Култура
Концертен спектакл на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и Ирина Мурезану во Нови Сад

По успешните концерти во „Коларац“ во Белград и Македонската филхармонија во Скопје, патувачкиот омнибус на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ и светски познатата виолинистка Ирина Мурезану го најавуваат следниот концертен спектакл – овој пат пред публиката во Нови Сад.
Ова е уште едно во низата интернационални гостувања на „Профундис“ оваа сезона по спектакуларните настапи на сцената на престижниот фестивал „Раванелиус“ во Србија и „Котор арт“ во Црна Гора.
„Да се настапува на иста сцена со Ирина Мурезану со нашата концертна турнеја во Скопје, Белград, а сега и во Нови Сад, е вистинска чест. Нејзината виртуозност и страст кон виолината се неспоредливи, а спојувајќи ги заедно со нашиот камерен оркестар „Профундис“, создаваме музичко искуство што ќе допре до срцата на новосадската публика. Концертот е прослава на универзалниот јазик на музиката и ги повикуваме сите да ни се придружат на оваа незаборавна вечер“, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички директор и диригент на камерниот оркестар „Профундис“.
Романската виолинистка Ирина Мурезану ги освојува срцата на публиката и на критичарите со нејзините возбудливи, елегантни и искрени изведби на класичниот, романтичен и модерен репертоар. Бостон Глоуб ја пофали како „не само виртуоз, туку и уметник“, а „Лос Анџелес тајмс“ напиша дека нејзиниот „музички сјај, топена лирика и колоритна концепција ја прават изведбата на Ирина Мурезану особено восхитувачка“. Свири на виолина од 450.000 евра и е лауреат и добитничка на главната награда на натпреварите за виолина во „Монтреал интернационал“, „Вашингтон интернационал“, „Про музицис интернационал“ и наградата „Кралица Елизабета Втора“.
Инаку, настанот ќе се одржи на 23 септември (сабота), со почеток во 20 часот, во новосадската синагога, а билетите се достапни преку продажната мрежа на Gigs Tix во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Костадиновска-Стојчевска на „Денови на комедијата“ во Куманово: На овие штици актерите успеваат да ги насмеат посетителите и за момент да ги оддалечат од грижите

Многубројна публика ја проследи театарската претстава „Синиот портокал“, во изведба на Театарот од Велес, со која вчеравечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово беше отворен Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченото отворање на Фестивалот, кој оваа година бележи 26 години од формирањето, се обрати пред љубителите на комедијата и рече: „Од идејата на создавачите до остварувањата на нивните следбеници, вложени се многу љубов и посветеност за тој да прерасне во еден од најпопуларните фестивали во државава, а сепак да биде препознатлив и уникатен“.
„Со секоја одиграна претстава се калеше фестивалската приказна, а тоа претставуваше одлична можност за вљубениците во театарската уметност, преку еден од најспецифичните жанрови – комедијата, да ја негуваат и да ја развиваат театарската култура која прерасна во традиција. Токму тука, во градот на безвременското ремек-дело ’Бегалка‘ од Васил Иљоски и неговата Ленче Кумановче, кои се синоним и препознатлив белег на Куманово“, истакна Костадиновска-Стојчевска.
Министерството за култура останува партнер и традиционален поддржувач на овој фестивал кој со својата долговечност дава особен придонес кон развојот на македонската култура и културното живеење. На репертоарот на 26. издание на Фестивалот се 11 театарски комедии во изведба на македонски театри и на театри од Србија, Хрватска и од Бугарија. Од минатата година, Фестивалот има натпреварувачки карактер, а ќе се натпреваруваат 10 театарски претстави.
Годинашeн лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ е истакнатиот македонски режисер и актер Коле Ангеловски.
Култура
Најдобрите кадри ги правам кога снимам со камера од рака, вели Лустиг – кинематограферот на Вим Вендерс

Филмот „Совршени денови“ на Вим Вендерс беше синоќа беше прикажан во рамките на официјалната селекција Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“, а кинематограферот на филмот Франц Лустиг денес одговараше на новинарски прашања и откри детали за работата на филмот, изборот на локациите.
„Снимав со камера од рака бидејќи така ги правам најдобрите кадри. Сметам дека статичната камера го губи контактот меѓу актерите и кинематограферот бидејќи треба да гледам на монитор. Со камерата од рака светлината некако се впива во кадарот и тоа може да се види на филмот“.
Од 1994 година Франц работи како директор на фотографија за реклами и музички видеа со некои од водечките режисери ширум светот, како Сем Браун, Гери Фридман, Сајмон МекКуид, Стјуарт Мекинтајр, Џонс и Тино, Мартин Амунд, Томас Јонсгарден, Начо Гајан, Даниел Клајнман, Ринган Ледвиџ, Тарсем и Ралф Шмерберг.
Во поглед на музиката во филмот рече дека најголем дел од песните во филмот биде додадени отпосле бидејќи бил мошне сложен и тежок процесот со добивање на авторските права. Според тоа како ги движи усните биле избрани други и дополнети.
-Песната на Нина Симон навистина ја пееше и тоа беше најтрогателниот момент. Плачевме додека снимавме, раскажа Лустиг.
Соработува со режисерот Вим Вендерс на три долгометражни филмови: „Земја на изобилството“, за кој ја освои наградата „Најдобра камера“ на Германските филмски награди; „Не доаѓај чукајќи“, за кој го заслужи признанието „Најдобар европски кинематографер“ во 2005 година; и „Пукање во Палермо“ од 2007 година.
-Додека снимаме Вим секогаш ги прикажува градовите онакви какви што се во моментот. На тој начин ги зачувува, бидејќи ако по 20 години одите во Палермо или во Токио сигурно тие нема да изгледаат исто. Но, со нашите филмови тие остануваат зачувани, рече Лустиг.
Неговата документарна работа е исто така важен сегмент во кариерата за него и ги вклучува филмот „2 или 3 работи што ги знам за него“ на Малте Лудин за животот и смртта на нацистичкиот татко на Лудин и документарниот филм „Танц за сите“ од 2008 година. Во 2012 година, Франц ја доби наградата Мобиус за „Најдобар кинематографер“.
Од селекцијата на кратки филмови, денеска беше претставена кинематограферката Сташа Букумировиќ, чиј филм „Нека цвета росно цвеќе“ беше вчера прикажано на 44. ИФФК „Браќа Манаки“. Станува збор за патување на една жена која во текот на патувањето ќе развие љубовна врска.
-Локациите се многу важни за овој филм, бидејќи сакав внатрешната емоција да ја доловам преку надворешните промени и тоа не беше толку тешко бидејќи во текот на снимањето се сменија сите четири годишни времиња во Црна Гора, раскажа Сташа.
Ерик Полума, кинематограферот на „Сончев часовник“ од документарната програма раскажа дека сценариото било мошне блиско на актерите и затоа не било сложено да се изведе.
Филмот „Трагата на дивечот“, за кинематограферката Бојана Андриќ бил шлаг на тортата, бидејќи е тоа периодот на седумдесеттите и за неа било многу инспиративно и направила истражување. Таа вели дека кинематограферите, особено кога се млади треба да ги прифаќаат сите искуства кои може да ги добијат, бидејќи има време за да избираат сценарија, за почеток за да научат да бидат кинематографери мора што повеќе да работата.
– Јас кога бев млада работев и на сапуници, така го изоштрив чувството за снимање.
За Фестивалот „Браќа Манаки“ слушала од своите професори уште додека студирала.
-Само најдобри зборови имаа моите професори за вашиот Фестивал. Оваа година има извонредно издание и посакувам нагорната линија да трае, рече Андриќ.
Култура
Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“

Вечерва, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи централниот настан од годинешното, шесто по ред издание, на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.
Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видеоматеријали со кус рецитал на академик Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на артистката Софија Гогова-Врчаковска. Модератор ќе биде м-р Александра Јуруковска, ќе биде прочитана одлуката на жири-комисијата за наградите, а пред присутните ќе се обрати д-р Атина Цветаноска.
Манифестацијата се одржува во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, академик Анте Поповски, и е поддржана со програмата за 2023 година на Министерството за култура.
По доделувањето на наградите, ќе се одржи и поетско читање, во кое, освен наградените автори, учество ќе земат и неколку други учесници на годинешниот конкурс.