Контакт

Култура

Концерт на Американците од ALGIERS во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, со почеток од 21 часот, ќе се одржи долгоочекуваниот концерт на американската музичка група ALGIERS.

ALGIERS се политички освестено инди-рок трио, кое комбинира елементи на пост-панк и но вејв со блуз и госпел-музика. Нивните почетоци се во далечната 2009 година во Атланта, Џорџија, кога гитаристот Lee Tesche и басистот Ryan Mahan, и двајцата дел од градската полетна андерграунд рок и ноиз-сцена го среќаваат вокалистот и гитаристот Franklin James Fisher, чии музички корени потекнуваат од големата црнечка госпел-традиција на Југот, соул-блузот на Nina Simone и остриот фанк. Сите членови на бендот свират перкусии, клавијатури и програмираат тапани.

Триото почнува да се обидува и да свири на концерти комбинирајќи разни влијанија и вадат хибриден нивни личен звук што содржи и даб, панк и афро-фанк.

Зад себе имаат 4 студиски албуми: Algiers (2015), The Underside of Power (2017), There is no year (2020) и последниот Shook (2023) на кој како гости се појавуват Big Rube, Zack de la Rocha од култниот бенд Rage Against the Machine, billy woods, Nadah El Shazly, Lee Bains III и други.

Нивната нова музика критичарите ја опишуваат како „пркосна, жанровски сеопфатна техниколор журка на стар куќен трем во рурална Атланта“.

Како предгрупа на бендот се јавуваат Германците Left for Pleasure, дарквејв-бенд од Лајпциг со силно EBM-влијание. Нивниот звук го карактеризира темна и меланхолична атмосфера, со некој зрак на надеж. Музички со нивните настапи гледаат да создадат длабоко емотивно искуство со присутната публика.

Left for Pleasure се дел од програмата Liveurope за поддршка на млади и надоаѓачки бендови.

Концертот ќе почне во 21 часот, билетите уште се по цена од 400 денари на билетарницата на МКЦ или на онлајн-линкот на МКЦ за продажба на билети.

Најново

Свет1 минута

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија8 минути

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...

Македонија14 минути

Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните

Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем...

Македонија32 минути

Кардиолог открива како неправилното чување го уништува „течното злато“

Маслиновото масло е познато по своите корисни својства и поволното влијание врз здравјето на срцето, но начинот на кој се...

Македонија36 минути

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија46 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет9 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет10 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава11 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...