Контакт

концерти

Концертна промоција на првиот албум на блуз составот The Mole Pack

Објавено пред

Блуз составот The Mole Pack ќе одржи концертна промоција на нивниот прв албум „Gamblin’ Man“ на 16 септември, недела, во клубот Маракана.

По слушачката промоција што се одржа минатиот месец, The Mole Pack, овој пат со цел состав ќе настапи пред публиката. Нивната музика претставува свеж бран на ноти инспирирани од прогресивната сцена на 1960-тите години. Промоцијата ќе започне во 21 часот, а влезот e бесплатен.

Основан од група на пријатели, The Mole Pack е блуз-рок бенд кој има силни влијанија од прогресивната блуз-рок сцена од 60-тите. Дополнително влијание има од раната Мисисипи делта-сцена и блуз-сцената во Чикаго. Името на бендот има симболично значење. Кртот е животно што е речиси слепо. За неговиот недостаток на вид компензира потпирајќи се на своите чувства, инстинкти и интуиција. Преку аналогија членовите на бендот мислат дека луѓето треба да се обидат повеќе да се потпираат на своите чувства, т.е. да го слушаат своето внатрешно јас со цел да го збогатат својот дух, како и да ги задоволат своите интереси и желби без страв од неуспех. Членовите на бендот веруваат дека ова може да им помогне на луѓето да излезат од секојдневната рутина на модерниот живот.

Глутницата ја сочинуваат Димитар Даневски (ритам и водечка гитара), Глигор (Гишо) Динев (тапани и ударни инструменти), Теодор Бошков (бас-гитара) и Александар Ѓорѓиески (водечки вокали и хармоника). Покрај основната постава, има и други членови на оваа глутница, меѓу кои: Дарко Стојоски (гитара), Златко Андријевски (гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други пријатели.

концерти

Македонската филхармонија свечено ја почнува новата сезона со концертот „Ново утро“

Објавено пред

Од

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019!
На 27 септември (четврток) во 20 часот ќе се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој ќе настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг.
Дебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, ќе го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

На концертот „Ново утро“ ќе диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз.

Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев (1891–1953). Пијанистите ќе се согласат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…

Најпознатото дело на зачетникот на романтичарската програмска музика францускиот композитор Хектор Берлиоз (1803–1869), всушност, е автобиографски фрагмент кое се нарекува и „Епизода од животот на еден уметник“. Тоа е првото значајно дело во сферата на програмската музика, создадено во 1830 година во деновите на Јулската револуција, кога композиторот бил обземен од општата атмосфера на револуционерни воодушевувања. Како што и самиот навел во своите мемоари, „Фантастична симфонија“ е инспирирана од неговите љубовни чувства кон актерката Харијета Смитсон…

Прикажи повеќе...

концерти

Спектакуларно доживување на „Мала Италија патува 2“ со Павле Камилоски

Објавено пред

Од

Долгоочекуваниот концерт на Павле Камилоски се случи вчера во преполната сала на Македонска опера и балет. Павле Камилоски воодушеви со својата изведба и ни ги претстави интернационалните култури на најдобар начин – со музика и танц.

Тој го почна концертот тргнувајќи од Италија и со својот прекрасен глас ни ја долови италијанската музика и култура. Настапот продолжи со француските и шпанските безвременски песни. Полн со емоции ни ја претстави и далматинската музика, а концертот го заврши со македонските трајни музички дела. На сцената го придружија балетските уметници од Македонска опера и балет кои ја восхитија публиката.

Како специјален гостин на концертот, на големо изненадување на публиката, се појави познатата македонска пејачка Наде Талевска. Концертот придружен од камерниот оркестар беше предводен од познатиот диригент Христо Христов од Софија, Бугарија. Концертот беше огромен спектакл кој Павле го заврши со македонската песна „Море сокол пие“, а публиката го испрати со силно ракоплескање.

Сите кои не успеаја да купат билети за вчерашниот концерт, имаат можност да присуствуваат на следниот кој ќе биде од хуманитарен карактер. В петок, 21 септември во 20 часот сите заинтересирани можат да бидат дел од овој проект и да ги слушнат најубавите италијански, шпански и француски песни и да уживаат во звуците на „Мала Италија“. Средствата од продажбата на картите Камилоски ќе ги донира за потребите на одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Ема Попивода во Велешкиот театар

Објавено пред

Од

В среда, на 26 септември, на Малата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес, со почеток во 20 часот пијанистката Ема Попивода ќе го претстави својот концертен проект „Македонски ноктурна“.

Концертот ќе биде реализиран во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018, како дел од мини концертната турнеја на Ема Попивода.

На програмата ќе бидат изведени композиции базирани на македонските народни песни од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски, кои се преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам итн. Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: „Зајди, зајди“, „Дали паметиш Милице“, „Калеш Анѓа“, „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Деспина“, „Море сокол пие“, „Шеќерна“, „Трнушко“ итн.

За овој концерт е снимено и промотивно видео за композицијата „Зајди, зајди“ кое стана вистинска сензација на каналот „Јутјуб“, како и на другите социјални мрежи. Концертот е изведуван и во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел и Гдањск, каде е високо оценет од тамошната музичка критика и за изведбата и за композициите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Македонија15 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија16 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија16 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија17 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Македонија17 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија19 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет20 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија20 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ21 час

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести21 час

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа21 час

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет21 час

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија2 дена

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија2 дена

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија2 дена

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија2 дена

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија2 дена

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Досие