Контакт

концерти

Концертен спектакл на виолинистот Стефан Миленковиќ во Скопје

Објавено пред

На 23 март во Македонска филхармонија, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат концертна ноќ за паметење.
Стефан Миленковиќ неколкупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап. Овој мајстор на виолина ја надгради исклучителната концертна кариера настапувајќи со најреномираните светски оркестри и музички уметници. Има издадено голем број носачи на звук, а значајна е и неговата хуманитарна работа.

Неговата кариера почнува многу рано, на 5-годишна возраст, па така го добива епитетот ,,чудо од дете”. Вниманието на пошироката јавност го привлекува на 10 години, кога по покана од Белата куќа, Миленковиќ настапува на т.н. Божиќно шоу, пред тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган. Веднаш потоа, започнува неговото интернационално претставување. Во текот на својата кариера Стефан Миленковиќ настапувал со некои од најпознатите оркестри во светот, како Берлинскиот симфониски оркестар, Хелсиншката филхармонија, Оркестарот на „Бољшои“, Државниот оркестар на Мексико и со диригенти како Лорин Мазел, Даниел Орен, Владимир Федосејев, Ен Шао и многу други. Добитник е на повеќе награди и признанија, како за изведувачката, така и за хуманитарната дејност.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба денес (23.01.2019) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, ,,Пола Југотон” и ,,Цвеќарница Розе” – Веро 2.

концерти

Концертна промоција на албумот „Крик и прашина“ од Сашко Костов во МКЦ

Објавено пред

Во салата „25 мај“ во МКЦ, на 20 април (сабота), во 21 часот, ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на Сашко Костов со наслов „Крик и прашина“.

Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката, се вели во соопштението од МКЦ.

„Осумте песни – ‘Прашина’, ‘Еј, еј’, ‘Ништо посилно’, Living, ‘Неонски хаос’, ‘Еве ти сон’, ‘Здив’ и ‘Последна’ – ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн со разни предизвици, и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања“, додаваат од таму.

Албумот „Крик и прашина“ се оценува како оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.

Целта на Костов била самостојно да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, со текстови на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска.

Славчо Пеев, Антонија Арангеловиќ свират на целиот албум, а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости во по една песна.

На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од него на вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Данев – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, како и Симон Облешевски и Мартин Џорлев на клавијатури.

Прикажи повеќе...

концерти

„Реквием“ на Верди на сцената на Македонската филхармонија

Објавено пред

На 25 април, овој четврток, во 20 часот Филхармонијата заедно со Хорот на oперата и врвните солисти – Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Елени Матос (мецосопран-САД), Дејвид Јунгхон Ким (тенор-Кореја) и Милан Силјанов (бас-баритон), под диригентство на маестро Емил Табаков (Бугарија), ќе го изведат едно од најмоќните дела во историјата на музиката – „Реквием“ од Џузепе Верди.

Концертот „Вердиевиот реквием“ ќе донесе музичка возбуда, а ремек-делото на Верди на нашата сцена ќе биде изведено по подолга пауза.

„Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди се смета за едно од најмоќните, најдраматичните дела во историјата на класичната музика. Оваа творба претставува прекрасна фузија од опера, драма, симфонија, од возбудливи, виртуозни соло-мигови, од радост и среќа, до патос и тага, од едноставни „реченици“ кои ја растоваруваат мислата, до длабока филозофска идеја за чија суштина вреди да се размислува. Делото е посветено на двајца славни италијански уметници – писателот Алесандро Манцони и композиторот Џоакино Росини.

„Само гениј би можел да напише вакво дело“, изјавил композиторот Јоханес Брамс, а критиката ќе напише дека „Реквием“ на Верди е дело со „најсконцентрирани“ емоции – сите човекови чувства ставени на толку малку страници. Музиката е директна и моќна, вознемирувачка, величествена…

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Теодосиј Спасов на „Џез-фактори фестивал“ во Битола

Објавено пред

Со настап на „Молли тролли квартет“  вчеравечер во Битола почна второтo издание на „ Џез-фактори фестивал“. Главната фестивалска програма почнува вечерва со концертот на бугарскиот музичар Теодосиј Спасов во Битолскиот народен театар. По него ќе настапат и Теодосиј Спасов и Виктор Филиповски.  Во придружната фестивалска програма за вечерва во клубот „Порта џез“ е закажан концерт на „Скопје Џез Инк“.

„Теодосиј Спасов е препознатлив како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк-мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригинални идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанри“, информираат организаторите на „Џез-фактори фестивал“.

Програмата продолжува утре со настапот на „Џоле Грујовски квартет“ и „Кабадајас“ во Битолскиот народен театар, а Лина Авшар концерт ќе има во „Камарите“.

Во рамки на фестивалот утре во битолскиот театар во 14 часот ќе се одржи и џез-работилницата со наслов „Џез фестивали, организација, вмрежување, мобилност на артисти“, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.

Фестивалот Џез-фактори се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен Театар–Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 201916 минути

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од...

Свет52 минути

Осма експлозија ја стресе Шри Ланка, над 180 мртви

Осма експлозија одекна во Шри Ланка, јави „АФП“. Експлозијата се случила само половина час откако експлозивна направа била активирана покрај...

Топ1 час

Полицаец загина, а четири лица се повредени откако кумановец со ,,мерцедес” направил две сообраќајни несреќи

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма,...

Избори 20192 часа

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од...

Регион5 часа

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата....

Свет5 часа

(Видео) Експлозии за католички Велигден во Шри Ланка, најмалку 50 мртви

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи...

Избори 20195 часа

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство....

Избори 20196 часа

Граѓаните бираат претседател на државата

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат ќе бираат претседател на државата. Гласачите...

Свет17 часа

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 201917 часа

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа18 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион18 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион20 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион1 ден

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 20191 ден

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ1 ден

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет1 ден

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа1 ден

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет1 ден

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Досие