Контакт

Култура

Конкурсот за необјавена поетска книга „Антево перо“ е при крај

Објавено пред

Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија Анте Поповски, ги брои последните денови од распишувањето на отворениот конкурс за необјавена поетска книга за автори кои творат на македонски јазик.

Последниот датум за испраќање на авторските дела е 31 август 2018 година. Самата манифестација има планирано издавање и промоција на победничкиот наслов со неколку редовни читања во спомен собата на Анте Поповски во општина Ѓорче Петров и во родното место на авторот, Лазарополе, кои треба да се реализираат кон крајот на месец септември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кочани

Објавено пред

По завршувањето на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој се одржа минатиот месец во Скопје, продолжува патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија под наслов „Џифони патува“.

На 16 и 17 ноември во Кочани ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Кочани“, кој ќе го отвори градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, а потоа во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерката Нина Максимова, која ќе биде и ментор на актерската работилница.

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде што најчесто не постои можност за гледање филмови во кино-сала, ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.
Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кочани и Амбасадата на Италија во Скопје.

Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Струмица, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе продолжи во Струга и Гостивар.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“

Објавено пред

На 22 ноември (четврток), во 19 часот, во Националната галерија на Македонија Чифте амам Скопје, ќе биде отворена ретроспективна изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“, како и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“.

На настанот ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на „Остен“.

Настанот е под покровителство на премиерот Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата. На отворањето ќе присуствуваат и уметници и карикатуристи од целиот свет.

Прикажи повеќе...

Манифестации

(Видео) Проект на осум дизајнери – од текстилен отпад создадени уникатни креации

Објавено пред

На осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје беше отворена нова иницијатива во Македонија – проектот #Sustainablestorymk, со кој што дизајнерите покажаа како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации.

На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа осум млади дизајнери под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq“ и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Гостинките кои долго време работат на одржлива мода, на дизајнерите им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство .

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со поддршка од Македонско модно здружение, Министерството за економија , Министерството за култура , Британскиот совет како и партнерите „Текстилното трговско здружение- Текстилен кластер –Македонија“ во соработка со фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“ и „Istkomerc Sanda“, „Monika“, Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Македонија11 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија13 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија14 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија16 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија17 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија17 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија17 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија19 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија19 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија19 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија20 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија20 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток20 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија22 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа23 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија23 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија23 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Досие