Контакт

концерти

Концертот „Нинг Фенг се враќа“ повторно го носи врвниот кинески виолинист во Скопје

Објавено пред

Овој четврток, на 17 мај, во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Нинг Фенг се враќа“, на кој, како што кажува насловот, ќе настапи виртуозот на виолината, кинескиот уметник Нинг Фенг, кој минатата година ја маѓепса македонската публика.

Овој пат еден од водечките виолинисти денес, Нинг Фенг, се враќа на нашата сцена со изведба на виртуозното и прекрасно дело за виолина „Шпанска симфонија“ од Едуард Лало.

Концертот ќе се одржи под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата е и Првата симфонија од Јоханес Брамс со наслов „Патетична“, една од најкомплексните симфонии во класичната музичка литература.

Еден од водечките виолинисти во Кина денес – Нинг Фенг, иако постојано настапува во својата земја со видни оркестри, тој е и еден од најбараните музичари и во Европа. Моментно живее во Берлин и ужива светска кариера. Критиката ќе го оцени како уметник со прекрасен лиризам и емотивна транспарентност, како музичар со инспиративни технички остварувања.

концерти

Хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва настапува во Охрид

Објавено пред

Од

Вечерва во 19 часот во НУ Центар за култура Григор Прличев, ќе се одржи концерт на Женскиот камерен хор Света Злата Мегленска.

Општината соопшти дека концертот е во рамките на Програмата на Охрид за одбележување на 1000 годишнината од основањето на светата охридска архиепископија.

Влезот ќе биде слободен.

Прикажи повеќе...

концерти

Делата на Пучини и Росини вечерва ќе бидат изведени во МОБ

Објавено пред

Од

Вечерва со почеток во 20 часот во МОБ продолжува гала-оперскиот концерт посветен на безвременските композитори Џакомо Пучини по повод 160 години од неговото раѓање и Џоакино Росини по повод 150-годишнината од неговата смрт.

На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек-дела „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Севилскиот берберин“ од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско“, „Тоска“, „Турандот“ од Пучини.

Диригенти на настанот се: Рафаеле Масколо од Италија и Бисера Чадловска од Македонија, а како гостин солист е сопранот од Русија, Елена Баканова, како и првенците од Македонската опера и балет.

 

Прикажи повеќе...

концерти

Африканската ѕвезда Феми Кути со Македонската филхармонија и „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески на отворено

Објавено пред

Од

Македонската филхармонија, Кино Милениум и Град Скопје, на 6 и 7 јуни ќе бидат дел од два настани кои што ќе се случат под отворено небо, во Градскиот парк во Скопје.

Годинава, Македонската филхармонија по завршувањето на официјалната концертна сезона, ќе го реализира настанот „Филхармонија на отворено“, кој ќе ја донесе нигериската музичка ѕвезда Феми Кути!

На спектакуларниот музички настан којшто ќе се случи на 7 јуни (четврток) во Градскиот парк во 21 часот, заедно со Македонската филхармонија, а под диригентство и во аранжмани на Џијан Емин, ќе настапи славниот африкански вокалист Феми Кути, кој доаѓа со неговиот бенд „Позитив форс“. Дел од неговата музика, за првпат во светот, ќе биде изведена, односно аранжирана за симфониски оркестар.

Еден ден пред концертот на Феми Кути, на 6 јуни (среда), во Градскиот парк во 21 часот, ќе се случи настанот „Кино на отворено“, на кој ќе биде прикажан повеќенаградуваниот македонски филм на Ѓорче Ставрески – „Исцелител“.

Нигерискиот исклучителен музичар Феми Кути (роден во Лондон) пред се е познат како најстар син на пионерот на афробитот, големиот Фела Кути. Но, и покрај тоа што тој ја продолжува звучната патека која што ја трасираше неговиот татко, Феми Кути создаде сопствен израз на музицирање кој го прави автентичен и единствен. Неговите почетоци со музиката се од раните 80-ти години и секако се врзани со легендарниот Фела Кути и членувањето во неговиот бенд „Египет 80“.

Во 1995 година, Феми го издаде својот прв албум и од тогаш концертира ширум светот и особено е познат и впечатлив по неговите настапи во живо. Во 2010 година, го издаде извонредниот албум „Africa for Africa“, за кој двата пати беше номиниран за престижната награда „Греми“. Со миксот од т.н. енергетски набиен фанк, џез, реге и традиционални африкански ритми, во неговите песни Феми Кути зборува за политичката корупција, сиромаштијатата, лошите животни услови во родната Нигерија, како и во светот, диктаторскиот режим… Неговата музика се занимава со политичкиот и социјалниот аспект на живеење, со општествениот ангажман, носи силни пораки и токму тие се врзивната точка меѓу таткото и синот. Феми Кути всушност, ја следи сличната филозофија на она што го втемели Фела Кути и затоа неговата музика инспирира, и има за цел да го промени и да го мотивира африканскиот народ.
Токму албумот „Африка за Африка“ зборува за лошото владеење како главен проблем во Африка. Во една изјава, пред претседателските избори во Нигерија во 2011, тој ќе каже: „Нема никаква разлика меѓу тројцата кандидати за претседателско место во Нигерија. Можеме да кажеме дека се движиме кон демократски процес и тоа веројатно е подобро од тоа да одиме во војна, но корупцијата се уште е силно распространета. Луѓето се гладни и болни… Постои лицемерна ситуација. Некои луѓе имаат оброк на маса, а не знаат дека остатокот од светот секој ден страда, нема струја, нема вода. Учениците учат за историјата на африканското ропство, но другото не е вклучено во учебниците.“

Феми Кути во Скопје ќе гостува со неговиот жбенд „Позитив форс“, со кој гостуваше и во рамките на „Скопски џез-фестивал“ во 2004 година. Овој пат ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија под отворено небо. Диригент е маестро Џијан Емин, кој се погрижи и за оркестарските аранжмани на композициите. Феми Кути годинава го издаде албумот „One People One World“.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести4 часа

Историска победа за правото на абортус во Ирска

Изборни комисии во Ирска денеска ги потврдиле резултатите од изборната анкета по референдумот во Ирска. Резултатите покажуваат голема победа на...

Свет11 час

Лидерите на двете Кореи се сретнаа на границата без претходна најава

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун и лидерот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изненадно се сретнаа во пограничниот град во...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара половина влада да поднесе оставка за неспроведување на реформите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за финансии Драган Тевдовски и за внатрешни...

Надворешна политика14 часа

Владата тврди дека мнозинството е за влез на Македонија во ЕУ, Франција и Холандија подготвиле „нон пејпер“

Мнозинството земји членки на ЕУ го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, после решавање на спорот со Грција, тврдат од...

Македонија15 часа

Кукаст крст на споменикот на Тито во Куманово, градоначалникот бара да се пронајдат сторителите

Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово....

Свет16 часа

(Фото) Нова ерупција – 10.000 метри пепел и чад од вулканот на Хаваите

Официјалните лица истакнуваат дека на Хаваите дошло до уште една ерупција на вулканот Калауеа, пришто се создал облак од чад...

Македонија16 часа

Два земјотреси синоќа во Охридско-преспанскиот регион

Серија земјотреси во охридско преспанскиот регион синоќа регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентрите на земјотресите се наоѓаат...

Надворешна политика1 ден

Ладен туш за почеток на преговорите за влез во ЕУ – „нон пејпер“ за Македонија

Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот...

Македонија1 ден

(Видео) Нимиц: Нема конечно решение за името, двете страни ќе продолжат со работа

На средбите во Њујорк не е постигнато конечно решение за спорот со името, но двете страни ќе продолжат со работа...

Македонија1 ден

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија1 ден

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија1 ден

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија2 дена

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа2 дена

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести2 дена

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести2 дена

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија2 дена

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија2 дена

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија2 дена

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет2 дена

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Досие