Контакт

Актуелно

(Видео) Конеска на комеморацијата за Беличанец: Ѕвони твојот глас – во секоја улога, во театар, телевизија, радио

Објавено пред

Ѕвони твојот глас – во секоја улога, во театар, телевизија, радио. Ѕвони во секоја песна, нахсинхронизација. Некој те гали како мајка, а кога треба, и безмислосно те мрази, рече Снежана Конеска-Руси на комеморацијата за актерката Билјана Беличанец, што се одржа во Драмскиот театар.

„Не знам како доаѓа период кога јас станувам твој родител или твој учител. Можеби те учам како да газиш по трнливиот пат, прекриен со трња, но со слава и тага, падови и успеси. Време на учење, практикување, созревање. И еден ден бараш совет за твоето вработување. Да, ти велам. Оди во Прилеп, за потоа да дојдеш во Скопје на голема порта, со големи ѕвона. И бидна така. Ѕвони твојот глас – во секоја улога, во театар, телевизија, радио. Ѕвони во секоја песна, нахсинхронизација. Некој те гали како мајка, а кога треба и безмислосно те мрази. Имам три прашања: Дали ќе го чекаме Годо? Јас, Зорица, Сашо, сè уште чекаме од оваа страна, а ти од онаа. Дали ќе ми ја дораскажеш приказната за новата театарска драма. Моливот мој отапен, а твоите идеи не пресушуваат и не можам да стасам да ја допишам. Поезијата, песните, книгата? Ми ги читаш стиховите, чекаме да биде промоцијата. Јас сакам да ги читам твоите песни, но мислам дека тоа ќе го сториш ти подоборо од мене. Твојот учител, Снешка, те поздравува, ти се поклонува. Ти се заблагодарува за миговите минати заедно на сцената, надвор од сцената. Многу те мислам. Јас те чекам или чекај ме. Те сакам“, рече актерката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Северна Македонија и Албанија ќе формираат комисија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Објавено пред

Mинистерот Едмонд Адеми, вчера, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, се сретна со министерката за култура, Елва Маргарити, и министерот за животна средина, Бленди Клоси, во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми се сретна со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

Во тој контекст Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Се финализира проектот за конзервација на црквата во Курбиново

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во Битола оствари работна посета на институциите од областа на културата во овој град.

На неговата агенда беа Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, Народниот театар, Центарот за култура, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и НУ Музеј на албанската азбука, при што минисерот се запозна со реализираните активности, но и со проектите што се реализираат.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата со директорите во овие институции, Исмаили истакнал дека во рамки на годишните конкурси континуирано се дава поддршка за реализација на повеќе проекти од сите дејности од областа на културата – драмската, музичката, ликовната, фолклорната, музејската и заштитата на културното наследство.

Во рамките на министерската посета на Битола една од темите била и проектот за конзервација на црквата Свети Ѓорѓи во селото Курбиново. Меѓу фреските во оваа црква е и Ангелот на благовештанието Гаврил, кој е пресликан на банкнотите од 50 денари.

Од министерството информираат дека во однос на оваа црква, надлежната установа Завод и Музеј Битола работи на финалниот извештај од сите предвидени и преземени истражувања и финално конципирање на предлог-проектната програма и финализирање на Проектот за конзервација.

Министерот за култура го посетил и Сарајот во Ресен, кој претставува еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во нашата земја.

Денес зградата на Сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“ и во него се сместени постојаната поставка на дела на македонската сликарка Кераца Висулчева и галеријата на дела од Ресенската керамичка колонија.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Рено“ – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Објавено пред

Францускиот производител „Рено“ е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот во земјава ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното 40. издание на Браќа Манаки.

Најновите модели од гамата на брендот со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии ќе го овозможат пристигнувањето на шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих.

„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата, заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал ‘Браќа Манаки’ и Аутомотив Груп трае со години.

За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот ‘рено клио’ и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија која е закажана за месец октомври годинавa“, изјави Симона Николовска, лице за односи со јавност на Аутомотив Груп.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 час

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија3 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет4 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет5 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет5 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија5 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија6 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет17 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет18 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија19 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 ден

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ1 ден

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет1 ден

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Досие