остварување, дури ќе ѝ биде и здодевен. И да, се соласувам дека вакви филмови каде што во една содржина и драмска линија непотребно се провлекуваат сцени на насилство, коментираат некои историски околности не се нужни.

Но, сцените од мојов измислен филм „Исмејување со Алах“ каде што некои Македонци се насилни, прости, агресивни и се убијци, не би ме навредиле. Такви Македонци има, и тоа е вистината, како што има поединци и групи во секој народ. Дали повторно на имагинарна премиера во Монтреал, од мојов измислен филм, странците би заклучиле дека сите Македонци се варвари што ги мразат своте сограѓани Албанци е друго прашање кое може да има голема палета одговори, а оваа дебата би нè оддалечила од вредноста на филмот воопшто.

Да не одиме предалеку, човековата зла природа постојано е предмет на уметнички остварувања, затоа што е таа дел од реалното битисување. Треба ли да се чувствуам навредена како дел од човечкиот род чии припадници насекаде во светот масакрираат и луѓе и животни, силуваат, уништуваат? Треба ли Германците да ги цензурираат и да ги контролираат сите филмски сцени во кои има фрагменти од фашизмот? Сепак, има мала разлика од историја што има временска дистанца и од онаа што се случува во мигот. А нашава заедничка историја во минативе две децении, во кои вадиме сипаници, за жал и со човечки жртви, е многу свежа. Не сме во состојба непристрасно и објективно да ѝ погледнеме на вистината во очи. Што би се случило ако филмот „Окупација во 26 слики“ на Лордан Зафрановиќ ( што е исклучително филмско дело) своевремено не бил ставен во бункер?

Но, со субјективен и тесен поглед на осуди ќе продолжиме да негуваме култура на инквизиција и ќе ги јакнеме поделбите. Навистина се надевам дека еднаш, од филмот, литературата, музиката и во секој друг облик на уметност политиката ќе ги тргне рацете.

И конечно ако филмот е лош, естетски неиздржан и погрешен во драмскиот наратив, филмските критичари ќе го искритикуваат цивилизирано и објективно и на македонски и на албански јазик. Ама довребата ни е многу разнишана, вистина е дека минатиот режим создаде автори клиенти, вистина е дека, доброволно или не, работеа по нарачка, вистина е дека филмот беше убава финансиска и идеолошка манипулативна алатка, ама да ја затвориме таа приказна.

Никако тоа нема да се случи со одречност, покажување сила, локални емоции и најмалку од сè, со цензура. Чувствата да си ги чуваме за по дома, а да ги негуваме демократските нормативи, кои не подрзбираат шпанска инквизиција, ова е 21 век, дури и во Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

Објавено пред

Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари 2019, со почеток во 20 часот.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот и емотивен до исцрпување танц и со инспиративните движења на Марија Кичевска-Шокаровска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, Христина Накевска како Кити, ќе ги пренесат сите емоции што го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Моќна, динамична, емотивна…!

Прикажи повеќе...

Култура

Откажана изведбата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ

Објавено пред

Мјузиклот „Мама миа“, што требаше да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14 февруари во 20 часот, се откажува поради прогласениот ден на жалоста, соопштија од Македонскиот народен театар.

„Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите што публиката ги купи за изведбата на 14 февруари, ќе важат за изведбата на 11 март“, велат од МНТ

Поради тешката сообраќајна несреќа, денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост. МНТ изрази длабоко сочувство за смртта на загинатите.

Прикажи повеќе...

Култура

Нова книга од Славој Жижек

Објавено пред

Издаваштвото „Везилка 2011“ ја издаде најновата книга на познатиот словенечки фолозоф Славој Жижек, која носи наслов „Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка“.

Како што е познато, оригиналноста и важноста на В. И. Ленин како револуционерен лидер најчесто се поврзуваат со преземањето на власта во 1917 година. Но, Жижек во оваа нова студија и збирка на оригинални текстови на Ленин ја застапува тезата дека вистинската величина на Ленин може подобро да се разбере од последните две години на неговиот политички живот. Русија преживеа странска инвазија, ембарго и стравична граѓанска војна, како и внатрешни востанија кои личат на она во Кронштат 1921 година. Новата држава била исцрпена, изолирана и дезориентирана. Како што се оддалечувала очекуваната светска револуција, за советската држава да опстане, морало да се направат нови патишта.

Жижек со својот силен и провокативен увод сугерира дека храброста на Лениновата мисла може да се препознае во неговата готовност без отстапувања да се соочи со реалноста на повлекувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија11 час

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија11 час

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија12 часа

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија13 часа

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија15 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет16 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија16 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија17 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија18 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија20 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија21 час

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ21 час

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија23 часа

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија24 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија1 ден

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет1 ден

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет1 ден

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет1 ден

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија2 дена

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Досие