Контакт

Култура

Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ за 59. роденден на „Охридско лето“

Објавено пред

Со концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ што ќе се одржи во недела на Античкиот театар, со почеток во 21 часот, ќе биде одбележан 59. роденден на „Охридско лето“.

Директорката на фестивалот, Наташа Поповиќ, на прес-конференција, истакна дека е огромна е честа да се биде дел од тимот што го подготвува и реализира годинешново фестивалско издание и потсети дека многу луѓе оставиле свој белег на фестивалската сцена и се заслужни за успесите на „Охридско лето“ низ годините наназад.

„Повеќе од половина век оваа наша најголема музичко сценска манифестација зад себе испишува богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвните театарски креации. Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари… од сите земји во светот. Над 20 000 посетители, љубители на уметноста, од целиот свет доаѓаат да уживаат на врвните музички и театарски настани.. Тоа е доволен показател дека нудиме квалитет во градењето на успешните фестивалски изданија“, рече директорката Поповиќ.

Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов, истакна дека фестивалот претставува големо достоинство и исклучителчна културна придобивка за Охрид и Република Северна Македонија, и како што рече, со долгата традиција од 59 години, остварува универзална и благородна мисија на рамноправен натпревар на сите врвни уметнички вредности.

„На 4 август, на роденденот на фестивалот, ќе имаме чест да ги слушнеме големите светски имиња, виртуози на гитара, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. До крајот на ова, 59-то фестивалско издание остануваат уште 14 фестивалски вечери во музичкиот дел. Како и лани, и оваа година, музичкиот дел на 19 август го затвораме со македонски автор, професорот Томислав Зографски, одбележувајќи 85 години од неговото раѓање на кој ќе настапат македонски докажани солисти“, рече Ристов.

Актуелно

Град Скопје 28. пат домаќин на детскиот фолколорен фестивал „Оро без граници“

Објавено пред

Детскиот културен центар – „Карпош“, од 19 до 22 септември, 28. пат, го организира најмасовниот и најстар меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници 2019“, кој важи за симбол на пријателство меѓу децата.

Како што информираат од ДКЦ, во досегашното одржување на фестивалот Град Скопје и земајва биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца фолклористи.

„На фестивалот се поканети гости од Србија, Јагодина, Грција, Словачка и од Турција, а покрај гостите од странство, ќе учествуваат и македонски ансамбли“, се наведува во соопштението за „Оро без граници 2019“.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а фестивалот ќе го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска-Серафимовска.

Фестивалот ќе почне со најпознатите македонски игри и ора, кои ќе ги изведат членовите на игроорната секција од ДКЦ „Карпош“.

Децата игроорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и 28. пат ќе формираат едно големо оро без граници.

Покрај официјалниот дел, на странските гости ќе им бидат претставени и атрактивни локации во Скопје: Зоолошката градина, Музејот на илузиите, Старата скопска чаршија и знаменитостите на градот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

„Несоодветно за на работа“ и настап на „Тајгер лилис“ на петочната програма на МОТ

Објавено пред

Програмата на 44. издание на Млад отворен театар (МОТ) за петок (20 септември) продолжува на сцената на Драмски театар со претставата „Несоодветно за на работа“.

Светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет ја поставува „Несоодветно за на работа“ по текст на Луси Кирквуд.

„Низ серија екстремно луцидни и, за жал, на повеќето од нас толку познати и блиски сцени од корпоративното, во случајов, медиумско секојдневие, во ‘Несоодветно за на работа’, Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество, прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација, која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Како и вообичаено, и самите жени често се покорни или амбициозни соучеснички во борбата, чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена“, се вели во најавата за претставата.

Во склоп на придружната програма на МОТ со почеток од 22 часот во МКЦ ќе настапат култните The Tiger Lillies кои за првпат доаѓаат во Скопје.

„За ова посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот, номинираните за Греми, ‘кумови’ на алтернативното кабаре – The Tiger Lillies ќе настапат со новиот албум. Нивниот свет е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Музиката што ја произведуваат е мешавина од предвоено берлинско кабаре, анархична опера и ромска музика, повторувајќи ги гласовите на Бертолт Брехт и Жак Брел“, наглсуваат од организацијата на МОТ.

Прикажи повеќе...

Култура

Јоргос Арванитис, лауреатот на „Браќа Манаки“, одржа мастер-клас

Објавено пред

Јоргос Арванитис, лауреатот на „Браќа Манаки“, кој вчера пристигна во Битола, одржа мастер-клас. „Кога си млад и ентузијаст, ги преземаш ризиците“, порача мајсторот на европската кинематографија.

Грчкиот кинематографер со култен статус во Европа и светот и со речиси 150 наслови во својата кариера, ужива посебен статус на своевиден родоначалник на арт-филмот во Грција и Европа. Арванитис е роден во едно грчко село во 1941 година, во мрачните денови на Втората светска војна. По разурнувањата во војната, неговото семејство се преселило кај роднини што имале млекарница, па Јоргос како петгодишно дете наутро разнесувал млеко, а попладне одел на училиште. Школувањето го продолжил учејќи за електричар, а првпат отишол во кино на 15-годишна возраст.

Првиот контакт со професионалниот филм му било кога во соседството се снимал некој филм, па Јоргос го замолил кинооператорот од локалното кино да му помогне да работи нешто на сетот. Најмногу бил фасциниран од камерата и вели дека за тогашните деца камерманите биле вистински богови.

„Најдов една црно-бела лента и со помош на две светла го снимив мојот прв филм. Филмот го прикажав во киното и добив понуда да бидам асистент на камера. Следните пет години бев асистент на камера“, се присети Арванитис на својата младешка фасцинација со филмот.

На млада возраст го снимил својот прв филм како снимател, а иако не одел во филмско училиште, го почитувал советот на постариот камерман да гледа и да памети сè на снимањата бидејќи само така може да стекне поголеми знаења.

Пресврт во неговиот живот било кога го сретнал неколку години постариот Тео Ангелопулос, кој во почетокот на 60-тите години се вратил од Франција. Модераторот Масимо Леки забележа дека е необичен спојот на Ангелопулос, кој бил марксистички настроен филмски критичар, и самоукиот кинематографер Арванитис, кој научил сè за камерата снимајќи филмови.

„Заедно со пријателите снимавме некои кратки филмови помагајќи си еден на друг. Еден ден дојде Ангелопулос со негово сценарио. Го прочитав и сфатив дека во него лежи филм. По 33 дена и со четворица актери, од кои само еден беше професионален, го завршивме филмот“, раскажува Арванитис.

Арванитис потенцира дека во пионерските денови на неговата кариера бил голем ентузијаст и ги презел ризиците. Леки, пак, забележа дека уште во првите заеднички дела на Арванитис и Ангелопулос се гледаат пејзажите од Грција, кои ќе бидат доминантни во целиот опус на Ангелопулос.

„Имав проблем со Ангелопулос бидејќи тој во неговите филмови постојано ја избираше истата локација – Воден (Лерин)“, вели Арванитис.

Пресвртна точка во интернационализирање на нивните кариери е филмот „Пејзажи во магла“ од 1980 година, а нивниот последен заеднички филм е „Вечност и еден ден“ од 1998 година. Тој филм беше овенчан со „Златна палма“ во Кан.

Веќе вториот заеднички филм „Деновите од 1936“ е снимен во боја. Во тој период Арванитис бил вработен во едно филмско студио, а секој ден во попладневните и вечерните часови работел со Ангелопулос. Од филтрите што отпаѓале поради неадекватната боја во процесот на снимање филмови во студиото, со Ангелопулос го снимиле нивниот втор филм. Кога требало да снима комедија, Арванитис си дал отказ и ја продолжил кариерата како слободен уметник. Другото е подобриот дел на историјата на грчкиот и европскиот филм од 60-тите години до денес.

Во тој период со Грција владеела воената хунта, па Арванитис раскажуваше анегдоти како ја избегнувале цензурата за левичарските арт-филмови што ги снимале со Ангелопулос.

Раскажувајќи за своето професорско искуство на филмската академија „Фемис“ во Париз, Арванитис потенцира дека може да се направи добра сцена со малку светло и многу организација.

Тоа е и неговото кредо. Арванитис потсети на значењето на зборот фотографија, кој значи пишување со светлина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ44 минути

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија1 час

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет3 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет3 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет3 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа16 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет17 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија23 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија23 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија24 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион24 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија1 ден

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Досие